Го претставуваме видеото чија намера е да го промовира новиот вебсајт посветен на уметноста на Жарко Башески. Тимот позади овој проект е составен од Кројан Бојан (концепт и замисла), Илија Димкоски (уметнички директор), Марио Петковски (директор на фотографија) и Даниел Кочоски (изработка на тетоважа).

Интернетот е место каде уметникот има постојана поставка. Неговиот веб-сајт е изложба која нема почеток, ниту крај. Тука, вратите до неговите дела се постојано отворени. Тука, публиката доаѓа кога сака. И ретко е во одело, почесто е во пижами. Тука, публиката е опуштена да разгледа, да размисли, и вистински да го цени она што смета дека е вредно. Тука, уметникот треба точно и прецизно да раскаже за своите дела и за себе. Затоа, уметникот е должен да се грижи и за дигиталниот живот на своите дела! (Илија Димкоски)

Идејата е да се промовира македонската современа, во случајов концептуална уметност.

Жарко Башески е роден во 1957 во Прилеп. Тој е македонски скулптор и професор на Ликовната Академија во Скопје. Темата во неговите дела е свртена кон човекот – интересот за хипер-реалистичниот пристап е животот и светот во кој живееме. Во неговото делување има неколку елементи кои се нови во светот на скулптурата и тие ги прават неговите дела различни и уникатни: концептот, современите гледишта на човечката состојба преку себе-опсервација, техничката продукција и употреба на нови материјали: полиестер, полимермер силикон и природна коса. Хипер-реалистичната естетика, големината на делата, филозофскиот пристап – со ваквиот компакт на решенија, имаме повеќеслојно читање на уметноста на Башески.

zharkobasheski.com

Човекот на Башески е во константна борба да ја скрши својата граница, виси над амбисот на непознатото, држејќи се за невидливото јаже на реалноста со своите заби; човекот на Башески е акробат, џоглер – кои оди по тенко јаже низ универзумот. Константото стремење кон перфекционизам, поместување на граници, издвојување од реалноста, дофаќање на недофатливото- суштината на човековото битисување се постојаните теми во делата на Жарко Башески. Симболично, тој ја рекреира и реафирмира драмата на човековото постоење, соочување со ужасот на темнината околу и во нас, нашите лични ограничувања, како и нашата детерминираност да одиме преку нашите ограничувања, да излеземе од другата страна на хоризонтот – како луѓе кои ќе донесат светлина во темнината во и околу нас. Овие скулптури не ја претставуваат само невротичноста, болката, бесцелноста и патосот- туку и славата и сјајот во обидот да се биде човек. (Емил Алексиев, есеј)

http://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/06/zarko-basheski-hiper-realist-featured-1024x576.jpghttp://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/06/zarko-basheski-hiper-realist-featured-150x150.jpgИвана СмилевскаВизуелновизуелна уметност,концептуална уметност,култура,македонска сцена,постмодернизам,скулптура,уметници,уметност,филозофија,химер-реализамГо претставуваме видеото чија намера е да го промовира новиот вебсајт посветен на уметноста на Жарко Башески. Тимот позади овој проект е составен од Кројан Бојан (концепт и замисла), Илија Димкоски (уметнички директор), Марио Петковски (директор на фотографија) и Даниел Кочоски (изработка на тетоважа).Интернетот е место каде уметникот има...Нова мисла на пресушената почва.