„Во што се разликува еднa провинцијалка од една Москвичка*? Усрдност – ревносна трудољубивост, устременост – постојана посветеност, воља за преживување – таа не сака да се врати назад, ќе ја завземи секоја можност, ќе прифати секаква работа.“

(official trailer Provincial Girls 2.0)

Тоа се зборови на една руска провинцијалка. Феноменот на провинциски девојки кои доаѓаат во Москва „да успеат или да умрат“ е длабоко вткаен во руската поп-култура. Се манифестира во филмовите, литературата и популарната музика. И во вистинскиот живот, овие девојки навистина се енергични, амбициозни и наоружани со инстинките за преживување. Како да следите силни филмски ликови.

Во 1994 Татјана Божиќ (Tatjana Bozic) и Франк Милер (Frank Müller) го создаваат Провинцијалки (Provincial Girls) како дипломски труд на Московската Филмска Школа. Во стил на хектична монтажа, 35 мм филм портретира три девојки кои во екот на руската шок-транзиција од рудиментирани форми на комунизам преминува во суров капитализам:

[видео поема]провинцијалки(Даша/Дарија Асламова)
провинцијалки: Даша/Дарија Асламова

Раушан од Казахстан – да се пробие во виокото опшество свесно бивајќи спонзоруша

Марјана од Крим – со желба да стане балерина

Даша/Дарья Асламова – пионерка на и во жолтиот печат и новите видови медиуми по Студената војна.

Документарниот филм добива награда за најдобар руски документарец за годината 1995. Имал фестивалски представувања низ Европа и бил емитуван бројни пати на Руската Национална Телевизија.

Денес, по 20 години, режисерскиот тим сака да направи нови провинцијалки (Провинцијалки 2.0) во стариот сангвинички град. Со следењето на неколку нови девојки во решавачки моменти од нивните животи, ги посетуваме сарите хероини.

Москва проголтува илјадници млади и амбициозни жени секоја година. Ова е креативен документарен филм кој преку приказна-сложувалка ја раскажува големата приказната за руската женскост, соништа и преживување, ставени наспроти позадината на злогласниот метрополис. Портретирајќи неколку руски жени на возраст од 18 до 45, документарецот гради продлабочена приказна за типичниот животен циклус на провинцијалките кои дошле да ја покорат Москва. [1]

[видео поема]провинцијалки 2.0
[видео поема]провинцијалки 2.0

Со оваа наша [ВИДЕО ПОЕМА] не целиме кој социо-културно ангажирање при критичка анализа на документарниот филм или причини кои доведуваат до миграциите и антагонизмите дојденец-староседелец, туку погледот го свртуваме кон нарацијата и нејзиното природно доживување. Провинцијалките веќе пристигнаа во големиот град. Ова се нивните приказни.

[ВИДЕО ПОЕМА 1] Nastya Musya, 2015

Јас мислам дека Москва всушност никого не прима, таа и не задржува никого. Филозофијата на овај град за мене е проста: ако знаеш како да ги користиш можностите и да не те загрижува разочарување, ќе се вклошиш во целото. Во спротивност, на твоето лице ќе се опишува збунетост, болка, осаменост. Често во метро забележувам такви луѓе – обични работници, „микро-мравки“, во нивните очи – вознемирувачка досада. Јас не ја завземав Москва, јас се вљубив во неа.

Брзо се навикнав на неа, на секоја нејзина улица. Тука се чувствувам слободна. Овај град е вдахнат со специфична атмосфера, енергија и моќ – тој е оживеан. Ритамот на градот, стана мој ритам. И таа динамика ме привлекува. Москва ми ги отвори очите кон реалноста, дека детските фантазии и кристални замоци еден ден ќе се срушат. Таа ми даде шанса за почеток. Тука мора да живееме различно, да размислуваме различно, , и несомнено се променив. И во родниот град нема да се вратам јас, туку некоја друга личност. Сé уште не ми се откровило што треба да ú жртвувам на Москва. Не знам како ќе му бидам полезна на мегаполисот. Но тоа ќе се случи токму во моментот кога ќе речам: „овој град мене силно ме измени и сега јас сум на ред да принесам нешто“.

Кога ќе се почувствувам осамена, знам да се заровам во аголот на некое кафуле, во ќоше каде никој не може да ми пријди. Понекогаш седнувам во метрото и само патувам некаде, без план, просто некаде се возам.

(Videopoem told by Nastya Musya)

[ВИДЕО ПОЕМА 2] Маријана, 1994

Здраво, тоа сум јас, Маријана, јас дојдов од сончевиот Евпатори на Крим. Имам дваесет. Имам мајка, сестра, таткото на сестра ми и куче. Кога бев малечка сонував да постанам убав пастув. Дјдов во Москва пред две години да студирам. Имам зелени очи. Москва ја познавам од детството.

Пристигнав во утрото, беше пренаселено и валкано. Моја најголема желба е да има мир во светот, сите луѓе да бидат среќни. Успех и богатсво јас можам сама да си створам, но да ги направам сите среќни и да има мир во светот, тоа не е во моја моќ. Серјожа е мој пријател и љубена личност. Мислам дека се ќе испадни добро за нас. Јас сакам разна музика, посебно Мадона. Потребно ми секогаш да се чувствувам слободна. Сакам да се носам како блондинка.

Отидов да работам во железарата за да добијам градска дозвола. Наутро сакам да пијам чај со мед или со џем и јадам омлет, јогурт. Омилена емисија ми е „Сам свој газда“. Градската дозвола ми обезбеди да се запишам на Институт. Не планирам да одам дома сега. Таму нема работа за мене. Не мислам дека сум типична провинцијалка. Серјожа учи за правник. Татјана и Франк ме снимаа на хиподромот бидејќи ги љубам коњите. Моите родители се загрижени за моето заминување во Јапонија со танцот. Но, мислам дека тоа ќе ми даде правилна насока во мојата професија. Ќе запознам нова земја, ќе заработам многу пари, и нема да морам да работам повеќе во железарата. Сакам да се занимавам со танц.

Често се присетувам на моето детство, на мојот град, морето и лебедите. Не се наоѓам себеси како „трагична личност“. Јас не се плашам за патот во Јапонија. Ќе биде многу интересно. Предходната врска не ми заврши среќно. Но сега го имам Серјожа. Мислам дека патувањето во Јапонија многу ќе промени во мојот живот. Но главно е тоа, јас да останам иста: добра, искрена, весела.

(Marianna’s story, an excerpt from the movie Provincial Girls from 1995)

 

*Москвичка/Москвич – колоквијален назив за луѓето родени и израснати во руската престолнина. Синоним за префинетост, космополитски и „градски“ дух.

[1] Види: Plot Outline и официјална фб страна за Провинцијалки 2.0

Користени слики и видео материјали – Продуцентска куќа Doppelplusultra

http://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2018/01/998982_748160535200720_1944581456_n.pnghttp://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2018/01/998982_748160535200720_1944581456_n-150x150.pngИвана ХаџиевскадокуЛокум - кратко. слатко. онтолошки.Филмдокументарен филм,документаристика,жени,живот,Источна Европа,пост-социјализам„Во што се разликува еднa провинцијалка од една Москвичка*? Усрдност – ревносна трудољубивост, устременост – постојана посветеност, воља за преживување – таа не сака да се врати назад, ќе ја завземи секоја можност, ќе прифати секаква работа.“(official trailer Provincial Girls 2.0) Тоа се зборови на една руска провинцијалка. Феноменот на...Нова мисла на пресушената почва.