Преку поезијата во нашата денешна литературна манџа, запознајте се со Вања Таневски. Ако ви се допаѓаат стихови со нијанси на мрачен романтизам, посетете го неговиот блог или фејсбук страна.

Одаја за сонување

 Се наведна да чуеш
ова е одаја за сонување
постелата негова
растенија се вдомина
рацете и нозете негови
му ги завиткаа лисја
ликата негова му е
ко кората на дрвјата
брадата и косата мов
се сторија

Сонот сакаш да заврши,
или реалноста да почне?

Во мојот сон
секогаш на местово се враќам

Уште колку ли, о, векови ќе минат
за одајава да ја отклучиш?


Сонувачот се буди

Судбината те оставила во моите раце
отчукувања
повик што го слушам
срамот што ја јаде оваа душа!

Голем и чуден бил животов

И ќе зачекорам
во снегот водечка трага не ќе има…
Каква и иднината да биде
не кажувај ја тајната моја

Сонувачот се буди и сега
чекори во својата одаја…


Твоите очи

 Заедно, прегрнати од темнината
ние стоиме на карпата
ги гледаме ѕвездите
ние сме заборавени од светот
ние гледаме преку нивните лаги
и играме со наши сопствени правила
повторно гледајќи го цветот што умира
го имам видено ова многу пати
не, ова е исклучок
некоја насмевка што не е злобна
убавина донесена од друг свет
чекајќи да биде вкусена
секој почеток е убав
но што ќе биде потоа?
кожата е толку мека
но што се крие внатре?
Што се крие долу, длабоко во темнината
има ли збор што може да го опише?
или само вечна тишина?
Во која никогаш нема да пресече некој глас?
умирајќи еден за друг
барајќи уште еден краен бакнеж
Обидувајќи се да го задржиш уште малку подолго
но канџите на смртта стануваат посилни
ако никогаш ти немам кажано
дека те сакав
знам дека не морам да го кажам тоа сега
уште едно нешто, твоите очи
сакам да бидат последните што ќе ги видам

 Ослободување (од Сирената во твојата глава, part 2)

Ослободување

Преплетени, прецртани
одново повторени
никогаш недоречени
пак излажани?
На ѕидот запишани
и од домот свој истерани
тие во нас, ние во нив
ако биле речени,
те поместиле ли во сонот?

Да се искажат,
а никогаш недоречени…

 
 *Слики – Reima Nevalainen
http://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/09/25-Needles-II.pnghttp://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/09/25-Needles-II-150x150.pnganonimenадмински пост - литературна манџаОстанатокнижевност,македонија,македонски автори,поезијаПреку поезијата во нашата денешна литературна манџа, запознајте се со Вања Таневски. Ако ви се допаѓаат стихови со нијанси на мрачен романтизам, посетете го неговиот блог или фејсбук страна.Одаја за сонување  Се наведна да чуеш ова е одаја за сонување постелата негова растенија се вдомина рацете и нозете негови му ги завиткаа лисја ликата негова му...Нова мисла на пресушената почва.