Планктон е име за ситните микроскопски растителни и животински организми кои лебдат во морето или во копнените води. Во планктонски организми спаѓаат оние форми кои пасивно пловат со помош на водната струја.

Слично и музиката на македонскиот сурф рок бенд – The Planktons плови низ македонската алтернативна сцена суптилно и ненаметливо, привлекувајќи со својот звук.

Бендот, во состав Марко Трендафиловски – тапани, Кристијан Караџовскигитара и Дарко Поповскибас, пред извесно време издаде нов сингл, наречен Сон.

Сон ќе биде дел од нивниот нов албум Денес. За оние кои се веќе запознаени со нивното творештво, ова е одлично надополнување и проширување на нивната музичка идеја, за оние кои прв пат ги запознаваат, Сон е одлична дефиниција и опис на нивниот стил. Во очекување на повеќе новости за албумот и сите останати активности, ги следиме на нивната официјална страна The Planktons, на нивниот bandcamp профил, а ги визуелизираме и уживаме во нивната музика на youtube.

http://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2018/02/the-planktons-1024x576.jpghttp://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2018/02/the-planktons-150x150.jpgpirejМузикаНекатегоризиранокултура,македонија,македонска сцена,сурф рок,уметници Планктон е име за ситните микроскопски растителни и животински организми кои лебдат во морето или во копнените води. Во планктонски организми спаѓаат оние форми кои пасивно пловат со помош на водната струја.Слично и музиката на македонскиот сурф рок бенд - The Planktons плови низ македонската алтернативна сцена суптилно и ненаметливо, привлекувајќи со својот звук. Бендот, во состав Марко Трендафиловски - тапани, Кристијан...Нова мисла на пресушената почва.