Домашната музичка сцена доби потенцијален летен хит односно ГРАДИШТЕ на BON PRASKIZA & DONPLAYA. Летниот и опуштениот vibe на траката која доаѓа од ова трап дуо ја доловува атмосферата на оваа охридска плажа која е кул прибежиште од горештините, а воедно и место кај што се случуваат голем број журки и забави.

ГРАДИШТЕ е воедно и најава за четвртата по ред забава од серијалот на TRAP DA FUCK UP, која ќе се одржи на 29 јули [сабота] на плажата ОРЕВЧЕ [ГРАДИШТЕ 4].

Следнaтa #TrapDaFuckUp окупација го содржи следниов LINE-UP:

– BASS INFUSION
– IRIE SCRATCH
– BLCK LGHT CNDLS [Canada]
– DRUGGY
– DJ NEOX
+ Donplaya & LEDENI (Slovenia) LIVE

Овој пат, покрај вообичаената TDFU екипа, гости на вечерта се BLCK LGHT CNDLS директно од Торонто, како и словенскиот трап лорд LEDENI кој ќе настапи заедно со DONPLAYA.

http://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/07/pirej-1024x576.jpghttp://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/07/pirej-150x150.jpgИвана СмилевскаМузикаОстанатомакедонска сцена,трапДомашната музичка сцена доби потенцијален летен хит односно ГРАДИШТЕ на BON PRASKIZA & DONPLAYA. Летниот и опуштениот vibe на траката која доаѓа од ова трап дуо ја доловува атмосферата на оваа охридска плажа која е кул прибежиште од горештините, а воедно и место кај што се случуваат голем број...Нова мисла на пресушената почва.