Замислете нешто вакво: дистопија, видео игра и Тарантино во едно. SUPERHOT е една од подобрите игри која излезе во 2016, токму поради овие карактеристики. Играта нуди еден филозофски пристап кон дистопијата како политички апстракт преку градењето на карактерот кој го претставува играчот.

SUPERHOT започува со чет кој е во естетиката на раниот интернет. Разговорот кој започнува како допишување меѓу двајца пријатели во текот на играта станува луциден и збунувачки, правејќи дисторзирана верзија на компјутерската реалност.  Низ нивоата, менито на играта се надоградува и добива форма на лавиринт со многу загатки и ќор-сокаци, за некаде во средината да има пресврт и да сфатиме дека од почетокот сме се допишувале со самиот систем во кој постоиме. И погодете што? Системот веќе не дозволува да влеземе во него.

Самиот играч е принуден да ја исклучи играта и после второто пуштање приказната продолжува, но со нов тек. Она што на почетокот беше без сценарио, без цел – само убивање црвени ликови станува еден комплексен систем кој дава наредби и бара потчинетост. Тогаш, играчот сфаќа дека и тој е само glitch во системот, како и противниците – луѓе без својства и идентитет.

Вака конструираната повеќеслојност на играта, пoкренува дискусија за слободата на индивидуата и како таа е контролирана. Се чини дека излезот кој во еден момент станува цел на играта, не носи промена, туку истиот ја губи смислата и се враќа кон првичната шема: без сценарио, без цел – само убивање црвени ликови.

Gameplay-от e доста забавен, а за тоа особено придонесува течењето на времето кое е синхронизирано со движењата на карактерот. Ова значи дека доколку карактерот стои во место, времето е замрзнато, а доколку тој се помрдне времето тече со нормална брзина.

Ова дава многу добра механика и флуидност на целата игра. Менито кое изгледа како DOS (Disk Operating System) на CRT монитор кое подоцна се интегрира со целокупниот тек на играта и се користи за пристап до различни програми и до самиот чет каде што играчот комуницира со системот. Додека играте имате едно уникатно искуство во кое целосно се внесувате. Графиката е минималистичка, со ахроматска палета на тонови, кои се спротивставуваат на црвената боја, искористена за карактерите во играта кои се апстрактни. Физиката во играта е како и во повеќето FPS игри, со дополнителен ефект на bullet time. Оружјата имаат ограничено користење, затоа константно се барат нови оружја и поради тоа потребно е од играчот добро да ги контролира своите движења.

Понатаму карактерот добива моќ да се префрли во друго тело што додава на динамиката на играта. По завршувањето на кампањата, се отклучуваат нови предизвици и endless мод.

SUPERHOT е игра која се поминува за 2-3 часа и за разлика од другите игри од овој тип, таа е прилично кратка. Со одличнaта графика и политичката ангажираност, отвори ново поле на разгледување на видеоигрите. Преку #killstagram и #superhot твитер таговите се споделуваат кратки видеа од вашите вешто поминати нивоа, овојпат со реален тек на времето. 

За повеќе информации посетете ја официјалната страница на SUPERHOT (https://superhotgame.com/) и доколку сакате погледнете го трејлерот од играта подолу.

http://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/03/Screenshot_1-1024x576.jpghttp://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/03/Screenshot_1-150x150.jpgWhite RabbitRed Pillgamejam,видео игри,гејминг,графика,критика,матрикс,ревизија,систем,слобода,сценариоЗамислете нешто вакво: дистопија, видео игра и Тарантино во едно. SUPERHOT е една од подобрите игри која излезе во 2016, токму поради овие карактеристики. Играта нуди еден филозофски пристап кон дистопијата како политички апстракт преку градењето на карактерот кој го претставува играчот.SUPERHOT започува со чет кој е во естетиката на раниот интернет....Нова мисла на пресушената почва.