Уште од почетокот на времето, човечките суштества копнееле по својата друга половина, која им недостасувала за да бидат целосни. Во дијалогот на Платон (Симпозиум), Аристофан го раскажува митот кој ја објаснува причината за чувството на нецелосност и потребата од друга половина. Според ова луѓето не биле секогаш како што сме ние денес. Приказната раскажува дека кога луѓето биле создадени, тие имале четири нозе, четири раце, едно кружно тело и една глава со две лица свртени на различна страна. Тогаш имало три полови, првите имале две машки тела и биле деца на сонцето, вторите имале две женски тела и биле деца на земјата, а третите имале едно машко тело и едно женско тело и биле деца на месечината. Ваквите луѓе, совршени во своето единство ги заплашувале боговите и нивното место на Олимп. Затоа, Зевс ги казнува со тоа што сите ги сече на два дела. Од оваа поделба, па до ден денес луѓето го поминуваат својот живот барајќи ја својата друга половина, делот кој недостасува, за кога ќе ја најдат да живеат во хармонија и љубов како целосни суштества.

Откако ќе ја слушнете оваа приказна најчесто сте оставени со две опции, да верувате во постоењето на сродни души или едноставно да прифатите дека некои работи добро звучат, но не можат секогаш да се поврзат со нашата, денешна реалност.  Можеби затоа и науката ги вплеткала своите прсти во оваа комплексна тема која очигледно го мачи човештвото од неговите почетоци.

Идеата е со помош на различни тестови кои подразбираат анализирање на биокомпатибилност, неурокомпатибилност и психолошка компатибилност да се дојде до поголемо разбирање на односите помеѓу луѓето. Новите истражувања на ДНК-та овозможија развивање на метод кој може да ја одреди компатибилноста во релациите помеѓу луѓето комбинирајќи генетика и психологија. Ваквите тестови ја покажуваат предодреденоста за успех на одредени релации, пријателски или љубовни и може да дадат значителен придонес во разбирањето на истите.

Во едно истражување водено од Dr. Claus Wedekind на Универзитетот Lausanne, Швајцарија во 1995, било побарано од група жени да помирисаат маици носени од мажи и да ги оценат. Жените повторливо ги избирале маиците на мажите со HLA гени различни од нивните како попривлечни. После оваа публикација, многу други истражувања потврдиле дека 40% од физичката привлечност може да се одреди преку нашите гени. Биолошката компатибилност е форма на генетска компатибилност помеѓу луѓето. Токму поради ова, физичката привлечност на луѓето со различни имунолошки системи е поголема.

Неурокомпатибилноста зависи од неколку главни хормони: серотонин, кој игра важна улога во емотивните односи, окситоцин, кој влијае на емпатијата и справувањето со стресот и допамин.

Психолошката компатибилност за своја цел има да ја определи успешноста во комуникацијата помеѓу партнерите. Комбинирани овие тестови заедно може да ја проверат успешноста на една врска помеѓу двајца луѓе.

Простор за скептичност во сето ова секако има. Сепак, мислам дека не треба да се исклучи можноста потрагата по сродна душа во иднина да заземе сличен облик. Можеби излегува од рамката на конвенционалните љубовни приказни кои вклучуваат стаклени чевлички, балови, витези и принцези заробени во кули, но тоа не е доволна причина за идејата целосно да се отфрли.

Ако сакате да дознаете повеќе – тука.

http://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/06/featured-1024x576.jpghttp://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/06/featured-150x150.jpgWhite RabbitRed Pillљубов,генетика,наука,психологија,филозофијаУште од почетокот на времето, човечките суштества копнееле по својата друга половина, која им недостасувала за да бидат целосни. Во дијалогот на Платон (Симпозиум), Аристофан го раскажува митот кој ја објаснува причината за чувството на нецелосност и потребата од друга половина. Според ова луѓето не биле секогаш како што сме ние...Нова мисла на пресушената почва.