#ПОТкаст е аудио-подкаст во кој Димитар и Кирил зборуваат за музика, спорт како и останати теми кои ќе варираат во зависност од моменталните случувања во градов и пошироко. Со тотално субјективниот пристап водителите се трудат да го задржат вниманието на сите оние кои ќе ја пуштат епизодата. ПОТкаст е поделен на три сегменти и секој од нив трае по 20-на минути, а помеѓу секој од сегментите има песна која претставува мала пауза.
Во првата, премиерна епизода ќе можете да слушнете опширни критики за албумот на JAY-Z – 4:44 како и за албумот на VINCE STAPLES – BIG FISH THEORY. Останатиот дел од музичкиот сегмент од подкастот е надополнет со муабет за албумите кои излегоа во изминатиот месец, од SZA – CTRL преку BROCKHAMPTON – SATURATION па се до новите песни на TYLER, THE CREATOR. На крајот на музичкиот дел се зборува за домашната музичка сцена и новата песна на FOLTZ – ПЛАНОВИ.
Вториот сегмент од #ПОТкаст е резервиран за спортските случувања од почетокот на летото. Детално и нашироко е оценет НБА драфтот со потенцирање кои тимови излегоа како победници а кои како губитници. Потоа разговорот продолжува кон free agency периодот од НБА календарот каде што Кирил и Димитар искажуваат мислење за првите размени на играчи кои се случија летово, како и првите слободни агенти кои од наредната сезона ќе бидат видени во нови клубови.
Последниот сегмент од првата епизода ги опфаќа сите случувања кои не очекуваат во месец јули. Најпрво двајцата водители споделуваат мислења за филмовите кои доаѓаат во кино-салите месецов, разговараат за кои филмови се возбудени, кои филмови највеќе ги очекуваат и ја критикуваат на идејата која стои позади THE EMOJI MOVIE. Потоа темата се префрла кон музичките фестивали кои ќе се случуваат во периодот пред нас. Почнувајќи од EXIT FESTIVAL и неговиот lineup, полека разговорот се носи кон Д ФЕСТ и тоа што не очекува таму за на крај за се заврши со споделување на импресии од одличниот lineup на овогодинешниот SZIGET FEST.
Доколку ви се допаѓа првата епизода, имаме добри вести за вас. Нови епизоди од ПОТкаст ќе излегуваат секоја втора недела во 20:00 часот.

Слушнете ја првата епизода тука.

Бидете така и конзумирајте #ПОТкаст.

http://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/07/ajde-1024x576.jpghttp://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/07/ajde-150x150.jpgИвана СмилевскаОстанатомакедонска сцена,поезија,рап,уметници#ПОТкаст е аудио-подкаст во кој Димитар и Кирил зборуваат за музика, спорт како и останати теми кои ќе варираат во зависност од моменталните случувања во градов и пошироко. Со тотално субјективниот пристап водителите се трудат да го задржат вниманието на сите оние кои ќе ја пуштат епизодата. ПОТкаст е...Нова мисла на пресушената почва.