Севда Ализаде, која настапува под псевдонимот SEVDALIZA, е холандско-иранска пејачка и текстописец. Досега има издадено две EPs: The Suspended Kid и Children of Silk (2015). Во 2017, таа го привлече вниманието со издавањето на синглот HUMAN со кој го најави својот прв студиски албум. Во јануари, годинава, како вид на протест против  Executive Order 13769 (одлука со која се забранува влез во САД за жителите од повеќе источни земји), а воедно и емпатија кон емигрантите, го издава синглот BEBIN, песна напишана на Farsi (дијалект кои го зборуваат малцинствата во Иран).  HERO е најновото музичко остварување на SEVDALIZA, песна која се наоѓа на нејзиниот прв студиски албум ISON, чија промоција е закажана за 2017.

Музиката на SEVDALIZA е мешавина од жанрови; фузија на future pop, neo-soul, minimalism и alternative R&B, но нејзиното поигрување не завршува тука, секоја нејзина песна е приказна сама по себе – таа експериментира со класичната музика, new-wave рапот, а влијание има и од нејзините ирански корени.
Амбиенталните и експерименталните тонови одлично се согласуваат со темната и романтичарска естетика и поетичноста во нејзините текстови.

Музичкиот израз на SEVDALIZA е спиритуален и емотивен; истовремено е нежна и ранлива, но и сурова и критична. Движејќи се нив овој дуализам, таа врши субјективно раслојување, говорејќи за идентитетот, сексуалноста, феминизимот, капитализмот – ентитетот наспроти пазарот и флуидноста на личноста како карактеристика која е потребна за преживување во динамиката на сегашниот Zeitgeist. Истовремено, текстовите се емотивни, па така Ализаде преку стиховите исполнети со покајување, љубов, емпатија, носталгија и осаменост, на горенаведените теми им дава поинаква димензија, правејќи ги истите мали музички исповеди кои воопшто не се субјективни, туку функционираат со слушателите бидејќи станува збор за оние внатрешни монолози кои секој од нас ги води самиот со себе.

Неможноста лесно да се пронајдеме и потребата за припаѓање наспроти вечната присутност и валидацијата присутна во дигиталната ера е најглавната суштина во музичкиот свет на Севда Ализаде, па оттаму доаѓа причината за нејзината визуелна естетика – видеоспотови изработени во 3D дигитална уметност. Во соработка со музичкиот продуцент Mucky и експерименталните CGI уметници Pussykrew, таа ги визуелизира своите мисли во апстрактот на спотот за That other girl,

за подоцна да направи еволуција на својата естетика во спотот за песната Marilyn Monroe, баладата која зборува за личноста позади фасадата на познатиот секс- симбол. Спотот во режија на визуелниот уметник Hirad Sab, ја претставува SEV како киборг, сугестирајќи на подвоеноста со која сите се соочуваме – кршливото јас / извештачената проекција на нашата личност пред светот.

Нејзиниот прв студиски албум ISON, е издаден на 26 април оваа година и е спој на сите нејзини досегашни интереси: трип-хоп во кохезија со шеќерна мелодичност и андрогина модерна визуелизација.

„Песните рефлектираат многу стравови, а истовремено и работи кои ги чувствуваме како вечно повторливи: искуствата и нашето созревањe.“

 изјави SEVDALIZA за магазинот FADER.

Живеејќи долго време под товарот на  етикетата емигрант – SEVDALIZA својот “дом” го наоѓа во музиката – таа за неа претставува медиум преку кој конечно може да се запознае и оформи како личност. Токму поради тоа интимноста е важен елемент кој се содржи во музиката на Севда(х), па затоа нејзината музика е совршениот саундтрак за себеоткривање.

http://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/04/525595285-1024x576.jpghttp://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/04/525595285-150x150.jpgИвана СмилевскаМузикању вејв,визуелна уметност,експериментално,жени,критика,поезија,феминизамСевда Ализаде, која настапува под псевдонимот SEVDALIZA, е холандско-иранска пејачка и текстописец. Досега има издадено две EPs: The Suspended Kid и Children of Silk (2015). Во 2017, таа го привлече вниманието со издавањето на синглот HUMAN со кој го најави својот прв студиски албум. Во јануари, годинава, како вид на протест...Нова мисла на пресушената почва.