Michelle Maguire е фотографот кој стои позади низата фотографии кои се дел од книгата „Salami Dreamin’“. Оваа книга се состои од рачно печатени портрети на женски лик односно нејзината забавна и ексцентрична  тетка со италијанско-американско потекло Doll. Фотографиите се во комбинација со шарени анегдоти, напишани од сопругот на Michelle , Aaron Beck. Книгата веќе создава  фан база „Aunt Doll“  и можеби тоа ќе ја импресионира старата дама.

Фотографката отсекогаш го документирала семејството мирно стоејќи зад објективот. Откако починал нејзиниот татко, таа почнала да поминува повеќе време со тетка Doll, која била најдобриот лек за нејзината тага. Во тоа време таа собирала материјал и така ја создава неверојатната колекција која дава совршена слика за 84 годишната тетка. Таа не се ни обидува да биде комична, таа едноставно е.

Рачно печатените портрети во книгата се создадени со користење на letterpress, литографија и silkscreen техники. Со отстранување на деталите, секоја слика ја центрира Doll со видлив „I don’t care“ став, on-point моден стил и голема љубов кон храната која е всушност суштината на приказната на Doll.

„Многу луѓе гледаат слики од нејзината убава седа коса и мислат дека таа е слатка стара дама, но нема ништо премногу слатко во врска со неа.“

Ја создава оваа личност со прекрасни графички интерпретации на нејзините оригинални фотографии. На секоја фотографија ја гледаме агресивно безгрижната природа која прави совршена целина за Doll. Нема многу примери на луѓе кои се одлучуваат да направат ваков тип на книга. Преку 68 страници се раскажува една амбициозна и едноставна приказна. Ова не е книга со обични фотографии, идејата е да се насети поп арт моментот во секоја од нив. Тотално губење на умот низ бескрајните можности.

Како инспирација за ваков тип на книга, авторката вели дека тетка Doll отсекогаш била фасцинантен лик во нејзиното семејство. Така дружејќи се со неа, авторката постојано ја фотографирала до степен на досада.

„Таа не е срамежлива за изразување на своите чувства иако е присутна камерата, честопати додека ја фотографирав ми се закануваше. Но, тоа е нејзиниот став речиси за сè, постојано е згрозена од нешто.“

Повеќе информации можете да најдете на:

http://salamidreamin.bigcartel.com/

https://www.instagram.com/explore/tags/salamidreamin/

http://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/07/salami-dreamin-1024x576.jpghttp://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/07/salami-dreamin-150x150.jpgИрена ТрајковаКнижевностжени,книги,книжевност,постмодернизам,фотографијаMichelle Maguire е фотографот кој стои позади низата фотографии кои се дел од книгата „Salami Dreamin’“. Оваа книга се состои од рачно печатени портрети на женски лик односно нејзината забавна и ексцентрична  тетка со италијанско-американско потекло Doll. Фотографиите се во комбинација со шарени анегдоти, напишани од сопругот на Michelle ,...Нова мисла на пресушената почва.