Надоврзувајќи се балканската сага за rap battle, во 2016 започна и RAP SKILLZ МАКЕДОНИЈА. Првите битки се случија на скопскиот плочник за да се рашират низ повеќе градови во Македонија и да го доживеат своето гфинале во МКЦ на 24 декември заокружувајќи го првото финале на приказната од улицата.
Рап – битките се важни за динамичноста и ширењето на хип-хоп (суп)културата, која веќе одамна е премината во најважниот и најголемиот музички жанр, не само локално туку и глобално. На овој начин се истовремено се случува навраќање кон корените и почетоците на ова движење и се задржува најчистата форма преку кое тоа се развива. Преку рап битките константно се откриваат нови таленти и начини на користење на verse-от, постојано се подигнуваат стандардите за критериумите при рапувањето и се разбира се вежба skillz-от.

Во продолжение, за подемите и значењето на RAP SKILLZ МАКЕДОНИЈА поразговаравме со организаторите КИСКИН, СПИТ И ВЛАДИ ОРТОГРАФИЈА кои пред финалето ни ги споделија нивните искуства и импресии.

КИСКИНОВ

Следењето на ова бетл рап движење, пред се во Америка, Канада, Велика Британија и Австралија, па после и на Балканот, ме инспирираше да влезам во приказната. Видов како овие рапери го менуваат стандардот за квалитет на еден mc. Бидувајќи прво судија, а нешто покасно и организатор и учесник, сфатив дека ова е стварно потребно за културата, враќање на корените, ситуација во која со овој формат раперот е во најдобра своја форма. Верувам дека ова е само почетокот и дека сите што се дел од приказната ќе го дадат својот придонес, на еден или на друг начин, за да ова продолжи да живее. Од плочник до МКЦ, од познаници до фамилија.

ВЛАДИ ОРТОГРАФИЈА

Да влезам во целата приказна околу организацијата на RAP SKILLZ МАКЕДОНИЈА немав намера, се до моментот кога не го сторив тоа. Повикан бев од колегата Јордан да го снимам настанот во Битола. Со моето дотогашно искуство за организирање на разни настани, забележав неколку пропусти во различни организациски полиња и решив кога сум веќе тука и кога се работи за рапот, зошто да не пробаме да направиме подобар продукт од кој целата рап/бетл рап сцена ќе има бенефит понатаму. Како организатор, камерман и учесник на настанот, низ градовите во кои што пројде движењето RAP SKILLZ запознав фаци што до тогаш не сум ни чул за нив, а самиот факт дека “кинат” е показател дека оваа платформа им овозможува на многу артисти (афирмирани или не) да се пробаат во оваа дисциплина, да настапат пред публика во разни градови и да се борат за титулата.

ЈОРДАН 

Ми беше интересен тој формат на натпреварување кој го забележав прв пат кај Балканците, и си реков зошто да не го направиме ова и кај нас. Научив дека од идеја до реализација е потребно само желба и истрајност. Исто така дека во Македонија поддршката за организации како нашата е на очајно ниво и покрај резултатите. Сакам ова да прерасне во нешто уште поголемо од досегашното. Досега водевме лига и се држевме само до тој формат, но за следната сезона имаме во план да снимаме сајфери и да бираме најдобар. И така од сезона во сезона да се збогатуваме со емисија плус.

 

Што ќе се случува на 24 декември?

MAYDAY, MAYDAY!

На 24 декември [недела] во МКЦ ќе се случи финалната рап битка со претходно напишани акапела текстови. Финалната битка ќе биде придружена со уште четри промо битки и тоа:

КОЉО DRUNK FLOW VS КРАЈМ

ЛАЗ ВЕЃАС VS ЕНИГМА

ВЛАДИ ОРТОГРАФИЈА VS MARVELLE

КИСКИНОВ VS SAM

Судии за тоа кој ќе го добие ланецот ќе се КИСКИНОВ (ДИВИЗИЈА), ВЛАДИ ОРТОГРАФИЈА и MARVELLE.
Настанот ќе го води НЕБОЈША МИЛОСАВЉЕВИЌ, а DJи ќе бидат МАРКО ОРТОГРАФИЈА и DJ POPEYE.
За повеќе информации посетете го настанот.

 

http://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/12/image.jpghttp://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/12/image-150x150.jpgИвана СмилевскаМузикамакедонија,македонска сцена,поезија,рап,уметнициНадоврзувајќи се балканската сага за rap battle, во 2016 започна и RAP SKILLZ МАКЕДОНИЈА. Првите битки се случија на скопскиот плочник за да се рашират низ повеќе градови во Македонија и да го доживеат своето гфинале во МКЦ на 24 декември заокружувајќи го првото финале на приказната од улицата. Рап...Нова мисла на пресушената почва.