Се ближи Викендот на гордоста во Скопје. Колку изопачено, нели?

Како и минатата година, СРАМОТА е промо настанот кој го најавува ВИКЕНДОТ НА ГОРДОСТА.

Преку раскажување на кратки приказни за телесниот, родовиот и сексуалниот срам кој го обележал нивното отскокнување од општествените норми, (оттаму доаѓа и зборот квир; настраност и изопаченост), неколку раскажувачи ќе го трансформираат и повторно превртат срамот, потенцирајќи ги точките на болна стереотипизираност и лажен морал во општеството. Преку своите приказни ИВАНА ДРАГШИЌ, НИКОЛА ГЕЛЕВСКИ, КИРИЛ ПОП ХРИСТОВ, АРТАН САДИКУМАЈА МАРКОВСКА и ЛЕЈЛА КАЛАМУЈИЌ, од измеани ќе станат исмејувачи на изопачената околина.

А колку е настрана една околина може да се процени по потребата од ароганцијата и користењето на привилегиите кои создаваат илузија според која општеството си зема за право да биде понижувачка, сексуална и морална полиција.

Целта и потребата од раскажување на токму ваквите изопачени приказни е наметнатиот срам да се трансформира во експлозивно смеење кон околината кое со својата настраност полека, но сигурно пропаѓа во црните дупки на својата догматичност.

Модераторки на СРАМОТА ќе бидат АНА ВАСИЛЕВА и РУМЕНА БУЖАРОВСКА.

 

 

Погледнете го и промо видеото за Викендот на гордоста. Целата програма може да ја прочитате тука.

 

http://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2018/05/Webp.net-resizeimage-1-1024x576.pnghttp://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2018/05/Webp.net-resizeimage-1-150x150.pngpirejОстанатовизуелна уметност,квир,книжевност,политика,систем,слобода,фотографијаСе ближи Викендот на гордоста во Скопје. Колку изопачено, нели? Како и минатата година, СРАМОТА е промо настанот кој го најавува ВИКЕНДОТ НА ГОРДОСТА.Преку раскажување на кратки приказни за телесниот, родовиот и сексуалниот срам кој го обележал нивното отскокнување од општествените норми, (оттаму доаѓа и зборот квир; настраност и изопаченост), неколку...Нова мисла на пресушената почва.