Започнува шестото издание на ПРВО ПА ЖЕНСКО – Фестивал за феминистичка култура и акција

Фестивалот ќе се одржи од 3 до 6 мај во Младинскиот културен центар и во Кино Култура. Четиридневната програма опфаќа дискусии, изложби, перформанси, поетски слем, театарска претстава, филмска проекција, концерти и диџеј сетови, работилница за деца, промоција на книга. Фестивалот е поддржан од Министерство за култура на РМ, Град Скопје, FRIDA Young Feminist Fund и се реализира во соработка со Младинскиот културен центар, Пасворд Продукција, Млад отворен театар, Кино Култура, Локомотива, ISKRA Tourbooking и ЛезФем.

Фестивалот започнува на 3-ти мај (четврток) во 12 часот пред платото на Младинскиот културен центар со дискурзивна програма, каде ќе се дискутира за женската солидарности социјалното претприемништво, работничките права на сексуалните работнички и на текстилните работнички. Своето учество во дискусијата го потврдија Мила Царовска, Министерка за труд и социјална политика, Јасминка Ангелова од Министерство за внатрешни работи, Кристина Ампева (Гласен текстилец), Драгана Каровска Чемерска (ХЕРА), Јелена Вишњиќ (БеФем – Белград) и Наташа Бошкова (Коалиција Маргини).

Официјалното отворање на Фестивалот е закажано за истата вечер од 21 часот во Младинскиот културен центар, со отворање на изложбите Ćemo, ćemo … ja, ma kako ćemo?! на Божена Кончиќ Бадурина и Дуга Мавринац од Храватска и Куварици на NEpraktične žeNE од Србија, по што ќе следи поетскиот слем на ЛезФем.

[ПРВО ПА ЖЕНСКО] Фестивал на феминистичка култура и акција

Програма:

12.00 плато пред МКЦ

Дискурзивна програма

За женската солидарност и социјалното претприемништво: Драгана Каровска Чемерска (ХЕРА) и Јелена Вишњиќ (БеФем -Белград);
За сексуалните работнички: Наташа Бошкова (Коалиција Маргини) и Јасминка Ангелова (Министерство за внатрешни работи);
За текстилните работнички: Кристина Ампева (Гласен текстилец) и Мила Царовска, Министерка за труд и социјална политика;
По секој разговор следува краток блок прашања од публиката.

Официјално отворање на фестивалот

21.00 фоаје на Кино Фросина на кат
Изложба: „Ćemo, ćemo … ja, ma kako ćemo?“!, Божена Кончиќ Бадурина, Дуга Мавринац (Хрватска) и „Куварици“ – NEpraktične žeNE (Србија)
21.30 плато пред МКЦ
ЛезФем поетски слем

04.05. Петок

19.00 Кино Култура
Предавање: „Уметничките институции и еднаквоста во собирите“ на Бојана Кунст, соработка со ЛОКОМОТИВА – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата во рамки на програмата „Уметност, Политика Институција, Тело“

21.00 Кино Фросина
Театарска претстава: „Кралици“, продукција на БеоАрт, соработка со Млад отворен театар. Текст: Дарко Лукиќ. Режија: Бранислав Трифуновиќ. Актерки: Милица Јаневски, Милица Трифуновиќ, Тијана Марковиќ.

22.30 плато пред МКЦ
Диџеј сет на Ивана Драгшиќ

05.05. Сабота

19.00 фоаје на Кино Фросина на кат
Предавањe-перформанс на NEpraktične žeNE. Учествуваат: Ленка Зеленовиќ, Бригита Меѓо и Пава Мартиновиќ.

20.00 Кино Фросина
Филмска проекција: „Сонување во капитализам” (Белгија, 2017.), режија Софи Бруне, соработка со Pravo Ljudski Film Festival.
По проекцијата следува дискусија.

22.00 плато пред МКЦ
Концерт: Фосфен (Македонија), DIVES (Австрија) и RepliCunts (Србија), соработка со ISKRA Tourbooking

06.05. Недела

Дневна програма на платото пред МКЦ
13.00 Базар на ракотворби
15.00 Кулинарска изложба: „Неделниот ручек како репродуктивен труд“. Концепт: Кире Василев и Кристина Леловац
17.00 Презентација од тридневната работилницата за деца „Почетен курс за бунтовници“ и промоција на книгата „Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња” на Елена Фавили и Франческа Кавало, соработка со Колектив Ветерница и Арс Ламина

20.00 Кино Фросина
Перформанс: „Како мојот живот стана културен работник – културните работници ја заземаат сцената“, Биљана Тануровска Ќулавковски и Ивана Васева

21.30 Денсинг сала
Kонцерт: Акуа Нару, соработка со Пасворд Продукција

Фестивалскиот дизајн годинава го направи Private Print.

Tiiiit! Inc.

http://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2018/05/30713971_10156396772339106_4809094628104740323_n.pnghttp://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2018/05/30713971_10156396772339106_4809094628104740323_n-150x150.pngpirejВизуелноактивизам,жени,Скопје,феминизам,фестивалЗапочнува шестото издание на ПРВО ПА ЖЕНСКО - Фестивал за феминистичка култура и акција Фестивалот ќе се одржи од 3 до 6 мај во Младинскиот културен центар и во Кино Култура. Четиридневната програма опфаќа дискусии, изложби, перформанси, поетски слем, театарска претстава, филмска проекција, концерти и диџеј сетови, работилница за деца,...Нова мисла на пресушената почва.