По двонеделно чекање четвртата епизода на #ПОТкаст е тука!

Најпрво да ја објасниме егзекутивната одлука за промена на терминот. Отсега па натаму ПОТкаст ќе излегува во понеделник наместо во недела, а причината на тоа е дека сакаме да го направиме почетокот на неделата поубав за нашите слушатели.

Новата епизода е повторно поделена во три сегменти а во првиот сегмент, како и обично, се зборува за музика.

Главна тема во музичкиот сегмент е новиот албум на ACTION BRONSON  насловен BLUE CHIPS 7000 и Кирил и Димитар ги искажуваат мислењата и импресиите за новото музичко дело на вашиот омилен скопјанец. Освен за  BLUE CHIPS 7000 се зборува уште за новиот албум на GRIEVES – RUNNING WILD, за новиот албум на македонскиот бенд BERNAYS PROPAGANDA – NA TO IGRISCE NE SMEM и за последниот албум на KING GIZARD AND THE LIZARD WIZARD – SKETCHES OD BRUNSWICK EAST. 

Веднаш по него музичкиот, следува спортскиот дел од ПОТкаст, каде Кирил и Димитар влегуваат во детали за неодамнешната борба помеѓу КОНОР МЕКГРЕГОР И ФЛОЈД МЕЈВЕДЕР. Освен тоа, опширна тема на разговор е и трејдот помеѓу КЛИВЛЕНД КАВАЛИРС и БОСТОН СЕЛТИКС со кој КАЈРИ ИРВИНГ требаше да се пресели во СЕЛТИКСи. Нормално, не изостанува ниту споменувањето на фудбалскиот успех на ФК ВАРДАР, кој успеа да го победи турскиот гигант ФЕНЕРБАХЧЕ и да се пласира во фазата по групи во Лигата на Европа.

Последниот сегмент од ПОТкаст е резервиран за слободната тема, па така двајцата водители зборуваат за програмата на МАКЕДОКС 2017 и настанот во целина. Потоа разговорот природно се префрла кон филмот, па тука се споделуваат мислењата за филмовите ATOMIC BLONDE, VALERIAN AND THE CITY OF A THOUSAND PLANETS  и DARK TOWER.

Четвртата епизода на #ПОТкаст слушнете ја тука.

Преслушајте го ПОТкаст и оставете мислење.

http://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/08/atomic-blonde-1024x576.jpghttp://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/08/atomic-blonde-150x150.jpgИвана СмилевскаОстанато#ПОТкаст,MakeDox,анализа,визуелна уметност,рап,спорт,уметнициПо двонеделно чекање четвртата епизода на #ПОТкаст е тука! Најпрво да ја објасниме егзекутивната одлука за промена на терминот. Отсега па натаму ПОТкаст ќе излегува во понеделник наместо во недела, а причината на тоа е дека сакаме да го направиме почетокот на неделата поубав за нашите слушатели. Новата епизода е повторно...Нова мисла на пресушената почва.