Во новата епизода на #ПОТкаст повторно дружење со Кирил и Димитар и  разговори за актуелните теми од полето на музиката, спортот, филмот и слично.

Како и секогаш, #ПОТкаст е поделен во три сегменти.

Во првиот сегмент се обработуваат музичките настани кои се случија во претходните две недели. Разговорот вклучува мислење на двајцата водители за новиот материјал на NINE INCH NAILS, KE$HA, како и за новата песна на ACTION BRONSON која ќе може да се слушне во самиот подкаст.

 

Вториот сегмент пак, обработува теми од спортот. Почнувајќи од Супер Купот кој се одржа овој месец во Скопје, двајцата разговараат за тоа како беше сето тоа организирано и дали градот го помина тестот на УЕФА како организатор на големо случување. Потоа, главната тема во спортот во последниот месец – трансферот на НЕЈМАР во ПСЖ. Подлабока дискусија за тоа дали беше исплатлив, причините поради самиот трансфер и неговиот импакт кон светскиот фудбал. Спортскиот дел од подкастот се затвора со разговор за НБА и шпекулациите за евентуалниот трејд на КАЈРИ ИРВИНГ.

Во третиот сегмент од #ПОТкаст, како и обично, водителите имаат слободна тема.

Овојпат дел од муабетот е ПИВОЛЕНД 2017, како и настапот на САФ на ПИВОЛЕНД. Подкастот завршува со детален осврт на TRAP DA FUCK UP настанот кој се одржа на плажата Оревче последниот викенд од месец јули. Слушнете го мислењето на Димитар за TDFU и секако, преслушајте го целиот #ПОТкаст.

 

Слушнете ја третата епизода тука.

 

http://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/08/featured-image-1024x576.jpghttp://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/08/featured-image-150x150.jpgИвана СмилевскаОстанатоанализа,критика,македонска сцена,постмодернизам,рап,уметнициВо новата епизода на #ПОТкаст повторно дружење со Кирил и Димитар и  разговори за актуелните теми од полето на музиката, спортот, филмот и слично.Како и секогаш, #ПОТкаст е поделен во три сегменти.Во првиот сегмент се обработуваат музичките настани кои се случија во претходните две недели. Разговорот вклучува мислење на...Нова мисла на пресушената почва.