Новата епизода на #ПОТкаст е тука!

Како и во претходната епизода, опфатено е сѐ што се случуваше во изминатиот период на полето на музиката, спортот и филмската индустрија како и настаните кои се одржаа на територијата на Македонија и Балканот кои беа вредни за спомнување.

Во првиот сегмент можете да слушнете како двајцата водители зборуваат за новите албуми на FOSTER THE PEOPLE и TYLER, THE CREATOR – посебно импактот на албумот на TYLER над музичката индустрија. Од домашната сцена пак, тема на разговор е албумот на скопскиот бенд ПАЛИНДРОМDESERT Y кој излезе годинава.  Албумот може да го преслушате тука.

Како надоврзување на тој разговор, Димитар и Кирил ја отвараат темата за музичката индустрија во Македонија – дали таа воопшто постои и како е управувана.

Вториот сегмент од #ПОТкаст е наменет за спортските случувања од изминатите две недели. Почнувајќи од trade-периодот во НБА, преку фудбалските трансфери и енормните суми кои се плаќаат за играчите па сѐ до македонскиот спорт, сето тоа е опфатено во 20-на минутен разговор помеѓу водителите.

Третиот сегмент, како и минатиот пат е резервиран за филмските остварувања од периодот зад нас. Димитар дава краток осврт на новиот филм од франшизата на MARVEL, SPIDER- MAN: HOMECOMING, а Кирил зборува за последниот дел од трилогијата PLANET OF THE APES, насловен WAR FOR THE PLANET OF APES. Одвоени се и неколку минути за да се покријат двете главни фестивалски случувања од периодот, Д Фест и EXIT Festival.

Исконзумирајте #ПОТкаст [епизода 2] тука.

http://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/07/palindomcover-1024x576.jpghttp://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/07/palindomcover-150x150.jpgИвана СмилевскаОстанато#ПОТкаст,анализа,култура,македонска сцена,постмодернизам,рапНовата епизода на #ПОТкаст е тука!Како и во претходната епизода, опфатено е сѐ што се случуваше во изминатиот период на полето на музиката, спортот и филмската индустрија како и настаните кои се одржаа на територијата на Македонија и Балканот кои беа вредни за спомнување.Во првиот сегмент можете да слушнете...Нова мисла на пресушената почва.