Од визуелните уметности, сликарството и фотографијата важат за „сродни души“, а истото непишано правило можи да се примени и на авторите кои како форма на изразување одбрале било која од овие две уметности. Често пати во минатото, многу познати сликари користеле фотографии при создавањето на своите дела, меѓу нив Ван Гог, Сезан, Пикасо и многу други. Најчесто ваковиот пристап го користеле при портретирањето на одредени личности, како и при цртањето на автопортрети, и токму тука можеби се крие предизвикот за оваа соработка помеѓу ДЛУБ и ФКК Битола.

Изложбата насловена „Портрет“ може да ја погледнете од 18.08 (петок) до 22.08 (вторник) во Магаза, Битола.

Портретот како избор во слободна техника, од обете страни, можи само да ја потврди тезата дека во основа, и двете уметности (ако се одземи субјективизмот на авторите во нивните дела) се само игра со светлината. Секако, постои опасност за обете страни да западнат во замка, односно во теоретизирање на процесот при создавање на „наводно“ добри портрети во двете уметности. За постарата сестра сликарството, најкраток пат за тоа е апстрактниот пристап кон темата, а за фотографијата тоа е тривијалноста на портретот кој само ги исполнува математичките соодноси во истата, без било каков емотивен набој. Сепак во пресрет на оваа изложба, ние ќе посочиме (условно речено) на најпознатите портрети во двете уметности, а тоа е „Мона Лиза“ од Леонардо Да Винчи и „Авганистанска девојка“ од Стив МекКари, кои искрено речено кога би биле изложени во еден ист простор, една до друга, подеднакво би ги измамувале воздишките на посетителите. Би требало во овој контекст да гледаме и на претстојната изложба во надеж дека изложените слики, како и изложените фотографии, ќе се вплотат во една заедничка целина која на темата „Портрети“ ќе го даде најдоброто од двете уметности.

Текстот е преземен од тука.

http://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/08/20622151_1327173704068875_7250091358368562765_n.jpghttp://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/08/20622151_1327173704068875_7250091358368562765_n-150x150.jpganonimenВизуелноОд визуелните уметности, сликарството и фотографијата важат за „сродни души“, а истото непишано правило можи да се примени и на авторите кои како форма на изразување одбрале било која од овие две уметности. Често пати во минатото, многу познати сликари користеле фотографии при создавањето на своите дела, меѓу нив...Нова мисла на пресушената почва.