Париз. Град кој е претставен како збирно место на боемите, уметниците, уличарите, свирачите и сите млади надежни луѓе. Прикажано е раѓањето на извонредните дела на Пабло Пикасо од почетокот на 19век. Младоста испомешана со ароганција, како и шпанскиот нескротлив дух вметнети како примарни карактеристики. Наративот ни укажува на важноста на индивидуалноста, макотрпната работа и несфатеноста на младиот Пикасо кој за само неколку години отвара нова димензијa. Дава сосема нов поглед на свет. Ги руши сите норми во сликарството. Ги надминува сите дефиниции за уметност прикажани преку делата на Матис, Сезан, Моне и многу други. Прогресивноста на Париз во тој период ветува многу и е пресудна причина за миграцијата на Пабло од Шпанија во Франција. Се покажува чувствителната страна на младиот уметник како и деликатната сентименталност која се одразува во неговото платно.

Со описот на таканаречено бизарно и екцентрично дело „Les Demoiselles d’Avignon“ („Придружничките од Авињон“) е кубистичка слика. Портретирани се пет голи женски тела без притоа да се истакне нивната женственост. Борделските дами се прикажани застрашувачки, со аглести и некомпактни облици на телата. Тоа била слика-резултат на неговиот насилен однос кон женското тело и техника на сликање со маскирање на лицата биле под директно влијание на неговото проучување на африканските тотеми. Пикасо е границата од кога произлегла фигуративната уметност. Еден нов стил кој се темели на интегрални делови создадени од коцки, вртежи и клинови со плитка длабочина, со слободен недостиг на континуитет. „Придружничките од Авињон“ на почетокот никако не била прифатена затоа што луѓето не знаеле како да реагираат на таа необична слика.

Оваа слика се смета за уникатна креација на Пикасо на Примитивната уметност. Го навестува фундаменталното напуштање на традиционалното европско сликарство. Во тоа време конзервативните критичарите ја оценуваат како бизарна, екцентрична кубистичка слика нарекувајќи ја скандалозна. Но гледајќи од денешна перспектива се смета дека токму оваа слика го најавува раѓањето на современата уметност воопшто. Поголемиот дел од времето го минувал на улица каде сликал делови од реалниот живот, во кафулињата, во парковиre и повремено по борделите, но највоочливо времето најчесто го поминувал во Прадо каде со огромно внимание ги проучувал големите шпански сликари. Прадо бил навистина импресивен за младиот уметник. „Paseo del Prado претставувал центар за научно просветлување. Првите сали биле посветени на фламанските сликари од 17ти век, клучувајќи ги Пол Рубенс, Јакоб Јорденс и Антони ван Дајк. Тие дела раѓале безброј прашања кај младиот сликар.

Во друга просторија имало префинети дела од 16ти век на Веласкез со бројни портрети на кралеви и кралици. Едно од неговите прекрасни дела што токму го трогнал Пикасо било „Las Hilanderas“ (Предачките) на кое се гледал огромниот талент на уметникот. Најпознатото платно на ВеласкезLas Meninas (Дворски дами) му било уште повпечатливо. Пикасо станал опседнат со ова дело и насликал неколку негови копии во својот уникатен апстрактен стил. Така постепено дошол до депресивните дела на Гоја чие сликарство опфаќало неверојатен опсег на тонови од идилични до застрашувачки. Поминувајќи преку делата на Гоја стигнал до просторијата исполнета со страствените спиритуални дела на Ел Греко уметник роден во Грција, во 14ти век, кој живеел и работел во Толедо, Шпанија. Пабло имал огромен интерес за Ел Греко, кој бил познат по своите мистични издолжени форми и насликани дела во стил кој бил шокантен во неговото време.

Се спомнува името на Амброз Волар, добро познат француски колекционер на уметнички дела познат по тоа што рано ги препознавал и спонзорирал водечките уметници на Париската школа. Особено Ван Гог, Сезан и Матис. Правел бројни компаративно мали, но многу успешни инвестиции. Смелиот Пикасо го запознава Волар со сопственото творештво. Амброз Волар е човекот со чија помош Пабло успева во Париз да направи самостојна изложба. На таа изложба се запознава со Гертруд Штајн која била голем подржувач на новите успешни уметници и секогаш имала остро око за нови таленти каков што во тој период за Париз бил Пикасо. Гертруд во тие кругови била позната по нејзините критики за уметноста, таа е првата која ги воочила новите стилови во делата на Пабло кои биле инспирирани од Гоја.

Жената која ја почувствувала неверојатаната сентименталност во сликарството на Пикасо е првата која го поставува прашањето за скриено значење во неговите дела. Тој верувал во концептот на уметноста како емоционален медиум. На самостојната изложба на Пикасо, се продале десет негови дела. Што воопшто не било лошо за новодојденец во Париз со прва изложба.

По смртта на неговиот најдобар другар Карлос, следува ново емотивно искуство за Пикасо што подоцна се стимулира во неговата моќна експресивност во делата од таканаречениот син период. По овој мрачен период, тој нацртал два портрети на починатиот Карлос, а по неколку месеци и две сцени на погреб. Во 1903 година се појавува слика кој самиот ја нарекува La vie. Одеднаш светот станал мрачно и пусто место за живеење за него. Синиот период го карактеризира неговата внатрешна тага и студенило. Меѓу 1901 – 1904 година сината боја станала доминантна во неговите слики. Во тој период постојано патувал помеѓу Барселона и Париз, собирајќи теми за неговите дела. Го фасцинирале многу тажни работи, сликал сцени од улици со слепи лица или осамени питачи, како и напуштени луѓе во повеќе различни дела Наведнатата жена“ насликана во 1902 година; Јадењето на слепиот – 1903; Стариот еверин и момчето“ насликана во 1903. Неговата работа ја рефлектирала големата промена на духот, особено промената на интелектуалните и уметничките струења кои во тоа време. Синиот период на Пикасо траел подолго.На некој начин го влевал сликарството како моќен, мрачен и секако емотивен медиум.                             

Сликите од „синиот период“ биле меланхолични, луѓето што тој ги сликал носеле елемент на патос и мелодрама, но со исклучителен израз на поетична префинтост. Во сликите на Пикасо се гледала огромна тага и очај. Постојано го прашувале зошто во неговите дела нема место за романтизам. Фернанда Оливие. Нејзиното присуство било инспирација за многу дела низ годините кои воделе кон кубизмот, особено во  1906 година кога го насликал делото насловено како „Жената со векни леб“И набргу потоа ја напуштил палетата и темата син период“ свртувајќи се кон слики на игралишта и циркуски изведувачи кои ги сликал во тон на кредести црвени нијанси. Така настапила нова фаза од неговото творештво наречен розев период“. Навистина се потрудил неговите слики да се повесели и не толку строги.

Сликал како луд, секоја ноќ сликите една по една ги обработувал повторно. Работел на една слика некое време, ја ставал настрана и се враќал на некоја друга. Чудни, злокобни, аглести стилизирани фигури се појавувале како последица на неговиот бес. Неговото сликарство било цврсто базирано врз уметничко – историската традиција на неговиот интерес кон Ел Греко кое придонело во преломот на просторот и гестовите на фигурите. Перверзните жени кои се присутни на сликата не се конвенционалниот одраз за убавина.

Ги сликал женските тела со храбри широки црни потези со четката. Во одраз на сокршено огледало го здогледал сопственото искривено лице. Почнал да ги прередува скршените парчиња стакло и гледал како се менува обликот на неговото лице. Во скршеното огледало Пикасо ја видел спојката меѓу Матис и Сезан. Фернанда исто така се погледнала во скршеното стакло и полека почнала да сфаќа за што и зборувал Пикасо, додека нејзиното чудно деформирано аглесто лице донкихотовски и се смеело.

http://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/05/p00j1dnc-1024x576.jpghttp://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/05/p00j1dnc-150x150.jpgИрена ТрајковаКнижевносткниги,книжевност,кубизам,сликарство,уметностПариз. Град кој е претставен како збирно место на боемите, уметниците, уличарите, свирачите и сите млади надежни луѓе. Прикажано е раѓањето на извонредните дела на Пабло Пикасо од почетокот на 19век. Младоста испомешана со ароганција, како и шпанскиот нескротлив дух вметнети како примарни карактеристики. Наративот ни укажува на важноста...Нова мисла на пресушената почва.