Слушнете го нашиот музички избор. Меѓу албуми кои го збогатија овој октомври сигурно ќе пронајдете неколку кои ќе ги задоволат вашите музички очекувања.

Kelela – Take Me Apart

Деби остварувањето на американската R&B артистка Kelela претставува одличен спој на олд-скул 90s R&B вокали и современа електронска продукција. Овој албум содржи 14 траки во продукција на чело со одличните Arca и Jam City. Наративот на албумот е моќен и емотивен, Kelela умешно изјавува што е, а што не. “Take Me Apart” и е нејзиниот беспрекорен self-portrait на една несовршена жена.


St. Vincent – MASSEDUCATION

“MASSEDUCATION” е петтиот студиски албум на американката Annie Clark (a.k.a. St. Vincent). Ова поп издание се состои од 13 траки во кои St. Vincent ги истражува тематиките на женственост, како и чувството да се биде во центарот на вниманието (последица на нејзината високо-профилна врска со манекенката Cara Delevingne). Во продолжение посетете го градот на „површноста и пластичните операции“ во видео записот за “Los Ageless”.


Lapalux – The End of Industry

Новото EP на британскиот продуцент Stuart Howard делува на продолжение на неговиот овогодинешен албум “Ruinism”. “The End of Industry” содржи 5 нови траки во кои Lapalux преку битови и мелодии кои се распаѓаат ја доловува темата човек v.s. машина.


Fatima Al Qadiri – Shaneera

Електронската артистка од Кувајт, Fatima Al Qadiri, се враќа на сцената со ново остварување. Од западните фантазии за Кина (“Asiatisch”) до американската полициска бруталност (“Brute”), Al Qadiri е позната по нејзиното истражување на културите во дигиталната доба. Во ова EP, таа ја испитува арапската култура преку мелодии придружени со битови и изопачени вокали. Името “Shaneera” е погрешно спелување на арапскиот збор shanee’a (شنيعة) кој значи срамен, меѓутоа има и второ сленг значење – „да се биде лоша кралица“ односно алтер-егото кое го зазема артистката во ова издание.


Burial – Pre Dawn / Indoors

Најновото музичко парче на британецот Burial претставува продолжение на неговиот експериментален опус. Прилично различно од претходните негови изданија годинава – “Subtemple / Beachfires” и “Rodent”, ова EP нуди брзо и мрачно техно. Во продолжение чујте ја “Indoors”.


I Hate Models – State of Control EP

Французинот I Hate Models се враќа на сцената со ново EP “State of Control”. Неговиот препознатлив звук – спој на ebm, acid, транс и техно е присутен во 4те траки на изданиево. Чујте ја “Emerald”.


Visionist – Value

“in these fields I shout the quietest

may stable arms strangle my thoughts

vulnerable to brave truths

a window swathed by mirrors remiss

eyes continue to smile at forgiveness

it’s ok…it’s ok… it’s ok…

indulge more, feel restrictions”

Второто LP на лондонскиот продуцент Louis Carnell (a.k.a. Visionist) претставува прецизно но и концептуално музичко остварување во кое преку 10 траки тој истражува интерни тематики на самољубие, self-deprecation, самодисциплина, самообразование. Ова е првото негово издание каде тој ги употребува сопствените вокали. Албум каверот е направен од страна на одличниот фотограф Peter De Potter.


John Maus – Screen Memories

Четвртиот албум на американецот John Maus е мрачно synth-pop издание. “Screen Memories” содржи 11 траки предводени од бас линии и synth хармонии. Иако инструменталниот дел доминира, бизарните но полни со суштина лирики вредат да им се обрне внимание. Во продолжение чујте ги “Over Phantom” и “Bombs Away”.


Fever Ray – Plunge

Вториот студиски албум на швеѓанката Karin Dreijer Andersson (a.k.a. Fever Ray) беше изненадно објавен на 27 октомври. Се состои од 11 траки со љубовни тематики придружени со агресивни битови и synth-ови, но и вокалот на Karin кој за разлика од во нејзиниот деби албум не е пригушен. Во продолжение чујте ја “Red Trails”.


Errorsmith – Superlative Fatigue

Берлинецот Erik Wiegand (a.k.a. Errorsmith) по 13 години се враќа на сцената со нов албум. “Superlative Fatigue” е игралито и забавно техно издание кое соддржи 8 траки. Екстатични synth-ови во ритам на dancehall се сржта на албумов, правејќи го доста енергичен но и уникатен – ја нема мрачноста на современите техно изданија.

http://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/11/zDey02z-1024x576.jpghttp://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/11/zDey02z-150x150.jpgpirejМузикапостмодернизам,рап,уметници,уметностСлушнете го нашиот музички избор. Меѓу албуми кои го збогатија овој октомври сигурно ќе пронајдете неколку кои ќе ги задоволат вашите музички очекувања. Kelela – Take Me Apart Деби остварувањето на американската R&B артистка Kelela претставува одличен спој на олд-скул 90s R&B вокали и современа електронска продукција. Овој албум содржи 14...Нова мисла на пресушената почва.