Никола Ристановски ја освои наградата за Најдобар актер на филмскиот фестивал VALLETA, кој веќе трета година се одржува во Малта. Улогата која му ја донесе оваа награда на Ристановски е Поп Петар во филмот ИГЛА ПОД ПРАГОТ (2016) – дебитантски филм на црногорскиот режисер Иван Мариновиќ.

Македонската премиера на ИГЛА ПОД ПРАГОТ се одржа во рамките на филмскиот фестивал Cinedays.

ИГЛА ПОД ПРАГОТ става акцент на човечките односи и индивидуалните светови што се испреплетуваат создавајќи една сериозна, комична и апсурдна приказна која публиката ја освои со својата едноставност. Во отсуство на претенциозност, овој филм одново ги отвора прашањата за религијата, емпатијата, љубовта и простувањето низ призма на секојдневието на еден обичен човек. Бидејќи токму обичниот човек е оној кој во својата борба со предизвиците на животот создава надреални приказни.

Одбирајќи улоги кои секогаш се обидуваат да ѕирнат малку подлабоко во необјаснивата човечка природа, Никола Ристановски, кого публиката оваа година го запамети по мајсторски одиграната улога на Воланд – симпатичниот Сатана кој го спасува светот, во ИГЛА ПОД ПРАГОТ го гледаме во улога на Поп Петар – ноторен „хејтер“ на каков било фанатизам кога станува збор за верата, човек со карактер цврст како камен, свештеник кој е во постојан конфликт со мештаните во селото и истовремено сам се грижи за својата сенилната мајка (југословенската актерска легенда Јелисавета Сека Саблиќ) и бунтовниот син (Филип Клицов), бидејќи е оставен од неговата сопруга.

Повеќе за филмот прочитајте тука.

http://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/06/nikolafeatured-1024x576.jpghttp://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/06/nikolafeatured-150x150.jpgИвана СмилевскаФилмвизуелна уметност,критика,култура,македонска сцена,постмодернизам,режија,уметност,филозофијаНикола Ристановски ја освои наградата за Најдобар актер на филмскиот фестивал VALLETA, кој веќе трета година се одржува во Малта. Улогата која му ја донесе оваа награда на Ристановски е Поп Петар во филмот ИГЛА ПОД ПРАГОТ (2016) - дебитантски филм на црногорскиот режисер Иван Мариновиќ. Македонската премиера на ИГЛА...Нова мисла на пресушената почва.