НИКОЛА ИЛИЕВСКИ е млад фотограф од Скопје, кои неодамна почна да ги коментира своите фотографии и преку музика. Музичките коментари може да ги слушнете на неговиот SoundCloud профил, а тие исто така функционираат и како независни траки – најчесто електронски и амбиентално ориентирани. Во продолжение ви претставуваме галерија од фотографиите на Никола Илиевски, како и дел од неговата музика за да оформиме еден целосен портрет на уметникот во младоста.

НИКОЛА инспирација ја презема од монотоното и репетитивното секојдневие  на младите луѓе во Скопје. Неговиот музички проект е поврзан со краткиот филм кој излезе минатата година, на кој што соработувал со GIL OROZCO, музички продуцент од Мексико. Краткиот филм е поврзан со фото – колекција која ИЛИЕВСКИ ја собирал шест месеци.

Бидејќи отсекогаш се занимавал со музичка продукција, НИКОЛА имал потреба од музика, па решил самиот да направи своја. Така почнал да ги развива своите аудиовизуелни концепти.

Уметници кои влијаеле врз стилот на НИКОЛА се ARCA и BJÖRK, иако во неговата музика вметнува и поп елементи. Сепак, спонтаноста и емотивното влијание се главните фактори при правењето на свои мелодии.

NESTVARNOST е EP-то на Илиевски кое содржи пет траки – станува збор за краткотрајни музички коментари кои на некој начин служат интермедијално да се доловат фотографиите. Траките во NESTVARNOST варираат според својата динамичност и темпо.

NESTVARNOST можете да го слушнете тука.

PANIC ROOM –  е една доста мрачна, динамична и клаустрофобична трака која ја доловува состојбата по која е именувана. Оттука па до последната трака во ова EP, се забележува забрзанот и нагласена репетитивност.  BRAIN DEAD e мистична, темна и апстрактна мелодија има длабоки, репетитивни тонови . Некаде кон средината на траката двата репетитивни тона се прелеваат еден во друг, за на крајот да се поврзат во едно темпо. SHADOWPLAY има електронско интро прекршено од liquid и glitch звуци. Останатите две траки, впрочем и интрото на самото EP се BETTER THAN U и UWAGA.

Посетете го сајтот на НИКОЛА тука.

 

http://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/08/nikolailievski-1024x681-1024x681.jpghttp://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/08/nikolailievski-1024x681-150x150.jpgИвана СмилевскаМузикаambient,glitch,soundcloud,techno,апстракт,визуелна уметност,македонска сцена,уметност,фотографијаНИКОЛА ИЛИЕВСКИ е млад фотограф од Скопје, кои неодамна почна да ги коментира своите фотографии и преку музика. Музичките коментари може да ги слушнете на неговиот SoundCloud профил, а тие исто така функционираат и како независни траки - најчесто електронски и амбиентално ориентирани. Во продолжение ви претставуваме галерија од фотографиите...Нова мисла на пресушената почва.