Koja e Елена Ивановна Диаконова?

 Mузата на Салвадор Дали?

 

Високоинтуитивна и мистериозна интелектуалка која го препозна и за многу кратко успеа да навлезе во надреалистички движења. Родена во Русија, Гала своето детство и рана младост ги поминува во Москва. Брилијантен студент на студиите на Академијата за дами „M.G. Brukhonenko“. По дипломирањето, царот ја овластува да стане наставник во основно училиште и да држи приватни часови во домовите на луѓето во Русија. Во 1912 година и се влошува здравствената состојба и набргу и откриваат туберкулоза.  Набргу по нејзиното заболување нејзините родители одлучуваат седумнаесетгодишната Гала да ја сместат во санаториумот Clavadel во близина на Давос, Швајцарија. Таму се запознава со Еуген Гриндел (подоцна познат како Пол Елуард). Гала се вљубува во младиот Еуген а нивниот главен заеднички интерес, е токму љубовта кон книжевноста.  По излегувањето од санаториумот младиот пар се разделува. Во 1914 година Гала се враќа во Русија, Елуард во воен фронт. Во време на Првата Светска војна Гала често патува од Русија до Франција само да сретне со својот сакан.

Така, во 1917 година Гала и Елуард се венчаваат. Следната година се раѓа нивната ќерка Сесил. Младата Гала воопшто не се снаоѓала со мајчинството. Многу често речиси со омраза го малтретирала за потоа целосто да го игнорира своето дете.

Елуард веќе познат поет, почнува да навлегува во потесни врски со водечките фигури на надреалистичкото движење. Така, станува близок соработник со креаторите на магазинот „Littérature“ создаден од фасцинантната книжевна тројка Андре Бретон, Филип Супут и Луј Арагон. Интригантната Гала станува инспирација на многу клучни имиња во уметноста вклучувајќи го Елуард, Луј Арагон, Макс Ернст. Во 1922 година особено близок и станува Ернст кој фасциниран, и црта неколку портрети. Но, по две години тоа пријателство стивнува. Бретон ја презирал, постојано пропагирајќи за нејзиното деструктивно влијание врз секој од уметниците со кои се „спријателува“. Имено, Гала во постојана придружба на својот сопруг,  сепак била присутна на сите нивни состаноци.

Во 1929 година, Гала прв пат се запознава со (тогаш сеуште) младиот и (не)познат шпански сликар Салвадор Дали. Во април истата година, Дали патува во Париз за премиерата на филмот во соработка со Луис Буњуел  „Un chien andalou“. Меѓу присутните е и Камил Геманс, белгиски поет и сопственик на галерија. Геманс го запознава Салвадор Дали со поетот Пол Елуард. Многу пријателски настроениот Дали ги поканува да го поминат летото во Cadaqués. Друштвото ја прифаќа понудата на Дали. Двигателите на надреализмот, Геманс и неговиот  пријател, Рене Магрит и неговата сопруга, Луис Буњуел, Пол Елуард и Гала заедно со нивната ќерка Сесил патуваат во вилата на Дали. Кога познатиот сликар ја сретнал Гала, до крајот на својот живот тврдел дека тоа било љубов на прв поглед. Но токму овде, од тоа лето биографијата на Гала е идентично поврзана со онаа на Дали. Таа засекогаш останува на страната на сликарот, уживајќи во неговата близина а воедно и сенка.

Во 1948 година, Дали веќе бил на големо признаен во својата земја, и неговиот татко го (не)прифаќа фактот за врската на Дали со „разведената руска жена“. Тие пролетта и летото ги поминувале во малото шпанско селце lligat, а есента и зимата на релација Њујорк – Париз.

Во 1958 година, Дали и Гала се венчале во капелата Àngels chapel, во близина на Гирона, Шпанија. Десет години подоцна сликарот и купил замок на Гала во Пубол. Шпанија со договор никогаш да не оди таму, без нејзина дозвола.  Помеѓу 1971 и 1980 година, Гала секое лето поминувала одреден период во својот замок. По нејзината смрт, таа е погребена во замокот кој веќе е отворен за јавноста како музеј „Gala-Dalí Castle House“.

 

 

http://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2018/04/galatea-of-the-spheres-salvador-dali-wallpaper-1920x1080-1024x576.jpghttp://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2018/04/galatea-of-the-spheres-salvador-dali-wallpaper-1920x1080-150x150.jpgИрена ТрајковаКнижевностНекатегоризиранољубов,жени,идеологија,интимност,историја,култура,сликарство,уметност,феминизамKoja e Елена Ивановна Диаконова?  Mузата на Салвадор Дали?  Високоинтуитивна и мистериозна интелектуалка која го препозна и за многу кратко успеа да навлезе во надреалистички движења. Родена во Русија, Гала своето детство и рана младост ги поминува во Москва. Брилијантен студент на студиите на Академијата за дами „M.G. Brukhonenko“. По дипломирањето,...Нова мисла на пресушената почва.