Ненад Јолдески е роден во 1986 година во Струга. Автор е на книгата ШТАМАТА НА ЕНХАЛОН – збирка раскази со која победил на конкурсот НОВИТЕ [2009] распишан од издавачката куќа Темплум. За својата втора книга СЕКОЈ СО СВОЕТО ЕЗЕРО, Јолдески ја доби „Наградата за литература на Европска Унија“. Во оваа литературна манџа прочитајте ги неговите раскази НЕПЛАТЕНИ ХОТЕЛСКИ СМЕТКИ, СПИРАЛА, ТЕ НАРЕКУВААТ ПРИЗРАК [необјавен] како и песната ЈУГ.
Неплатени хотелски сметки
Утрово ме застрела хотелската соба. Ситен, речиси невидлив куршум се заби во мојата пета и ме закотви како брод пред распаѓање. Ја посакав собата за себе и се вратив во креветот. Заспав мирно и те сонував како кружна бесконечна бегалка што си го крие дијаметарот. Ме разбуди собарката. Го слушнав нејзиниот глас како одекнува од зад вратата. Бараше да ја напуштам собата за да не ми наплати за уште еден ден.
Се присетив дека ми крвави петата. Чаршафите беа црвени. Низ отворениот прозорец влегуваше мирис на загорен шеќер. Ја преврзав ногата со натопениот чаршаф и излегов низ прозорецот. Но никогаш вистински и од собата. [1]
[1] Овој запис е пронајден во хотелска соба во Гевгелија и за него дознаваме од пријавата на собарката. Покрај записот е пронајдена и распарчена книга. Делот од несреќниот ракопис што не успеал да преживее во целост брои четириесет страници. Започнува со 148-та. На маргините на првата страница испишано е со молив:  А што ќе остане од нас, господа? Љубовни писма… и неплатени хотелски сметки. Авторот и на двата записа е непознат.
Edward Hopper - Nighthawks
Edward Hopper – Nighthawks
Спирала
Скопје. Чиј е овој расказ?
На запрашените полици на изнајмениот стан ме пресретнаа неколку книги: „Странецот“ на Ками, „Болен Дојчин“ на Сталев, Избор драми од Стринберг, Одбрани драми од Чернодрински, Упатства за постапување на граѓаните во вонредни ситуации (издадена пет години по земјотресот во 63` со фотографија од него на корицата), „Совршени прашања, совршени одговори“ на ШриШримад, два тома на „Уради сам“, „Рачни работи“ (со поднаслов: плетење, везење, шиење, јазлење и други работи за спретни раце), „Тајна историја“ на Дурацовски и една стара тетратка со дијагонални линии во сино бело и розово. Набрзина го разгледав и остатокот од станот. Препознатлива естетика на просечно македонско семејство во осумдесеттите. Кујна, спална, тоалет и едeн мал затворен балкон. Ништо оригинално. Ми требаа три часа за да се распоредам. Потоа сварив кафе и седнав на троседот. Бидејќи мојата лична библиотека требаше да стигне за некој ден, зедов да ги разгледувам книгите. Ја зедов „Тајна историја“. Се отвори точно на 21. страница. Го читав бесконечното петнаесетто поглавје на Дурацовски чувствувајќи како се вртам во круг. Беше тоа дел од  расказот „Ноќна стража“. Наеднаш јасно го видов како го пишува расказот во полусветлата соба на неговиот дом. Годината е 1986. Сè уште не сум роден, а тој ги расфрлил книгите насекаде, отвора наводници и запишува: „Видов: катастрофа на авион, потонување на еден брод, себеси како одам по некој многу каллив пат, па одвреме-навреме тонам до колена.“ Потоа го видов како меѓу редовите запишува нешто нечитко со ситни букви. Се плаши дека нема да биде прочитано како што треба и почнува одново. Потем јасната слика како пишува ми се изгуби. Пред мене остана само неговата книга. Се присетив на последниот пат кога го видов. Пиеше кафе на терасата на „Синема“ во Струга. Молчеше. Во него бескрајно вртеше тишината. Звукот на компјутерот ми го прекина сеќавањето. Станав да проверам мејл. Во фидот од knizevnost.org беше пристигнат нов запис – интервју со Миленко Пајиќ: Pričajemonetazarazmenuosećanja. Тогаш почувствував како во мене тлее расказ како внатрешна температура што се појавува неочекувано и го мекнее телото. На масата најдов молив. Ја зедов тетратката со дијагонални линии и набрзина запишав:
Скопје. Чиј е овој расказ?
те нарекуваат призрак
те нарекуваат призрак, но во моите магливи стихови ти секогаш си мирис. мирис кој исцртувабавно и болно со ахроматските бои на јалово сеќавање. од север до југ, од југ до север: бледи линии.
те нарекуваат призрак, додека го гледам твоето тело како танцува на маргините. светот поминува покрај мојот прозорец. slow motion семафори. сенка сум во својот сон. сѐ што сум оставил зад себе, во себе, за себе. тоа што денот ми носи, ноќта ми одзема.
те нарекуваат призрак, но никој вистински не верува во тоа. црно на црно. црно на бело. кога завршува приказната? кога ќе ја раскажаме следната? ќе се отвори ли небото? ќе напиши ли некој голема буква за почеток?
те нарекуваат ѕвезда во отровно езеро. Велат за тебе постојат пет страни на светот, а за мене само оние – обичните четири. неважно. сеедно ми е каде те немам.
Поезија
Југ
start:
• (0 km)
• патуваме стихот и јас
• градот со проширени асфалтни вени јачи
• на север се лупат зградите кога се разголуваш
• на север гледам како те цртаат на ѕид
• графит
• ти
• (50 km)
• на еден билборд
• Москва (1923 km) →
• во една глава
• прашина
• и јас
• и топографијата на твоето тело…
• вртам цигара по кривиот напоредник на усните
• ветерот одѕвонува
• јас ве сакам Надењка
• ! таму е вистински север…
• (130 km)
• студот ме напушта
• веќе почнува да мириса на белина…
• на синило…
• на југ летаат штркови
• ≈ на југ езерото врие кога мислам на тебе ≈
• на југ секогаш
• за сѐ
• за сѐ се претерува¿
• (170 km)
start:
start:
• графит
• ти
• Москва (1923 km) →
• воеднаглава
• прашина
• ијас
• итопографијатанатвоетотело…
• вртамцигарапокривиотнапоредникотнаусните
• ветеротодѕвонува
• засѐ
• засѐсепретерува ¿
• (170 km)
start
http://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/07/nenadjoldeski.1-1024x576.jpghttp://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/07/nenadjoldeski.1-150x150.jpganonimenадмински пост - литературна манџаОстанатокнижевност,литература,македонска сцена,поезија,постмодернизам,уметници,уметностНенад Јолдески е роден во 1986 година во Струга. Автор е на книгата ШТАМАТА НА ЕНХАЛОН - збирка раскази со која победил на конкурсот НОВИТЕ распишан од издавачката куќа Темплум. За својата втора книга СЕКОЈ СО СВОЕТО ЕЗЕРО, Јолдески ја доби „Наградата за литература на Европска Унија“. Во...Нова мисла на пресушената почва.