На 19 април со почеток во 21 часот,  NEMA LABAVO ќе одржи концертна промоција за албумот ВО ЧИЕ ИМЕ ЗБОРИТЕ, соло проектот на SEAN – ЃОКО ЗАФИРОВСКИ (интервјуто со SEAN можете да го прочитате тука. ) Јавноста имаше можност да го слушне албумот на ЗЕМЈОТРЕС 6.


NEMA LABAVO поддршка ќе има и од други македонски бендови и тоа; ASTROLUNGS – кон крајот на 2017 јавноста беше заинтригирана поради појавувањето на песната ПРАВ,   KHARA –  најсвежиот пост – рок бенд од новата генерација музичари. Формирано во 2014, Куманово, KHARA имаат издадено едно ЕП, албумот ”There Were Heroes Amongst Us”, а најавен е вториот албум кој треба да излезе годинава, PLANKTONS – скопско surf-rock трио, македонски амбасадори за Мексико. Тие имаат издадено ЕП “El Plancton” и моментално работат на првиот студиски албум кој ќе биде издаден кон крајот на оваа година и HIGH CONTROL – во периодот од 10 години имаат три студиски албуми, многу настапи, меѓу кои и два на EXIT фестивалот. После цела деценија HIGH CONTROL се враќаат онаму каде што започнаа – сцената на МКЦ.

Албумот ВО ЧИЕ ИМЕ ЗБОРИТЕ може да го слушнете тука.

Билетите можете да ги набавите на билетарницата во МКЦ или онлајн на mktickets.mk

http://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2018/03/Webp.net-resizeimage-1-1024x576.jpghttp://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2018/03/Webp.net-resizeimage-1-150x150.jpgИвана СмилевскаМузикакултура,македонска сцена,МКЦ,музика,НЕМА ЛАБАВОНа 19 април со почеток во 21 часот,  NEMA LABAVO ќе одржи концертна промоција за албумот ВО ЧИЕ ИМЕ ЗБОРИТЕ, соло проектот на SEAN - ЃОКО ЗАФИРОВСКИ (интервјуто со SEAN можете да го прочитате тука. ) Јавноста имаше можност да го слушне албумот на ЗЕМЈОТРЕС 6.NEMA LABAVO поддршка ќе...Нова мисла на пресушената почва.