МАРКО ПЕТРУШЕВСКИ е роден 1976 година во Скопје, а дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје на Катедрата за општа и компаративна книжевност.

Неговата единствена поетска збирка ЕДЕН МЛАД ЗБУНЕТ ЧОВЕК (2001, АЗ – БУКИ), која доживува само едно издание, сe` уште “илегално“ кружи меѓу луѓето поради својата генијалност и луцидност.

Повеќе песни од ЕДЕН ЗБУНЕТ МЛАД ЧОВЕК може да прочитате тука.

Можам да зборувам

молчам,
а можам да зборувам,
можам дури и
да бидам
брилијантен соговорник,
духовит,
интересен,
разновиден,
луциден
но, решив да молчам
тоа е мојот збор
за вечерва

Сакам да ме боли како порано

кога ќе ме остават,
не ме боли како порано
се сеќавам се будев уплакан
слабеев по десет кила
месеци ми требаа
да се соземам
сега – тапа празнина
само тапа празнина
сто пати
поодвратна
од здрава црна болка
земам камен
и силно се удирам
по глава
ама, тоа не е тоа
моето крваво чело
не може
да го врати
времето назад

Ситуација

Гадно е
кога некој
те разбира
совршено добро
а не може да те сака
не може да те сака

Годишни времиња

сакам есен
ме скокоткаш со суви лисја
сакам зима
ме милуваш нежно со снег
сакам пролет
ми ставаш цветови во косата
а лето обожавам
не ми правиш ништо,
ама носиш бикини

Покана за излегување

Јас сум педер,
мојата уста е педер
моите заби се педер
сите до еден
и рацеве се педер
особено левата
и нозеве се педер,
новите чевли,
врвките на новите чевли
и ѓонот
сè – педер до педер
Но, и ти, мила моја,
признај
ајде признај
педер си.
таа твоја
срамежлива насмевка
е педер
и тие зелени очи
двоумење полни
се педер
и сега, пред малку
кога
помина со раката низ косата,
тој гест беше педер,
твојот врат е педер
и коските на вратот
и фустанот
твоите нозе,
врвовите на твоите палци
– сè се тоа педери
А оваа ноќ,
оваа скопска ноќ,
мила моја,
е еден
натртен
црвен
влажен
чмар
што чека
само на нас

Чашка

кога пијам
не пијам
само за себе

пијам и за сите
напуштени мажи,
за сите празни сиви животи,
за сите промашени луѓе
на светот

затоа ме фаќа
од една чашка

Двете лица на љубовта

некогаш љубовта е
најголемо задоволство
а некогаш е
длабока
длабока болка
во двата случаја
стенкаме

Работите во мојот џеб

Во левиот џеб
ја имам
50 денари,
употребен кино-билет,
парче хартија
со запишан телефон
од некој Стефан
што сега не ми текнува кој е,
имам едно мало моливче,
клуч од дома
со привезок во форма на автомобил,
клуч од кај баба ми,
слика на Ана
и пакетче мастики

Во десниот џеб
јас имам еден кондом
што за жал,
никако да го употребам
гратис за вечер
пола џоинт,
имам стуткана обвивка од чоколадо,
некои трошки,
стар џепен часовник без каивче
црвено ластиче
и седум семки

а ти?
што имаш ти?
утре полниш
дваесет и три.

 

BLACK CHILD, ACRILIC PAINTM COLLLAGE ON CANVAS 2015
BLACK CHILD, ACRYLIC PAINT COLLAGE ON CANVAS 2015

ЦРТЕЖИ: SALI ERTUNC

http://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2018/05/71887_1033326066710045_6884950571083779449_n.jpghttp://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2018/05/71887_1033326066710045_6884950571083779449_n-150x150.jpgpirejадмински пост - литературна манџакниги,книжевност,литература,македонска сцена,македонски автори,поезија,постмодернизамМАРКО ПЕТРУШЕВСКИ е роден 1976 година во Скопје, а дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје на Катедрата за општа и компаративна книжевност. Неговата единствена поетска збирка ЕДЕН МЛАД ЗБУНЕТ ЧОВЕК (2001, АЗ - БУКИ), која доживува само едно издание, сe` уште “илегално“ кружи меѓу луѓето поради својата генијалност и луцидност. Повеќе...Нова мисла на пресушената почва.