Документарниот запчаник, патувајќи низ три различни земји – Сибир во Русија, Македонија и Шведска, се обидува да ја пронајде онтологијата на љубењето, стравот од самотија и сплинот на досадата, љубењето омеѓено во историските традиции или пак во планета на индивидуалци:
1. Сибирска љубов (Олга Делане, 2016)
2. Барајќи ја среќата (Марија Џиџева, 2013)
3. Шведска теорија за љубовта (Ерик Гандини, 2015)

(2) Барајќи ја среќата (Марија Џиџева, 2013)

Работен наслов: Си барам невеста

Во македонските дневни весници осамнале насловите за триста ергени од Битола и битолско кои одат по невести во Русија и Украина. Локалниот дискурс на автентичната имагологија типична за малата средина, се судира со документарниот агон за рекордирање на човечката природа од страна на индивидуалецот од големиот град, оној кој имал поинаква можност. Во тој судар, започнува документарното следење на Марија Џиџева на приказните за осум мажи во потрага по она што нивните колективи го обележале како среќа.

Преспанско-пелагонискиот митрополит и руско-македонското здружение, среќата ја наоѓаат во демографските карти, тие се организатори на патувањето до Москва.

Мажите од битолско патуваат, тие имаат една посебна жизнорадосност и витализам, тие сакаат да пеат: „Доста време ерген одев“ се сменува со „Каќуша“.

„На човек на стапалката можеш да му згазниш, на среќата не можеш“.

I Надеж

Москва е местото на пристигнување, на средбата и очудувањето. Зафатени со тоа, тие се уште не знаат дека стануваат космополити од нашите сокаци.

„Девојките се супер. Сите се плави.“
„Јас без невеста назад во Македонија не се враќам. Ако треба овде во Русија ќе останам.“
„Последно Албанија останва, таму ни е сигурна работата.“

Балканскиот момент на само-практицирање на наметнатата егзотика е уште позасилен пред погледот на другиот. Така прави и гркот Зорба, соочен пред погледот на секогаш сталожениениот скоро млитав англичанец: тој нескротливо игра, пее, пие. Такво е и санчопанството на нашиот Мандана, застанат пред погледот на Мис Стон – тој е итар, игрив, ги познава сите народни мудрости и практики, тој со тоа ја воодушевува!
Така прават и нашите природни актери на свечената средба: еден од нив со гестикулкации во воздухот ја опишува совршената жена.

II Вера

Ближејќи се кон заокружувањето на нивните приказни, таквата „егзотичност“ на менталитетите пополека се губи, зошто таа никогаш не ни била вистинска. Вратени во своите патријархални огништа, каде жените не наследуваат имот, тие се обзаруваат пред нас поинаку:

„Во животот да не бидам сам. Монотонијата е лоша“.
„Жените заминуваат во градот.“
„Не е да се ожениш само од мајтап.“

Сликата е бистра и искрена – со оној кој предходно не насмеал, сега можеме да сме и тивки и сериозни. Нивен е обидот за соблекување од рувото на нормата, колективниот пристисок и предрасудата, иако тоа го прават скоро незабележително. Со нивното дефинирање на стравот од самотијата, обидот да се бара својата среќа, тие ближејќи се кон крајот стануваат универзални космополити, амбасадори на своите родни места кои се мали, но носат своја приказна, тие стануваат наши огледала на нашите поднебја.

III Љубов

Единствен женски глас кој продира, е оној на Регина од Москва. Овај пат таа патува кон Македонија, кон родното место на Тодор. Двајцата, на слична возраст и сензибилитет – се пронаоѓаат себе си. Таа веќе знае македонски. Стапуваат во брак.

„Мајка ми ме праша – ти стварно сакаш да заминеш?“,
„Не знам, но морам да пробам“.

Тие веќе не идеализираат, стануваат разголено искрени пред својот витализам, можеби знаат дека на овие патувања се бараат себе си.

*Агенција за филм на РМ, Барајќи ја среќата.

http://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/05/pursuitofluck-1024x576.jpghttp://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/05/pursuitofluck-150x150.jpgИвана ХаџиевскадокуЛокум - кратко. слатко. онтолошки.Филмљубов,документарен филм,живот,мажи,традицијаДокументарниот запчаник, патувајќи низ три различни земји – Сибир во Русија, Македонија и Шведска, се обидува да ја пронајде онтологијата на љубењето, стравот од самотија и сплинот на досадата, љубењето омеѓено во историските традиции или пак во планета на индивидуалци: 1. Сибирска љубов (Олга Делане, 2016) 2. Барајќи ја среќата (Марија...Нова мисла на пресушената почва.