Џез музиката доаѓа од New Orleans. Затоа џезот постојано се поврзува со американската музика.  Во средината на 1800-тите во време на ропството и сегрегацијата, уметноста на џез музиката почнува да се шири на југ. Црнците, белците, мажите, жените од сите возрасти и општествени слоеви и позадини се здружуваат и создаваат нова, повеќе уметничка форма на музика односно џезот.

Она што ја прави џез музиката толку специфична е тоа што овој тип на музика е непредвидлив. Луѓето едноставно се собирале и свиреле на своите инструменти, обично бас, труба или пијано репродуцирајќи единствени и неповторливи мелодии. Оваа музика е уживана од многумина, и е еден вид прозорец кон многу други видови на музика кои се развиваат и потекнуваат токму од џезот. Овие други видови на музика го вклучуваат блузот.

Life is a lot like Jazz,

it’s best when you improvise.

– George Gershwin

Периодот кога џезот е во својот почетен развој, е периодот кога и за музичарите и за слушателите се создава начин да се заборават сите проблеми и едноставно да се ужива во новите звуци. Робовите пееле и свиреле додека работеле на плантажите со цел побрзо да им помине времето. Многумина веруваат дека токму овде треба да се гледа раѓањето на џез музиката.

Во текот на џез ерата, избувнува и граѓанската војна во Америка. Џезот не само што се свирел за задоволство туку веќе станува и начин да се изразат чувствата, начин на кој ќе се раскажуваат приказни преку музика. Ваквото градирање на џезот добива ново име – блуз. Блузот де факто е форма на џезот во кој би се појавил препознатливиот бавен ритам и ритмичка приказна синхронизирана со бит. Ненадејниот бран на друга форма на џезот, предизвикува испомешани чувства.

Доколку сте тип на човек кој едноставно ужива во џезот и го сфаќа како сериозна музичка форма ова е соодветно џезерско патување за вас. Постои листа на 20 џез албуми кои мора да ги преслушате. Секој од нив е извонреден и веродостоен џез албум. Листата вклучува албуми како „King of Blue“ на Miles Davis, „Waltz For Debby“ на Bill Evan како и John Coltrane со албумот „Blue Train“ . Сите три ја прават листата на најважните џез албуми досега. Исто така овде се вклучуваат и некои албуми кои соодветно ја прошируваат границата на жанрот, како „Satchmo at Symphony Hall“  на Louis Armstrong кој всушност претставува генеза на неговите „All Stars“. Тука е и Ella Fitzgerald со албумот „Mack The Knife“, со кој во Берлин во 1960 година потврдува дека таа е една од (нај)добрите и (нај)големите џез вокали. Овде секако се надоврзува и Billie Holiday со албумот „Billie Holiday Sings“.

Во продолжение ги набројуваме MUST албумите во џезот!

Повеќе информации поединечно за албумите и артистите можете да најдете овде!

http://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/08/20623387_2093524650673658_1758127723_o-1024x576.pnghttp://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/08/20623387_2093524650673658_1758127723_o-150x150.pngИрена ТрајковаМузикаџез,историја,музикаЏез музиката доаѓа од New Orleans. Затоа џезот постојано се поврзува со американската музика.  Во средината на 1800-тите во време на ропството и сегрегацијата, уметноста на џез музиката почнува да се шири на југ. Црнците, белците, мажите, жените од сите возрасти и општествени слоеви и позадини се здружуваат и...Нова мисла на пресушената почва.