Евгенија Максимова, една од најинтересните репрезенти на балканската и источно-европска современа фотографија, посетила стотици куќи во регионот, барајќи само една работа: „покажете ми ја кујната!

Родена во Русе, мал град во источна Бугарија, го открила фотографирањето случајно, по неочекуваната смрт на мајка си – реномирана бугарска уметница. Сé започнало кога пред осум години, човек во поодмината возраст ѝ го подарил негововиот стар аналоген фото-апарат, Hasselblad, и ѝ побарал да го подаде како антиквитет во Австрија, каде Евгенија Максимова студирала новинарство и комуникациски науки.
Во опседнатиот со „дигиталија“ Балкан, скоро е невозможно да се најде лабараторија за развивање аналогни филмови.

Тој беше доста приврзан за својот фото-апарат. Ме научи како да го користам, па јас го задржав Hasselblad за себе си и почнав да фотографирам“, објасна Евгенија Максимова.

Фотофрафијата тогаш стана несвесна алатка за процесирање на смртта на нејзината мајка, водејќи ја да бара антрополошки поврзани проекти. И во крајна линија нејзиниот проект “The Balkan Kitchen”, за SEE initiative new perspectives: from Balkan photographers.

Стомакот на Балканите

Во рок од една година, фотограферката пропатувала во девет земји на Балканот, не запоставувајќи ги и руралните и одделените региони, за да фотографира кујни во живеалиштата на семејствата кои ги посетила. Она што произлегло од тоа, била една антологија на балканското несвесно, на онај најмалце спектакуларен и најмалце „уреден“ простор од куќата, оној простор кој луѓето често го чуваат од другите погледи и некако им е најблизок. Со тоа тој простор станува автентичен, најмалку контаминиран од диктатите на трендовите на новите балкански економски „напреднати“ жители.

Кујнските ќошиња се микро-простори каде најблиската историја е огледана, заедно со траги од селеското минато на најголем дел од балканските луѓе. Во регион каде секоја земја научила да се гледа себеси како посебно ункикатна, независна и одделена од своите соседи, смислата за колективност избувнува: не можеме да разликуваме Албанска од Српска кујна, или Бугарска од Македонска.

„Невидов разлика, сличностите се поклопуваат и не водат до заедничката историја на регионот“ – вели Макимова.

Ова е историја од Отоманските времиња, кога Балканот беше отворен простор, неомеѓен. Но, ова е исто така и поблиска историја, онаа од социјалистичките времиња: независно од разликите во секоја балканска земја, не води до сличен феномен во сите нив. Сличен е и пристапот на луѓето кон оној кој фотографира:

тешко беше да ги убедам луѓето да ми дозволат да ги фотографирам нивните простори на интимноста. Сите ми поставуваат илјадници прашања за мене, за фотографиите и за мојата работа“, Максимова објаснува.

„Мислам дека тоа е остаток од стравот од „тајните служби“, но највеќе е од предострожноста кон новинари и медиуми.“

Проектот за Балканските кујни наскоро ќе се преточи и во книга насловена „Кујнски приказни од Балканот“. Со ова, бугарската фотограферка станува дел од генерацијата на млади блакански уметници кои ја искористиле својата работа за да излезат од националните изолации и повоторно да ја преосвојат балкансктата димензија како заеднички културен простор. И во овај случај, патот кон интер-балканска отвореност започнува преку живеењето во Западна Европа и средбата со мултикулурализмот на секоја западна метропола.

Живот кој стои, живот кој се движи

Фотографиите имаат контемплативна и носталгична аура, потсетувајќи на мртвата природа од сликарството. Медиумскиот формат го интензивира елементот на класичност. Евгенија Максимова тврди дека својата инспирација не ја извлекла директно од класичното сликарство, но признава дека тоа имало удел во нејзината работа, посебно Бош и Караваџо.
Аурата на носталгија не доаѓа од пост-продукцискиот дел, ами од тонот на филмот кој таа го користи: Kodak за топлите нијански, Fuji за сините и ладните тонови. Бавна фотографија, внимателна кон композицијата, таа си бара долга експозитура, бидејќи самата балканска кујна е најчество кратко-осветлен ќош, одделен од останатите простории.
Како резултат од овај проект произлегуваат уметнички делчиња кои се нишкаат меѓу истражување и атрополошки визуален есеј.

Променливиот шарм на пост-социјалистичкиот кич

Додека го спроведуваше својот проект за кујнските приказни на Балканот, фотограферката наиде на уште еден феномен кој балкнаските кујни го наследиле од нивниото пост-воено минато кое го делат сите балкански земји од поранешниот социјалистички блок: рампанта кич естетика.

„Додека фотографирав за проектот, многу спомени од детството испливаа на површина. Дома имавме многу евтини предмети, прибори, чаши, орнаменти кон кои се однесувавме со голема грижа“.

Вака започнува нејзиното истражување за кујните, не само во балканскиот регион, туку и на просторите на поранешните советските зони.

Пристапен до масите, кичот станува сурогат на убавината, но и бунтовник против критериумите на соц-реалистичката уменост која претпоставуваше стриктен, унитарен аспект. Некаков непретенциозен потег кон повеќе светлина и позитивна енергија.

На крајот, кичот станува естетска вредност зададена од новите економики во Источна Европа, во трката кон покажување на новиот статус. Уште повеќе, запрепастувачки е да се види погребната естетика која се изнедри на гробиштата во некои од поранешните социјалистички земји. Тука поменот на мртвиот станува помалку контемплативен, а повеќе обликуван од социјалните потреби/статуси на роднините. Меѓу иронијата и гротеската, Евгенија Максимова го обесмрти феноменот во другиот нејзин проект „Дестинација вечност“ (Destination Eternity), правејќи серија ретроизирани фотографии преку кои се анализира сегашното.

[Извор] http://www.thetripmag.com/artecultura/balkan-kitchens/
[Кон галеријата – Е. Максимова] https://www.lensculture.com/articles/eugenia-maximova-kitchen-stories-from-the-balkans#slideshow

http://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/04/38563-1-1024x576.jpghttp://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/04/38563-1-150x150.jpgИвана ХаџиевскаВизуелноБалкан,документаристика,дом,интимност,Источна Европа,кич,микро-простори,пост-социјализам,приватна сфера,ФотоЕвгенија Максимова, една од најинтересните репрезенти на балканската и источно-европска современа фотографија, посетила стотици куќи во регионот, барајќи само една работа: „покажете ми ја кујната!“ Родена во Русе, мал град во источна Бугарија, го открила фотографирањето случајно, по неочекуваната смрт на мајка си – реномирана бугарска уметница. Сé започнало кога...Нова мисла на пресушената почва.