ШНИТ – МЕЃУНАРОДЕН ФЕСТИВАЛ ЗА КРАТКИ ФИЛМОВИ – 20 октомври 20:00 ч.
РЕВИЈА НА КРАТКИ ФИЛМОВИ ОД АСТЕРФЕСТ21 октомври 20:00 ч.

ШНИТ – ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ ЗА КРАТКИ ФИЛМОВИ

На 20 октомври, со почеток во 20 часот, во Кинотека на Македонија ќе се одржи меѓународниот филмски фестивал ШНИТ, во чии рамки ќе се прикажат шест краткометражни филмови од шест различни земји.

На кинотечното платно публиката ќе може да ги погледне филмовите: ДЕНОТ НА БАБА на Милош Саковски од Полска, КАКО Е ТВОЈАТА ПРОСТАТА на Жан Патруле и Сесил Русе од Франција, ОКСИТОЦИН на Лудвиг Локингер од Австрија, МАЈКА на Симон Меса Сото од Колумбија, ВТОР КАКО НИКОЈ на Винсет Галагер од Ирска и МИРИСОТ НА ДОЖДОТ на Сара Бордо од Канaда.

Интернационалниот фестивал на краток филм ШНИТ своето прво издание го има во 2003 година во Берн, додека пак денес тој претставува преведувачки филмски фестивал кој истовремено се одвива во повеќе градови, на пет континенти каде се претставуваат филмски остварувања од различни светски кинематографии.
Овојпат КИНОТЕКА НА МАКЕДОНИЈА овозможува увид во ова интернационално филмско случување со прикажување на потесен избор од шест кратки филмови кои имаат нов пристап кон тематиките кои ги обработуваат и се пример за нови кинематогрфски перспективи.

На 21 октомври со почеток во 20 часот во Кинотеката на Македонија ќе се одржи РЕВИЈА НА КРАТКИ ФИЛМОВИ ОД АСТЕРФЕСТ.
Филмовите кои ќе бидат прикажани беа дел до 13-тото издание на меѓународниот филмски фестивал АСТЕРФЕСТ.

Ревијата ќе започне со добитникот на оскар за краток филм ПЕЈ, во режија на Крисоф Деак од Унгарија, а потоа ќе следат филмовитe, ВИОЛИНАТА НА ЏО во режија на Кахејн Куперман, добитникот на наградата „Златна потковица“ на 13-тиот меѓународен филмски фестивал „Астерфест“, анимираниот филм ПОЗАЈМЕНО ВРЕМЕ на Ендрју Коутс и Лу Хамоу-Ла, добитникот на признанието за најдобар анимиран филм на „Астерфест“ АВИОНОТ на Хесус Мартинез Нотана Хесус Мартинез, добиникот на старозлатен проектор на Астерфест ОДОТ НА ПИЈАНИЦАТА, добитникот на признанието за најдобар краток филм ЖИВЕЕ на Елена Пискарева, како и добитникот на наградата „Бронзена потковица“, филмот ПОСЕТИТЕЛИТЕ на Тео Пападулакис.

http://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/10/Live-elena-piskareva-1024x576.jpghttp://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/10/Live-elena-piskareva-150x150.jpgИвана СмилевскаВизуелновизуелна уметност,култура,филмски фестивалШНИТ – МЕЃУНАРОДЕН ФЕСТИВАЛ ЗА КРАТКИ ФИЛМОВИ - 20 октомври 20:00 ч. РЕВИЈА НА КРАТКИ ФИЛМОВИ ОД АСТЕРФЕСТ - 21 октомври 20:00 ч. ШНИТ - ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ ЗА КРАТКИ ФИЛМОВИ На 20 октомври, со почеток во 20 часот, во Кинотека на Македонија ќе се одржи меѓународниот филмски фестивал ШНИТ, во чии рамки ќе...Нова мисла на пресушената почва.