Домот на млади во Панчево ги повикува сите заинтересирани млади автори да испратат свои дела на годинашниот 41 по ред конкурс за Зборникот поезија и кратка проза за млади од просторот на екс-Ју, „Рукописи 41“.

Конкурсот ќе биде отворен до 20 февруари 2018 година, а право на учество имаат авторки и автори од 15 до 30 години кои пишуваат на јазиците на поранешните екс-ЈУ републики и јазиците на националните малцинства.

Требa да се испратат до 3 песни и/или 3 кратки раскази: песните со должина до 2, а расказите до 3 компјутерски страници (значи, до 7000 знаци, фонт со големина 12), потпишани со полно име и презиме, година на раѓање, адреса, број на телефон и е-пошта (во фајлот со делата и во „телото“ на е-пораката!) на:

zbornikrukopisi@gmail.com или Дом омладине Панчево, Светог Саве 10, 26000 Панчево, Србија (со назнака „за Рукописи 41“)

Не е задолжително испраќањето на двете адреси, туку по избор, по обична или електронска пошта, а предност има електронската пошта.

Се молат авторите да ги почитуваат правилата на конкурсот и рокот за испраќање на делата.

„Рукописи 41“ ќе излезе од печат на почетокот на мај оваа година, а кон крајот на мај е планирана и промоција во Панчево, односно дводневен фестивал. На авторите од Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Македонија и Црна Гора кои нема да бидат во можност да дојат на промоција на Зборникот, примероците ќе им бидат пратени по пошта.

http://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2018/01/pancevo-1024x576.jpghttp://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2018/01/pancevo-150x150.jpgpirejКнижевносткнижевност,литература,македонски автори,поезија,постмодернизамДомот на млади во Панчево ги повикува сите заинтересирани млади автори да испратат свои дела на годинашниот 41 по ред конкурс за Зборникот поезија и кратка проза за млади од просторот на екс-Ју, „Рукописи 41“. Конкурсот ќе биде отворен до 20 февруари 2018 година, а право на учество имаат авторки...Нова мисла на пресушената почва.