Пред неколку години, во центарот на Скопје постоеше едно катче наречено Автономен културно-социјален центар. Со својот манифест, тој се декларираше како слободна зона за општествено ангажирно делување, дебатирање, активизам и дружење. Многумина најдоа инспирација токму поради слободата на израз и пријателската аура која не познаваше класни, расни, родови, верски и други разлики меѓу луѓето.

Акцентот беше ставен на создавање утопија во пракса, потрага по еден алтернативен начин на живот кој се базира на една основна вредност: почит кон животот. Така, во рок од една година се случија повеќе од 200 настани: филмски проекции, перформанси, поетски читања, работилници, изложби, свирки, колективна кујна, часови по јазици, размена на добра, формирање сопствена библиотека итн. Центарот беше привремен дом за разни уметници и патници од странство кои за возврат ги споделуваа своите вештини и приказни со непроценлива вредност. И сето тоа се случи волонтерски и врз основа на доброволни донации!

Меѓутоа, еден ден центарот доживеа финансиска криза и мораше да паузира со својата работа. Денес, повторно собравме сили да го кренеме на нозе здружени под името Коприва Колектив и секој кој е пријател на оваа идеја, може да ја поддржи со донација на линкот подолу или да го пренесе зборот понатаму.

Благодарност од срце!

SUPPORT AKSC

 

http://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/11/aksc-1024x576.jpghttp://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/11/aksc-150x150.jpgМарија БошковскаАнтроПропомакедонијаПред неколку години, во центарот на Скопје постоеше едно катче наречено Автономен културно-социјален центар. Со својот манифест, тој се декларираше како слободна зона за општествено ангажирно делување, дебатирање, активизам и дружење. Многумина најдоа инспирација токму поради слободата на израз и пријателската аура која не познаваше класни, расни, родови, верски...Нова мисла на пресушената почва.