Утре (4ти јули) во ВИНИЛ ќе биде лансирана, без да биде свечено презентирана – апликацијата Jukebox2. Ваше е да дојдете и сами да ја креирате забавата што ја сакате.

Кога ќе ја вклучите апликацијата веднаш ќе забележите дека има многу едноставен интерфејс. Сѐ што треба да направите е да изберете место (кафуле) од понудената листа и потоа да гласате песните кои сакате да ги слушате. Оние песни кои имаат најмногу гласови се искачуваат на врвот на плејлистата и тие ќе бидат следни за слушање. Апликацијата е достапна за Iphone и Android.


Пред презентацијата на Jukebox2, поразговаравме со Јован Димитров, DJ /ТОЈ ГЛАВНИОТ НА БЛОГИРАМЕ/ но овој пат и ПР на тимот позади Jukebox2.

ПИРЕЈ: Кажи ни нешто повеќе за начинот на кој функционира Jukebox2?

ЈОВАН: Идејата е следна: Jukebox2 содржи база каде секое кафуле ќе може да си закачи своја музика во вид на плејлиста. Песните ќе почуваат по тој редослед, се додека со гласање од страната на гостите песната не се искачи на првото место односно да биде следна за слушање, со што се демократизира начинот на слушање музика во едно кафуле. Преку барот за пребарување, слушателот т.е гостинот може да пронајде кое кафуле ги има ставено на својата плејлиста песните кои тој ги преферира и да го избере токму тоа кафуле за негова дестинација. Се разбира, останува на локалите дали би се одлучиле на организирање на вечери каде нивните гости би биле ДиЏеи, колку часа програмата би била активна и слично.
Јас искрено ептен верувам во ова ама секогаш кога сум бил загреан за идеја испаѓало глупости, па ќе видиме како ќе биде.

ПИРЕЈ: Некои идни планови за Jukebox2– апликацијата од НАРОДОТ ЗА НАРОДОТ?

ЈОВАН: Моментално работиме на демонстрирање на основната функционалност на апликацијата и сакаме идеите за нејзино развивање да ги добиеме од самите корисници. Истовремено се развиваат премиум и платежните модели на апликацијата.
Намерата ни е – под НИ Е подразбирам: (Михајло Младенов [CEO], Миодраг Цекиќ – Мартин Чоревски [основачи и развоен тим] и јас [ПР]) апликацијата да биде користена во Скопје, до крајот на летото веќе да биде користена низ Македонија, а крајната цел, се разбира е светска доминација 🙂.

ПИРЕЈ: Каква е иднината на DJ-те после светската доминација на Jukebox2?

ЈОВАН: Не треба да се чувствуваат загрозени, ова ќе биде само уште една платформа каде најдиректно ќе може да го „слушнат“ гласот на народот и своите фанови. Доколку се добри секако луѓето ќе ги бараат/гласаат/слушаат нивните песни и миксови.

http://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/07/jb2-f-1024x576.jpghttp://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/07/jb2-f-150x150.jpgWhite RabbitRed PillМузикаУтре (4ти јули) во ВИНИЛ ќе биде лансирана, без да биде свечено презентирана - апликацијата Jukebox2. Ваше е да дојдете и сами да ја креирате забавата што ја сакате. Кога ќе ја вклучите апликацијата веднаш ќе забележите дека има многу едноставен интерфејс. Сѐ што треба да направите е да изберете...Нова мисла на пресушената почва.