1955 е годината во која се случува првиот џезерски switch за младиот John Coltranе. Дури пет години подоцна официјално ја започнува својата соло (релативно кратка) кариера. Имено, саксофонистот Coltranе е меѓу најважните, а не толку познати музичари кој де факто прави промена во светот на џез музиката. Фасцинантно е дека она што го создава во тој период е премногу материјал за да се објави во еден животен век. Затоа издавачките куќи продолжуваат да објавуваат и по неговата смрт.

Радикалист кој постојано го менува својот стил во текот на музичката кариера со што прави многу конфузија во неговата дискографија.

Стои критичен јаз меѓу почитувачите на неговата рана, можеби и поконвенционална работа и неговата подоцнежна која води кон апстрактни музички експерименти. Како и да е, никој не се обидува да ја доведе во прашање достојната определба на Coltrane кон џезот, никој не смее да се посомнева во неговото значење во историјата на музиката генерално. John Coltrane својата кариера ја започнува во community band каде свири на кларинет и tenor horn а подоцна продолжува да свири алто саксофон во средношколски бенд.

На почетокот на својата кариера, свирел по локални клубови. Но, не престанал да се движи низ музичките лавиринти се до есента 1947 кога се случува расчекор во неговата кариера, односно од алт се префрла во тенор саксофон. Некои сметаат дека ваквиот премин кај John Coltrane се случува по средбата со алт саксофонистот Charlie Parker. Coltrane се водел од чувството дека познатиот музичар веќе ги исцрпил можностите на инструментот. Други пак, велат дека промените кои ги прави Coltrane би требало да се дефинираат како „just because“. Водејќи се по примарните импровизациски принципи на џезот како форма, тој продолжува да експериментира и да се развива. Во 1949 се приклучува на големиот бенд предводен од Dizzy Gillespie. Тоа му помага на Coltrane на 1 март 1951 година да се обиде да го сними првото свое соло за време на перформансот „We Love to Boogie“ токму со Dizzy Gillespie.

Свири со различни бендови, главно околу Филаделфија, во почетокот на 50-тите, а неговиот голем и прилично најзначаен проект следува во 1954 година, кога Johnny Hodges, бидувајќи привремено отсутен од  бендот на Duke Ellington, го заменуваат со John Coltrane. Соработката не завршува славно за Coltrane, поради неговата зависност која постојано му попречувала во посветеноста и истата година се враќа во Филаделфија. Таму, година подоцна Miles Davis го зема под своја закрила. Токму таа соработка е клучна за неговата кариера која му помогнала да биде слушнат. Екстензивен спој од кој произлегува маестрални остварувања со издавањето на „The New Miles Davis Quintet“  и низа други. Соработката со Miles Davis за Coltrane е период во кој често се детектира неговата улога на sideman иако редовно се појавувал речиси во сите музички сесии кои уште важат за џез класици.

Обидот да ги напушти темните хероински сфери бил неуспешен, па така во 1956 Miles Davis бил приморан да ја прекине соработката со него. Во 1957 година, Coltrane формално потпишува договор со продуцентската куќа „Prestige“ како соло изведувач. Miles Davis му помага да се осамостои и да се ослободи од потребата да свири во мешани бендови. Го објавува својот recording debut нарекувајќи го едноставно „Coltrane“ изведен со помош на неговиот нов состав pick up band. Реобјавувањето на албумот е издаден под името „First Trane“.

Со текот на времето развива техника на свирење неколку ноти одеднаш и неговото соло почнува да трае подолго. Вториот самостоен албум на Coltrane снимен и објавен под негово име е токму „Blue Train“ објавен во 1957. Истата година кога повторно се придружува на Miles Davis свирејќи секстет заедно со Cannonball Adderley. Наредната 1958 година се снимаат „Lush Life“, „The Last Trane“, а истата соработка останува и за „The Believer“ во 1964.  In between sessions, конечно третиот албум повторно е издаден само под неговото име, „Soultrane“. Именуван како „angry tenor“, за подоцна Ira Gitler да го одбрани саксофонистот со многу попрефинето дефинирање на неговата музика како „sheets of sound“.

Продолжува со сесија успешни албуми како „Standard Coltrane“, „Stardust“, „Bahia“. Во 1959 се префрлува во друга издавачка куќа „Atlantic Records“ каде се создава маркантниот албум „Kind of Blue“ кој остана да важи за ерудитивен премин. Овој значаен албум познат по својат „modal playing“ импровизации базирани на скали или „modes“ наместо на акорди, е најпродаваниот и еден од најценетите џез алуби во историјата на џезот. Токму „Kind of Blue“ е албумот кој го означи Coltrane како главен џез изведувач покрај трите претходно објавени соло албуми и многубројни соработки. Неговиот следен проект „Coltrane Jazz“ е јасен показател за неговата самостојност и зрелост како сопран саксофон и тенор.

„My Favorite Things“ доживува комерцијален успех, на кој се надоврзува и албумот „Olé“. Следува период каде музиката на Coltrane се развива во алтернативен правец, почнува да се чувствуваат слободата и авангардните вибрации. Навидум безобѕирен, без конкретна форма, проширен „solos“ кој пак се детектира како импресивен чекор. Дали екстремизмот на John Coltrane го однесе до „A Love Supreme“ кој после „Blue Train“ станува еден од најпознатите best selling албуми носејќи му две Grammy номинации, за џез композиција и изведба. Неговиот живот и кариера завршува со албумите „Kulu Se Mama“, „Expressions“ и „Meditations“. По неговата смрт се објавуваат уште голем број негови дела.

John Coltrane за мене останува еден од највлијателните џез музичари. Инспирира да се експериментира во музиката, оставајќи зад себе дела кои може одново и одново да се редефинираат.

Повеќе за него и неговата музика може да најдете на неговиот официјален сајт.

http://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/12/FEATURED-1-1024x535.jpghttp://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/12/FEATURED-1-150x150.jpgИрена ТрајковаМузикаџез,историја,музика1955 е годината во која се случува првиот џезерски switch за младиот John Coltranе. Дури пет години подоцна официјално ја започнува својата соло (релативно кратка) кариера. Имено, саксофонистот Coltranе е меѓу најважните, а не толку познати музичари кој де факто прави промена во светот на џез музиката. Фасцинантно е дека она...Нова мисла на пресушената почва.