Човекот кој му помогна на светот да создаде дефиниција за Поп Арт културата во 60те години со своите смело насликани монтажи на комерцијални слики.
Како и неговите современици Andy Warhol и Roy Lichtenstein кои развивајќи го графичкиот стил со поинаков уметнички сенс во раните 1960ти започнуваат нешто поразлично со што традиционалистите го отвараат прашањето дали патот по кој се движи уметноста не е истиот кој води кон уништување на истата? Но, енергијата која го движи поп артот успева да комуницира со широката публика и со енормен ентузијазам всушност и е прифатена.

Поп Арт уметниците како почетна точка на секоја своја креација избираат слики и предмети од мас медиумите и популарната култура, вклучувајќи реклами, стрип како и сите продукти кои веќе припаѓаат во mainstream потрошувачка група. Тие, исто така применуваат техники кои до тогаш биле поврзани пред се со комерцијалниот и индустрискиот метод на продукција/производство како на пример silk screening или во случајот на James Resenquist билборд сликарството. Имено, вниманието кое го привлекува кон себе е токму двојството помеѓу знаковното (sign paint) и апстрактното сликарство. Сепак, неговата цел е токму обидот да се направи една фузија на сликарската естетика со семиотиката на преплавените медиуми со контермпоралната реалност. Инспириран од традицијата на надреалистичките колажи, како и од монтажата на дизајните на современата реклама со цел да се создадат композиции од исечоци и фрагментирани слики на автомобили, филмски ѕвезди, прехрамбени производи и сл. Насликани од на луцидно симплифициран и реалистичен стил сликите можат да се гледаат и како критика на современиот конзумеризам но и како глетка на колективната американска свест.

Сликите кои ги направил Rosenquist ретко содржат очигледни политички пораки, но неговото најпознато дело, енормната „F-111“ направена во периодот помеѓу 1964 и 1965 година е дел од протестот против Американскиот милитаризам кое моментално се наоѓа во Музејот за модерна уметност (МоМа) во Њујорк.
Оваа слика се појавува во дефинитивно напнат и бурен период во Америка, ескалацијата на Виетнамската војна и анти-воениот активизам. Преку оваа експанзија на визуелни мотиви, „F-111“ поентира на она што уметникот го опишал како: „дослух меѓу Виетнамската смртна машина, конзумеризмот, медиумите и рекламирањето.“

Во текот на својата кариера, Rosenquist експериментирал и со склупторска монтажа и еколошки инсталации, а понекогаш спроведувал три-димензионални објекти на неговите слики. Но тој остана запаметен првенствено како репрезентативен сликар. Во подоцнежните години од својот живот, некои од неговите слики се доближуваат до футуристичкиот стил, калеидоскопска апстракција, но играта со различните видови слики и илузии ги задржува до крај.

Првата самостојна изложба ја прави во „Green Gallery“ во 1962 година каде сите негови дела се распродадени. Истата година неговата работа е вклучена во истражувањето на новата уметност во галеријата „Sidney Janis Gallery“ наречено „Меѓународна изложба на Новите Реалисти“ со што всушност се втемелува признанието на поп артот на мапата на современата свест. Тој никогаш суштински не се грижел за терминот кој ќе биде ставен на неговото творештво, но по половина век опишуван како Поп Арт уметник го прифаќа иако тврди дека тој не знаел што всушност значи Поп Арт.

http://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/04/aa94f8868f166e308a390a1d05d452a5-1-1024x576.jpeghttp://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/04/aa94f8868f166e308a390a1d05d452a5-1-150x150.jpegИрена ТрајковаВизуелновизуелна уметност,култура,Поп Арт,уметници,уметностЧовекот кој му помогна на светот да создаде дефиниција за Поп Арт културата во 60те години со своите смело насликани монтажи на комерцијални слики. Како и неговите современици Andy Warhol и Roy Lichtenstein кои развивајќи го графичкиот стил со поинаков уметнички сенс во раните 1960ти започнуваат нешто поразлично со што...Нова мисла на пресушената почва.