Џемал Уаријачи е холандски писател познат по неговите современи приказни кои ги преиспитуваат и актуализираат темите означени како табу. Неговата книга „Глад“ беше преведена на македонски и претставена на публиката во рамките на фестивалот за европска литература, BOOKSTAR. Во краткото интервју кое го направивме со него разговаравме на различни за важноста на политичката и општествената критика, за неговата книга и табуата ва модерното општество.

Интервју

1. Кое е моментално најголемото табу според вас?

    „Јас мислам злоупотребата на деца, барем што се однесува до мојата книга, е едно од најголемите табуа и со добра причина. Исто така, насекаде низ Европа, десницата како политичко крило е во подем, тоа до некаде ја прави левицата табу, а под левица мислам на идејата која се стреми кон создавање општество кое е добро за сите. Не знам, многу земји се менуваат денес, барем од таму од каде што јас доаѓам, Холандија, има многу десничарски партии, па речиси е табу да се биде социјалист, не во комунистичка смисла, туку само како идеја.“

2. Книгата може да биде многу моќен медиум, се додека има кој да ја прочита. Како литературата повторно да го врати вниманието на јавноста?

    „Како писател не мора да правите ништо, нема правила за писателите, но за мене лично, она што јас сакам да го правам е да пишувам прикази за нашето време. Писателот може да пишува и историски романи, но тие сепак да бидат книги на нашето време, контемпорални и достапни за денешните луѓе. Во книгата има многу повеќе длабочина отколку во повеќето филмови, па мислам дека луѓето може да имаат различно искуство, не неопходно подобро, но различно од другите видови уметност и забава. Се додека сте посветени на таа работа, да ги убедите луѓето дека може да добијат нешто од книгата, мислам дека можеме да ја одржиме читателската култура.“

3.  Името на вашата книга е „Глад“, книга која има тенденција да зборува за важни општествени настани и приказни. Дали чувствуваш потреба да пишуваш за работи за кои многу луѓе не би се осудиле да пишуваат? 

    „Јас не чувствувам некоја посебна потреба, но мислам дека литературата секогаш треба да пишува за работи кои не можеш да ги најдеш на друго место. Забавата е секогаш тука да ги задоволи луѓето, што е во ред, но кога мислиме на уметност обично очекуваме нешто различно од нашето секојдневие. Според мене, мислам дека ова важи за повеќето читатели, тие во книгата бараат препознавање, сакаат во книгата да се препознаат себе си и нивниот живот и тоа е во ред, но јас како читател сакам во книгата да откријам нешто различно. Нешто што не го знам или што не сум го искусил. Мислам дека книга може да го направи твојот свет поголем, тоа е она што јас го барам во книга. Значи да, литературата е едно од оние места каде ја имаш слободата да ги соочиш луѓето со работи кои тие можеби не сакаат да ги слушнат.“

4. Дали ти се допадна дизајнот на корицата од книга и дали мислиш дека е метафорично соодветна на темата? 

    „Јас сум многу задоволен со насловната страна и не го велам ова за да бидам љубезен, навистина ми се допаѓа. Содржи неколку значења. Секако на едно многу очигледно ниво, книгата се вика „Hunger“  на англиски или „Глад“ на македонски, значи виљушката е очигледен избор, но фактот што истовремено изгледа како рака и прст, тоа и дава на корицата чуден и вознемирувачки изглед што е добро поврзано со темата на книгата. Мислам дека тоа е многу добро решено.“

5. Дали мислиш дека се уште има место за табуа во модерните општества?

    „Мислам дека има потреба за табуа, но исто има потреба тие табуа дас е напаѓаат и преиспитуваат. На пример, во мојата книга, еден од карактерите зборува за сексуалноста и  јас не се согласувам со се што тој вели во тоа конкретно поглавје, но факт е дека имаме чуден однос кој сексуалноста. Начинот на кој што гледаме на тоа е таков што имаме голи жени во рекламите кои се користат за рекламирање на продукт и тоа е многу нормално или гледаме луѓе на телевизија кои имаат секс, ама не навистина, затоа што ако се прикажуваат луѓе кои имаат секс навистина тоа би било порнографија, а тоа е забрането, тоа е табу.  Но, не е табу да се покажува насилство на телевизија или во филм, тоа го правиме многу екстремно и графички, со сите детали, со крв, очигледно тоа е во ред да им се покажува на децата или на било кој, но двајца луѓе кои имаат секс, тоа е табу. Тоа е чудно, такви работи јас се обидувам да критикувам, таквите идеи кои ги имаме во општеството.“

 

English version

http://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2018/11/gladfrontweb-1-1024x576.jpghttp://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2018/11/gladfrontweb-1-150x150.jpgpirejКнижевностНекатегоризиранокниги,книжевност,литература,уметнициЏемал Уаријачи е холандски писател познат по неговите современи приказни кои ги преиспитуваат и актуализираат темите означени како табу. Неговата книга „Глад“ беше преведена на македонски и претставена на публиката во рамките на фестивалот за европска литература, BOOKSTAR. Во краткото интервју кое го направивме со него разговаравме на различни за...Нова мисла на пресушената почва.