To read the English version, click here.

Оваа година за прв пат се одржа “Beach Film Festival“- Охрид, фестивал за нов, европски филм. Во период од четири дена, публиката имаше можност да гледа широка палета на филмови и тоа кратки, играни и документарни, а поради интермедијалниот карактер на фестивалот, програмата беше зачинета и со неколку музички концерти. Фестивалот понуди една нова преспектива и свеж концепт, спојувајќи ја уметноста со најжешката македонска дестинација – Охрид, истовремено вршејќи културна децентрализација, нешто за кое публиката беше одамна жедна.

Токму на “Beach Film Festival“ својата македонска премиера ја имаше српскиот научнофантастичен филм EDERLEZI RIZING, во кој главната женска улога е STOYA, супердевојката на 21-от век.
Како што вели таа, EDERLEZI RISING е вселенската варијaнта на Адам и Ева, односно ја раскажува приказната за југословенскиот астронаут МИЛУТИН (SEBASTIAN CAVAZZA) кој на својата мисија е придружуван од женскиот андроид НИМАНИ (STOYA) која е програмирана да ја задоволува секоја негова потреба. Пресвртот се случува кога Милутин решава да не ги искористи можностите на оперативниот систем и ја силува Нимани.
STOYA одлично ја изведува улогата на Нимани, која инаку е нејзината дебитантска улога во игран, наративен филм. STOYA е признаена порно актерка, новинарка и писателка.

EDERLEZI RIZING естетско и визуелно ремек дело кое со својот отворен крај им овозможува на гледачите бескрајно да дебатираат за машко – женската комуникација, недоразбирања и потреби.

Имав можност да поразговарам со STOYA за EDERLEZI RISING, нејзината книга PHILOSOPHY, PUSSYCATS & PORN и машко- женските односи.

ПИРЕЈ: Зошто го избравте EDERLEZI  RISING?

STOYA: Ми ја понудија улогата преку пријател на пријател и истата не наликуваше на актерските понуди што сум ги добивала досега, беше добра улога со своја длабочина и не се чувствував експлоатирано. Се разбира уште пред да започнеме со снимање, таблоидите во Србија веќе пишуваа „ААА ПОРНОЅВЕЗДА! МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА РАЗМИСЛУВА ДА ДАДЕ ПАРИ НА ПОРНОЅВЕЗДА“ и како тим требаше да чекаме, но филмската екипа не беше невкусна што е многу чудно кога станува збор за филмската индустрија.

ПИРЕЈ: Дали ви се допаѓа научната фантастика како жанр?

STOYA: Сметам дека научната фантастика е начин да се зборува за општествените проблеми во контекст кој луѓето го сфаќаат. Зошто, кога во вистинскиот свет ќе кажеш “еј, жените имаат реални проблеми бидејќи мажите се однесуваат на одреден начин“ мажите веднаш престануваат со комуникација со аргументот: „уф, еве ја феминисткава, сѐ е погрешно во светов…“. Но кога комуникацискиот проблем ќе го сместиш во вселената, во вселенски брод, одеднаш тие можат маааалку да влезат во дијалог со концептот.

ПИРЕЈ: Дали постојат сличности помеѓу Стоја и Нимани?

STOYA: Па, изгледаме исто. 🙂

ПИРЕЈ: Дали мислите дека е возможно двата рода да најдат заеднички јазик за комуникација… Некогаш?

STOYA: Доаѓам од Америка каде што постои обемна теорија за родовите и за бинарноста на половите маж/жена и исто имаме простор за луѓе кои не се ниту маж ниту жена. Лично, јас одамна “завршив“ со родот бидејќи истиот прави повеќе проблеми отколку што решава. Да, генерално имаме два вида на тела и постојат луѓе кои се родени со комбинации на органи и оваа машко – женска поделба често се употребува за да ѝ се каже на една личност што таа треба да биде. Сметам дека тоа не помага, сметам дека тоа е дел од проблемот. Но многу луѓе не размислуваат исто како мене и поради тоа потребно е многу да се зборува за овој проблем.

ПИРЕЈ: Како вие лично комуницирате со овој проблем?

STOYA: Како дел од мојата работа треба да одговарам на многу прашања, едно од нив е “порно за жени“ и тоа е многу навредливо! Тоа е исказ според кој сите жени треба да сакаат една иста работа. Но само кога малку ќе загребете на површината на тој исказ, се имплицира дека “порното за жени“ е концепт според кој мажите сакаат агресивност, а жените сакаат цвеќиња, листови од ружи и гледање длабоко во очите без да се помрднат. А јас како жена, само сакам да видам како луѓето имаат способност докрај да се изразат; и во комуникацијата и во сексот, а не да се заглавени во тесни рамки. Ете, ова е делче од тоа како јас комуницирам со бинарноста на половите.

ПИРЕЈ: Според вас, кои стаклени “плафони“ треба да бидат скршени од жените на овој век? Или мажите, можеби сега тие се на ред?

STOYA: Би било фино мажите да почнат вистински да истражуваат што машкоста значи и каков ефект има таа во светот околу нив. Сведок сум на дела од мажи во кои тие зборуваат за машкоста, но всушност тие не ја истражуваат, туку само ја глорифицираат. Или пак, во тие дела воопшто не постои лична критика и има многу малку преиспитување. И искрено, кога станува збор за жените денес, еве поконкретен пример; жените во Америка имаат многу голема сличност со Нимани: од нив се очекува да бидат секс играчки, психијатри, бдеачки, докторки, сѐ. Во EDERLEZI RISING, Милутин има само една задача, да управува со вселенскиот брод и да не заебе премногу. Се разбира, тој не ја завршува својата задача успешно. Ситуацијата на жените во Америка денес е иста; од нас се очекува да имаме свои кариери, да се грижат за своите партнер/ки (имаме голем број на лезбејски или квир парови во Америка) па оттаму не ја употребувам фразата ’да се грижиш за мажот ти“ туку потенцирам на тоа дека од жените се очекува и емоционалниот напор и да готват и да се грижат за децата и нивното образование и, и, и, до бескрај… Овој начин не е воопшто балансиран и според мене сега за жената времето е понефер отколку што беше во 50тите, сега ја имаме опцијата да бидеме и маж и жена и концептот е тапа. Јас имам своја кариера, јас треба да сум пред камера, да се грижам за себеси (тоа го нарекуваме “напор за убавина; beauty labor), односно да имам средени веѓи, лакот да не ми е излупен, да одлучам што ќе носам и сл., додека дома во Њујорк треба да бидам “мажот во куќата“, да се грижам киријата да е уредно платена, јас сум одговорна за безбедноста на домот и јас треба да го чистам ебениот тоалет. Ваквиот начин не е прифатлив.

ПИРЕЈ: Дали после глумата во EDERLEZI RISING сте заинтересирана за снимање на повеќе играни филмови?

STOYA: По се изгледа дека јас ја сакам глумата, па снимив уште еден наративен филм кој за разлика од EDERLEZI RISING не беше добро организиран, не беше прецизен и јас никогаш нема да го спомнам името на филмот бидејќи ете, до толку сум разочарана од тоа искуство. Глумев и во две театарски претстави во Њујорк, едната во Бруклин, другата во Менхетен, напишани од стрип уметникот DEAN HASPIEL. На мене надреализмот засекогаш ќе ми биде слаба страна и вечна желба, но денеска тој се изведува многу сиромашно. Глумата бара многу работа и енергија и јас не сум заинтересирана да го живеам сиот тој напор само поради тоа што така му текнало на некој егоист кој има многу едноставни, потрошени идеи и мисли дека јас треба да ги изглумам истите во име на уметноста, разбирате? Глумата чини пари па ќе видиме на каков проект ќе се согласам да работам во иднина.

ПИРЕЈ: Може ли да ми кажете нешто повеќе за претставите? Кои теми преовладуваат во нив?

STOYA: И двете претстави на DEAN се за смртноста. Едната од нив едноставно е премногу сликовита и брутална, иако јас избегнував да допрам лажна крв бидејќи ако јас допрам крв тоа чини пари, а театарската глума е слабо платена. Другата претстава е доста езотерична и длабока, првата беше насилна и сликовита, се работи за еден сериски убиец и еден боксер кој умира и се враќа назад со потреба да допира луѓе на умирање бидејќи неговата задача е да ги води во задгробниот живот. Во втората, се работи за еден стрип уметник кој е болен од рак и најлошиот симптом е кашлањето, поентата е неговото справување со недовршените работи во неговиот живот. И во двете претстави мојата улога е женска споредна улога која е тука за да му помогне на главниот машки лик да го води десјтвото напред. Во втората претстава мојата улога е да помогнам на споредната машка улога да го движи дејството напред.

ПИРЕЈ: Имавте улога во EDERLEZI RISING, се појавувате во музички видеа, а истовремено музичарите соработуваат со порно продукциски куќи и платформи, па во овој контекст сакам да ве прашам во кој правец моментално се движи порно-индустријата? Дали ваквото спојување на порно индустријата со уметноста ќе донесе уметничка сцена која ќе биде уште поотворена?

STOYA: Порното и остатокот од светот отсекогаш биле поврзани. Секоја нова технологија, сѐ до blueray била веднаш искористена за преку неа да биде прикажана сексуална содржина. Во првите денови на движечките слики имало прикажано жена што се лула на трапез и имало прикажано луѓе како се ебат. Ова воопшто не е нешто ново. Можете да се вратите во 50тите и да ја видите и BETTY PAGE, чиј лик сега е залепен на магнети, маички и тетратки во HOT TOPIC, што претставува средно развиена капиталистичка корпорација во Америка. Можете да се навратите во 70тите кога порноглумците всушност биле надежни актери. На пример, SYLVESTER STALLONE има снимено порно во неговата рана актерска кариера. Ова не е нов феномен и всушност е проблем кој настанува кога ќе се избрише историјата на една заедница и тоа е многу опасно. Медиумите ја бришат историјата на порнографијата константно, децении наназад. Еднаш во десет или дваесет години, медиумите одеднаш имаат интерес за порнографијата и ја третираат како “Лелеее, порно индустријата прави нешто што не е срање“. Ние отсекогаш сме правеле работи кои се интересни и постојат во една “чудна зона“, особено денес кога капитализмот станува сѐ посилен и посилен и претставува спој помеѓу сексуалноста, публицитетот и комерцијата. Медиумите мора да престанат да го прават тоа, особено во земји како Македонија, каде што мислам дека можете да сочувствувате со мојата болка; постоење на многу мала поврзаност со корените. Многу се трудев да не зборам за политика денеска, особено бидејќи Македонија е сомнителна територија.
(Слободно зборувајте за политика, онлајн магазинот каде што ќе го објавам интервјуто е политички…)
Океј тогаш, супер. Значи, БЈРМ, Северна Македонија или како и да е името со кое една индивидуална личност се чувствува океј да ја нарекува земјава… Вие ги имате спомениците, кои се обид за градење на историја, идентитет. Истото се случува и во порното. Ние очајно сакаме да не видат и перцепираат како што ние навистина сме, а ние сме комплицирани, хаотични и измешани. И медиумите упаѓаат како од небо со нивната зачуденост за постоење како што тие го нарекуваат “порно за жени“ или “Господе боже, жени во порно индустрија“; жените биле позади камерата уште од 80тите, вратете се назад во 1984 кога CANDIDA ROYALE ја основаше нејзината продукциска компанија FEMME PRODUCTIONS и подоцна основа и дистрибутерска компанија бидејќи беше тешко да се најде дистрибуција за нејзиниот производ кој не беше лесно процесиран и не беше лесен за рекламирање. Поради тоа, секогаш кога некој се однесува како сето ова да е ново, ни отежнува да се чувствуваме горди и да се чувствуваме силни во тоа што го правиме. И ни го отежнува процесот на наоѓање на примери кои би ги следеле и би учеле од нивните грешки. Поради тоа приморани сме да ги правиме истите грешки кои тие ги правеле. И оваа ситуација е многу проблематична.

ПИРЕЈ: Дали уметноста денеска треба да биде радикална или треба да ги воспева вредностите преку позитивност?

STOYA: Дали го знаете Милошевиќ? Постоеше движење против него наречено ОТПОР и една од жените за која не слушаме многу на Запад, една од жените која беше многу активна во тоа движење е СРБИЈАНКА ТУРАЈЛИЌ. Го гледав документарецот на ќерката на Србијанка, DRUGA STRANA SVEGA (THE OTHER SIDE OF EVERYTHING) кој е посветен на Србијанка и станот во кој живеелa. И работата која таа ја правела и сѐ уште ја прави е држење говори. Држењето на говор може да е многу ризично. Некаде кон крајот на документарецот Србијанка вели: „Јас ја направив мојата револуција, не сум среќна со резултатот, но сега сум стара и сега редот му е на некој друг.“ На тоа нејзината ќерка прашува: „Мамо дали сега е мојот ред да одржам говор?“ И Србијанка ѝ вели „Види, исто така не е моја работа да ти кажувам што ти треба да правиш. Ќе погледнеш внатре во себеси и ако внатре најдеш говор, оди и одржи го тој говор!“ Тоа што јас го извлеков од оваа ситуација е дека ако поседувате некаков вид на уметност, некое дело, направете го! Ако имате потреба да ги нахраните уличните мачки, одете и нахранете ги уличните мачки; без разлика што е тоа што го поседувате како индивидуална личност, дали е тоа некаков начин за да ги процесирате тешките моменти од вашиот живот или да компензирате за нив, или пак да им помагате на луѓето околу вас на кои им треба нешто што вие можете да им го пружите… Без разлика што е тоа, што и да носите во себе треба да го пронајдете самите, никој не може да ви каже што носите во себе.

ПИРЕЈ: Пред три години вие јавно го обзнанивте вашето вознемирувачко сексуално искуство и многу жени го следеа вашиот пример. Денеска, жените зборуваат за нивните вознемирувачки искуства сѐ повеќе и повеќе поради #MeToo. Дали постои некаков прогрес во годините помеѓу и притоа мислам на третманот и поддршката што жртвите ги чека после излегувањето од плакарот или и #MeToo е проблематично?

STOYA: Па, кога мажите се чувствуваат нападнато, а многу е лесно маж да се почувствува нападнато, тие се дуваат и веднаш се одбрануваат; „Јас не направив ништо лошо“ и одбиваат да разговараат, одбиваат да остварат контакт со штетата што ја направиле, како и да е… И јас имам неколку теории, првата е дека американската практика на обрежување на машките гениталии при раѓањето не помага воопшто, но почитувам дека одредени култури го прават тоа поради религиозни причини, тоа е нивна работа, јас не можам да кажам на некого „еј, твојата културолошка практика е погрешна“ но мислам дека стандардното обрежување во болница можеби и не е најдобрата опција бидејќи ги намалува сензациите и придонесува до тоа во американското порно да има силни, дури и жестоки удари за кои феминистките сакаат да кажат: „О, тоа е така бидејќи порнографијата диктира и оттаму мажите учат.“ Ок, но зошто тоа е така во порнографијата воопшто?  Не е дека Господ лично се симнал од небесата и рекол „ПОРНО!“ ова ќе се прави на овој начин и никако на друг. Постои и недостаток на сензитивност што исто така е делумно културолошки поттикнато; поради начинот на кои ги воспитуваме мажите.
Сега, ќе се вратам малку назад за да ја доловам поентата.
Буквално постојат мажи кои одговараат на нечии човечки болки како тие да се оние кои се лично нападнати. Зошто тоа е така? Бидејќи не се навикнати да чувствуваат емпатија до тој степен што тие емоционално се исклучуваат и оттргнуваат.
Сега повторно ќе се навратам на проблемот со бинарноста на половите. Сѐ додека важи правилото дека мажите се вакви, а жените се такви, ние ќе водиме културолошка војна.
А многу е тешко да се деескалира војна.
Не поради сиот тој хаос и поради некои делови кои што можеби ги пропуштам или поради некои делови во кои моето размислување е нејасно и погрешно, туку поради борбениот менталитет: ние сме на една страна, вие сте на другата. #Треба нешто да се направи, моментално ние немаме ситуација во која можеме да зборуваме за поконкретни, посветли точки. Моментално, не можеме да направиме разговор кој почнува со “Еј, ти не си лош човек кој заслужува да се фрли и изгори во оган, но ти правиш работи кои се штетни за жените во твојата околина преку мали чинови и однесувања. Ајде да поработиме на тоа.„ #MeToo го разбирам како една платформа која жените конечно ја имаат за да дискутираат. Но, колку многу мажи научија нешто од сето тоа? Колку жени го добија крај или некоја резолуција која прави да се чувствуваат ок?  Извлекувањето на тие искуства во јавност претставува детрауматизација и овој пат ова не е некоја основна психијатрија, туку е една  возбуда дека сега ја отпуштаат траумата со која се носеле 30-40 години… Не знам дали #MeToo направи нешто добро.

ПИРЕЈ: Може ли да ми кажете нешто повеќе за PHILOSOPHY, PUSSYCATS & PORN?

STOYA: PHILOSOPHY, PUSSYCATS AND PORN е мојата книга, станува збор за колекција на мои есеи, сѐ од блог постови па до двата текста кои ги напишав за отворената секција во NEW YORK TIMES. Зборувам за моите лични искуства кои ги поврзувам проблемите во порнографијата и со проблемите во светот генерално. На пример, има нов закон во Лос Анџелес, место во кое историски порнографијата цветала, факт што се менува поради овој закон. Исто така и поради тоа што благодарение на интернетот веќе не мора да постои централизација и исто така поради развојот на технологијата може да се оперира надвор од инфраструктурата на филмската индустрија. Веќе не ви е потребен едуциран директор на фотографија. Многу е полесно некој да ја подигне скапата камера и да раскаже приказна. Порното е приказна. Многу кратка приказна, за две сексуални личности кои имаат сексуална интеракција, ама сепак е приказна.
Според овој нов закон во Лос Анџелес, сите треба да користат кондом. И за нас изведувачите и многу други како нас ова ни ја отежнува работата. Случајно дојдов до една приказна за париска балерина во 1800тите со која сме (биле) во слична ситуација. Тогашната власт одлучила дека задолжителна е некоја тогашна нова хемикалија која требало да биде напрскана на костимот за да се спречи танчерите да се запалат од оганот бидејќи во тоа време употребувале вистински оган за да ја осветлат сцената и Еливери (името на балерината) била во стил „Види човеку, јас си го малтретирам телото со години за да изгледам како самовилка. Твојата хемикалија што ти ме тераш да ја употребам и ставам на костумот прави потешко за мене да изгледам како што се очекува од мене да изгледам и остави ме да танцувам на свој ризик.“ Таа не ја употребила хемикалијата и жива се запалила. Имала ужасни изгореници по целото тело, поминала месеци лежејќи во кревет полека умирајќи и некаде при крајот дошол новинар и ја прашал „Ако имаш шанса да станеш од креветот и повторно да танцуваш, дали би ја употребила хемикалијата“? Таа одговорила „Не, апсолутно не.“ И постои одредена почит за личност која одлучува кој ризик да го преземе, а кој не. И ова не е проблем само во порното, ова е проблем на младите жени, проблем на уметниците. Уметниците и младите девојки се третирани како деца на одреден начин и понекогаш тоа ни одговара, а понекогаш тоа не повредува. И во мојата книга има есеј кој зборува за тоа, а нешто што го нема во книгата е како се одвива понатамошниот развој на законот. Постои Апелацискиот суд и таму се донесува одлуката, за која имаме право да се жалиме во Врховниот суд, но проблемот тука е што Врховниот суд разгледува само одреден број на случаи годишно. Оттаму најверојатна е претпоставката дека вашиот случај нема да биде разгледан. Во Апелацискиот суд се редуцира дефиницијата на сексот до степен на пенис во вагина или анус, што е многу навредливо во Америка и истовремено едноставно е апсурдно кога зборуваат за право на слобода на говорот, што е голема работа тука. Растеме со слобода на говорот. Слобода на говорот наспроти негативното влијание на јавното здравје на помалку од илјада перформери. Нема многу како нас, ние правиме многу продукти колективно секоја година, но не сме во многу голем број. И властите одлучија да го ебат правото на слободен говор, одлучија за нас дека сме опасност за јавното здравје што во реалност малку фали да биде вистина, да не беше фактот дека наредбата луѓето да користат кондоми за пенисот или оралниот секс, (пенис и вагина), никако не помага со тоа што гонорејата станува одбивна на антибиотици и истата може да биде пренесена орално и генитално. Или обратно. Најчесто се оди од генитално кон орално но постојат неколку ретки случаеви на отстапки и јас само сакам Владата на Америка навистина да го разгледа случајот и да најде задоволително решение. Кондомите се супер, тие можат да бидат функционални,  тие не се целосно решение, мора да постојат и други. Оттаму,  PHILOSOPHY, PUSSYCATS & PORN зборува за вакви слични нешта и бидејќи јас сум  авторот има многу дигресии, како на пример го запознав мачево, па ајде да зборуваме за него неколку минутки, но истовремено зборува за високо интелектуални и филозофски теми во порното кои навистина се тажни и тешки и мора некако да се справам со нив, морам да правам нешто во врска со тоа во мојот живот, инаку ќе се претворам во навистина намќореста личност.

ПИРЕЈ: Дали постои некој проект кој отсекогаш сте сакале да го направите, нешто што отсекогаш ви било желба?

STOYA: Јас се занимавам со политика, премногу се занимавам со политика, но само затоа што таа ми стои на патот за да ги остварам буквално сите мои одлуки и ако живеевме во свет во кои политиката немаше да не спречува, јас ќе се занимавав со создавање на визуелно интересно порно, тоа не значи висока продукција по секоја цена или занимавање со одреден тип на тела, туку едноставно, интересно изведени слики од луѓе кои имаат секс во различни пози. Сега не сум во можност да се занимавам со тоа. Поради тоа основав моја компанија zerospaces.com, и со тоа имам директна платформа за да ги издавам моите дела кои ги режирам веќе со години. Постојат многу работи кои сакам да ги правам, а не успевам поради буџет или пристап до одредена инфраструктура. Сакам да фотографии со стајлинг од некој кој знае што прави, бидејќи во порно индустијата никој не знае што прави, а ниеден стајлист не сака да соработува со нас за да не си ја извалка репутацијата или бидејќи не можам да си го дозволам. Сакам да бидам фотографирана од некој моден фотограф надвор од порно контекстот, и повторно тие не се согласуваат, фотографите ги претставуваат нивните клиенти и истите можат да одлучат да ја раскинат соработката. Имам еден серијал кој се вика ОКОЛУ СВЕТОТ НА 80 НАЧИНИ, се граничи со gonso новинарство, стил сличен на HUNTER THOMPSON, постои едно место на Адријатикот, коe сега е во сопственост на Хрватска, се вика Крк. ЛЕЛЕ ТОЧНО ГО ИЗГОВОРИВ Р-ТО НЕ МИ СЕ ВЕРУВА, МНОГУ СУМ ГОРДА НА ОВОЈ МОМЕНТ.  И еден човек кој се вика BOB GUCCIONE, основач на магазинот PENTHOUSE, кој во 70тите сними филм CALIGULA со HELEN MIRREN и MALCOLM MCDOWELL кои не знаеле дека отпосле во филмот ќе бидат додадени секс сцени, но тој додал, многу чуден проект и многу интересен човек и колку што знам тој сега е починат, па не беше достапен за интервју. Тој во Крк ја изградил PENTHOUSE палатата во склоп со казино во неверојатен бруталистички стил, но поради политиката, војните и даноците тој се повлегол од бизнисот, не било профитабилно како што мислел. Поради политичката историја, не се знае во чие сопствеништво е сега и објектот е претворен во дестинација за урбани истражувачи кои се прикрадуваат на имотот, се фотографираат и ги објавуваат сликите на Интернет. јас како порноѕвезда сметав дека едно такво место никогаш нема да биде зачувано како што заслужува, освен ако некој не се исекса пред камера и тоа никој го немаше направено претходно. Отидов таму и го направив токму тоа, за подоцна да се сетам дека ако се прочуе за овој чин во Хрватска, можеби нема да ми дозволат да се вратам зошто технички извршив провала и секакви други работи, но штотуку бев во Загреб на филмски фестивал и тамошните новинари се забавуваа од оваа моја приказна, па претпоставувам дека ќе се вратам назад во државата. Би сакала да го направам повторно истото, но овојпат со продуцент и со некој кој ќе ја обезбеди потребната дозвола, секогаш е подобро да ја имате потребната дозвола, пољубезно е. Но навистина, моите надежи и сонови се да имам доволно буџет за да ги остварувам моите замисли на едно повисоко ниво, чекор по чекор додека набљудувам што може да се направи во “тој простор на средината“ каде што историјата се брише.

http://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2018/07/stoya-featured-1024x683.jpghttp://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2018/07/stoya-featured-150x150.jpgИвана СмилевскаФилмBeach Film Festival Ohrid,stoya,интервју,интимност,историја,политика,систем,традиција,уметници,уметност,филмски фестивалTo read the English version, click here. Оваа година за прв пат се одржа “Beach Film Festival“- Охрид, фестивал за нов, европски филм. Во период од четири дена, публиката имаше можност да гледа широка палета на филмови и тоа кратки, играни и документарни, а поради интермедијалниот карактер на фестивалот, програмата...Нова мисла на пресушената почва.