Во текот на БООКСТАР 2017 – Фестивал за европска литература кој се одржа во Скопје имавме прилика да поразговараме со ИЛЈА ЛЕОНАРД ФАЈФЕР за неговата книга ЛА СУПЕРБА, хаотичноста на нашето време, љубовта и недоразбирањата во општествените и интимните релации.


ПИРЕЈ: Зошто Италија од сите земји? Дали беше инспириран од италијанската култура? Кој дел од неа ти беше најинспиративен?

ИЛЈА ЛЕОНАРД ФАЈФЕР: Да. Отсекогаш ја сакав Италија, уште пред да одлучам да се преселам во Џенова. Секогаш ја имав идејата дека ќе одам на југ. Кога бев помлад, одев во Грција и мислев дека можеби би одел во Грција, но потоа го најдов овој град и одлучив дека Италија е подобро место за мене токму поради културата, убавото време, исто така и историското богатсtво на оваа држава. Повеќе од половина од уметноста во светот е во Италија и таму е прекрасно.

ПИРЕЈ: Поетика на градот. Џенова има две лица во книгата како и сите ликови во неа – една е онаа која луѓето ја покажуваат, а другата е суровата реалност ?

ИЛЈА ЛЕОНАРД ФАЈФЕР: Многу ми е драго што го прашавте тоа, бидејќи мислам дека тоа е многу важно нешто. Книгата во голема мера е во врска со овој однос меѓу реалноста и фантазијата,  меѓу фактот и фикцијата воошто. Тоа е тема која многу ме интересира; речиси сè што пишувам на некој начин ја допира таа тема, бидејќи мислам дека тоа е тема на денешницата, карактеристика на модерното општество и е сè потешко да се направи разлика факт-фикција, фантазија или реалност.  Ако е толку лесно да се направи разлика меѓу фактот и реалноста, Трамп никогаш немаше да биде избран за претседател. И во конкретниот случај со оваа книга, мислев дека е важно да се нагласи темата бидејќи книгата зборува за миграции и таму ја имате оваа врска помеѓу фантазијата и реалноста, бидејќи сите емигранти имаа некаков вид фантазија.

ПИРЕЈ: Во книгата две теми се централни, темата со емигрантите и темата на идентитетот [родовиот идентитет]. Тоа што е различно е што овие теми обработени на начинот на кој што се во книгата, претставуваат стилски иновации иако се дел од лични приказни – зошто е тоа така?

ИЛЈА ЛЕОНАРД ФАЈФЕР: Станува збор за емиграција и ова прашање на идентитет е многу поврзано со тоа. Мислам дека тоа што ви се случува кога ќе се преселите на друго место, кога ќе мигрирате, всушност треба да го промените вашиот идентитет, да го изгубите вашиот идентитет, мора да изградите нов идентитет и затоа миграцијата може да биде толку тешка и болна и во мојот личен пример беше исто така многу интересно да се има можност повторно да се пронајдеш себеси. Сакав да раскажам повеќе различни приказни затоа што не сакав да пишувам за моето лично мислење во врска со миграцијата, политичкото решение, има поинаков жанр за да го напише тоа, тоа може да биде колумна во весник, но тоа што можете да го направите во роман е нешто многу поинтересно. Се обидувам да покажам колку е комплексна ситуацијата со раскажување на овие различни приказни кои имаат врска со миграцијата, но на поинаков начин, па приказните се контрасти една на друга, а потоа заклучокот го оставам на читателот. Мислам дека читателот кој го чита „ЛА СУПЕРБА“ по завршувањето на книгата заклучува дека ситуацијата е уште посложена околку што се чинела претходно и би бил пресреќен и би било многу добро ако успеам да го покажам тоа.

ПИРЕЈ: Нараторот водејќи не низ приказната не запознава со мноштво ликови и заедно со нив не пушта низ лавиринтите на Џенова. Постои двојност помеѓу внатрешната и надворешната страна на ликовите – дали таквата рефлективна поделеност на индивидуите присутни во романот, а преку нив и на градот треба на читателот да му ја даде реалната слика само на Џенова или на светот генерално? Колку од приказните се вистински?

ИЛЈА ЛЕОНАРД ФАЈФЕР: Тешко е да се каже што е реално а што е фикција и јас си играм со тоа, така што читателот може да се запраша себеси за таков вид прашања, тоа е исто така една од причините зошто избрав протагонист кој многу наликува на мене и има многу неверојатно име Илја Леонард Фајфер. И во романот има многу реалност, на пример, целиот амбиент, градот, сакам да бидам многу прецизен, многу реалистичен и ако одите во Џенова можете да ја користите книгата како водич, но од друга страна во приказната има и многу фикција, но, се разбира многу ликови се базирани на личности кои навистина ги сретнувам. Многу добар пример е ликот на Џиби [Jiby]. Сите приказни што ги кажува главниот лик се вистински приказни за кои морам да кажам, за жал јас навистина зборував со многу луѓе и направив многу истражувања за тој дел од книгата и тоа е многу реалистично, единствено нешто е што Џиби не постои во реалноста, го измислив овој лик за да ги проектирам сите овие приказни во еден фикционален лик.

ПИРЕЈ: „Сите сме заљубени во некоја нога“ хаха, но на крајот сфаќаме дека сето тоа е проекција на нашите желби и фантазии – истото важи и за Џенова и *најубавата девојка во градот*. На почетокот на романот ни е претставена некоја изромантизирана верзија за на крајот таа слика да биде целосно свртена. Зошто е тоа така?

ИЛЈА ЛЕОНАРД ФАЈФЕР: Ми се допаѓа овој збор проекција, тоа е она што всушност се случува, затоа ја одбрав оваа слика за ногата, ампутирана нога, во одреден момент многу привлечна за главниот лик кој фантазира за остатокот од жената и затоа што жената на која припаѓа ногата е фантазија таа е речиси совршена жена. Таа не е доволно реална за да ја уништи неговата фантазија и тоа е само до вториот дел од книгата, тоа е заштитата на курсот и може да го експлоатирате тоа на начинот на кој протагонистот го доживува градот, голема проекција е она што тој сака да го гледате овој нов град како место на La Dolce vita Italiana, место на среќата и на одредено место во книгата тој исто така вели да, Џенова е вистинска, можеш да дојдеш, земи авион и дојди да ја посетиш, но никогаш не би ја виделе како што тој ја гледа, се разбира тоа е проекцијата.

ПИРЕЈ: Ликовите во романот припаѓаат на различни општествени слоеви, сепак на крајот сите страдаат од своите компромиси кои се во склоп со нивната класна херметичност. Дали е тоа тажната вистина, две субјективни приказни веќе тешко наоѓаат ист јазик на разбирање, дали љубовта е апстракт кој зависи од социјалниот конструкт?

ИЛЈА ЛЕОНАРД ФАЈФЕР: Тоа е многу големо прашање, се разбира. За почеток, во контекст на книгата, и повторно во контекст на приказните за миграцијата, исто така се разботи за културно недоразбирање. Значи, една од моите причини зошто приказната, љубовната приказна меѓу главниот лик и најубавата девојка во Џенова е толку трагична е основното недоразбирање; затоа што тоа се две различни култури и тоа е нешто што го гледате на многу различни нивоа. И така е и во реалноста, тоа што се случува со миграцијата. Многу малку лоши намери во односите и многу недоразбирања – сакав да го покажам тоа. И, исто така, постои прашањето на припадност. Сите сакаат да бидат дел од група, и кога ќе се преселите во нов град, нова земја вие сакате да припаѓате таму. И постоечката структура сака да се одбрани – тоа е исто така карактеристика на една класа; мислам дека не е забавно да се биде член на клуб во кој можат да станат член – сакате да се заштитите од нови членови. И ова исклучување, оваа разлика меѓу нас и другите, мислам дека е суштината на проблемот на миграцијата и други социјални проблеми. И тоа е всушност она што не е во ред во средината на книгата – протагонистот се обидува да освои позиција во Џенова, да биде дел од економскиот живот и токму таму постоечките класи се бранат и затвораат и почетокот на пропаста.

Да, се разбира, можете да зборувате за љубовта и на многу други начини но „ЛА СУПЕРБА“ не е книга за љубовта, тоа е книга за многу други работи иако љубовта е исто така присутна. Но, мислам дека во љубовта, исто така имате механизми. Поголемиот дел од времето љубовта е проекција и исто така одлука да се сака тој друг човек и да се припаѓа и да се биде заедно. Мислам, знам дека постои оваа романтична идеја за љубовта и дека вистинската љубов постои некаде, но тоа е крајно неверојатно, нели? Статистички, тоа е многу чудно. Постои една вистинска љубов во светот, но постојат седум милијарди луѓе во светот, па како да знаете дека моменталната ваша љубов е токму онаа вистинската? Сите ли ги пробавте? Тоа е многу чудно! Многу е голема коинциденцијата дека вашата вистинска љубов живее две улици подолу од вашиот дом. Тоа е толку чудно.

Љубовта е одлука дека сакате да останете со личноста. И, всушност, мислам дека тоа е многу по романтично.  Традиционална идеја, тоа е речиси како атомите во  CERN, лабораторијата во Швајцарија, тие се движат со голема брзина и случајно се судираат, овие два атоми. Тоа е традиционалната идеја – обид да се пронајде вистинската љубов, а тоа воопшто не е романтично. Мислам дека е по романтично да се има определбата и одлуката дека ова е личноста што ќе ја сакаш. И кога љубовта е погрешна, тоа честопати има врска со проекциите и недоразбирањата поради овие проекции.

Всушност, напишав книга за љубовта, романот што излезе оваа година е наречен „Peachez“. И во основа, тој е за професор по латински, стар човек, многу образован, култивиран човек кој се вљубува во интернет фото-модел, многу млада девојка што ја видел на интернет. Исто така, ова е, се разбира, роман за Catfishing и нешто не е во ред со оваа девојка, на крајот, таа не постои. И има луѓе што го користат нејзиниот идентитет.

Но, тоа не е поентата, поентата е дека професорот на крајот од книгата, кога дознава дека е искористен, сепак кажува дека не жали. Затоа што тоа била најубавата работа во неговиот живот и тој е бил вљубен. Иако таа не постои, неговите чувства за неа се реални. И тоа е проекција. Вистинската љубов во реалниот свет често е многу слична на тоа. И не сакам да кажам дека тоа е лоша работа, сакам да кажам дека токму тоа е убава работа.

ПИРЕЈ: Is heaven a place on earth?

ИЛЈА ЛЕОНАРД ФАЈФЕР: Па, мора да биде. Не може да биде место во рајот, бидејќи рајот не постои. Ние мораме да го најдеме на Земјата, тоа е наша задача.

http://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/11/ilja_featured-1024x576.jpghttp://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/11/ilja_featured-150x150.jpgpirejКнижевностинтервју,книги,книжевност,критика,култура,литература,постмодернизамВо текот на БООКСТАР 2017 - Фестивал за европска литература кој се одржа во Скопје имавме прилика да поразговараме со ИЛЈА ЛЕОНАРД ФАЈФЕР за неговата книга ЛА СУПЕРБА, хаотичноста на нашето време, љубовта и недоразбирањата во општествените и интимните релации.ПИРЕЈ: Зошто Италија од сите земји? Дали беше инспириран од...Нова мисла на пресушената почва.