За да можам да почнам да зборувам за GRIME ќе мора да ве вратам во почетокот/одамна на веков. Крајот на 90-те и почетокот на 2000-те беа преплавени со електронска музика, а колевкa на најпрепознатливите иновации во EDM беше Лондон. Но, како DRUM’N’BASS и JUNGLE да не беа доволни за луѓето од најдинамичниот музички град, па локалните артисти повторно се зафатија со експериментирање.

DANNY WEED е првиот артист кој реши да направи измена во звукот на JUNGLE музиката, да ја намали фреквенцијата и да почне нов правец кој е малку помрачен и посуптилен. Со тоа, тој го поплочи патот за продуцентите кои дотогаш се занимаваа со JUNGLE и DRUM’N’BASS, па така тие го прифатија овој нов, свеж звук. Сето тоа придонесе кон основање на радиото RINSE FM кое пушташе GRIME артисти 24 часа во денот. Веќе околу 2004 година еден од најпознатите артисти од овој жанр, WILEY, тргна во потрага по име на ова движење со песната WOT U CALL IT, песна која впрочем одлично го доловува HYPE- от околу овој нов вид на музика. Откако овој феномен од лондонската underground сцена допре до BBC, тие направија краток документарен филм во кој локалните диџеи и музичари имаа задача да најдат име за овој правец. Па така се појави терминот GRIME.

Гласот на новата лондонска генерација беше вметнат во GRIME музиката. И не, не зборувам за музичкиот вид на глас. Зборувам за тоа дека конечно некој музички жанр ја застапува улицата, урбаниот дух и бунтовните млади луѓе.
Помина долго време од панк движењето во 70тите што се чини како да лондончаните заборавија што е бунтовноста. Панкот не е мртов, на сцената доаѓа GRIME-от. Овој пат бунтовноста доаѓа на малку поразличен начин. Преку јазикот на гетото [сленгот], па се до членувањето во банди и начинот на облекување, ваквите елементи на GRIME-от се своевидни коментари против умирањето на индивидуалноста кај младиот човек, статусот на младината како трн во окото на државата, социјалната неправда, а воедно GRIME-от помогна припадниците од гетото да се придвижат напред на социјалната скала. Поради тоа што артистите од овој жанр рецитираат на свој сопствен сленг тие веднаш беа прифатени од младината која одлично ги разбра, а потоа самата популарност на овој тип на музика помогна mainstream-от да се доближи до гетото.

Веројатно најголемиот придонес кој го има GRIME-от кон културата во Лондон е баш тоа што на чудесен начин го промени јазикот кој се говори во градот. На пример, начинот на кој DIZZIE RASCAL ти кажува да се “средиш” преку стихот FIX UP, LOOK SHARP или пак напорот на SKEPTA да го вметне зборот BRAP во англискиот речник преку стихот SPIT ONE LIRIC, EVERYBODY LIKE BRAP! [BRAP е збор кој искажува импресија од нешто кое е исклучително добро направено, еден вид на позитивна реакција кај луѓето од гетото] се работи кои силно влијаеа на нивната публика. И така публиката, предводена од нивните идоли, почна да го револуционизира јазикот. Па така слушателите постепено почнаа да ги користат овие зборови во својот секојдневен расговор, што доведе до значајна промена во лондонскот, т.е. британскиот сленг.
Нормално, тука не екрајот на влијанието на музичката сцена. GRIME артисти соработуваа со непознати, но надежни музички имиња за да им помогнат полесно да дојдат до формирање на своја фан-база. Зарем ќе го имавме ED SHEERAN доколку тој не соработуваше со познати грајмери? Веројатно не.

Она што дополнително ги одвојува музичарите од овој жанр на музика од останатите е тоа што тие не сакаат да се чувствуваат како да се над својата публика. Секој еден изведувач од GRIME-от сака да биде во дијалог со своите слушатели, па затоа сите тие се активни на социјалните мрежи, а посебно на TWITTER и INSTAGRAM. Токму оваа активност им помогна да се прошират не само надвор од Лондон туку и преку океанот, сѐ до САД. Во последните неколку години имаше соработки со A$AP ROCKY и A$AP MOB, а едно од поголемите достигнувања е што дури еден DRAKE во 2016 година потпиша договор со најголемата издавачка куќа во GRIME индустријата, BOY BETTER KNOW.

Накратко, појавувањето и развојот на GRIME културата е најголемото музичко движење во Лондон од 70-те години па наваму. Тоа е панкот на новата генерација. Не, тоа е ГЛАСОТ на новата генерација! Претставниците на бунтовништвото овојпат го носат гетото во себе и ГОСПОДЕ, СПАСИ ЈА КРАЛИЦАТА бидејќи истите ја освојуваат сцената на големо, а со тоа гласот на незадоволството се слуша надалеку.
Колку и да трае ова движење, колку време и да остане GRIME-от во мода, неговото наследство е огромно. Корените кои ги остави овој правец во општеството се доволно длабоки за да станат ПИРЕЈ и да не можат да се откорнат туку така.

Слушајте убава музика и ширете љубов.

http://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/07/20106919_1557898297575797_734617631_o-1024x576.jpghttp://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/07/20106919_1557898297575797_734617631_o-150x150.jpganonimenМузикаGRIME,анализа,документарен филм,постмодернизам,рап,систем,уметнициЗа да можам да почнам да зборувам за GRIME ќе мора да ве вратам во почетокот/одамна на веков. Крајот на 90-те и почетокот на 2000-те беа преплавени со електронска музика, а колевкa на најпрепознатливите иновации во EDM беше Лондон. Но, како DRUM'N'BASS и JUNGLE да не беа доволни за...Нова мисла на пресушената почва.