Горан Петревски (1970) е автор на повеќе необјавени збирки поезија, три романи и една збирка раскази. Во 2004 година, со кусиот роман ПОРНОГРАФИЈА (ПРИРАЧНИК ЗА ПРАКТИЧЕН ЖИВОТ) Петревски победи на конкурсот за најдобра дебитантска книга. Прочитајте неколку негови куси-куси раскази објавени во збирката СОВРШЕНО КУСИ РАСКАЗИ (2010) од издавачката куќа ТЕМПЛУМ.

Историјата на бесот

Добро, ќе ви ја кажам вистината: Пред да се родам бев дух. Живеев во Зимбабве, но не ми одговараше климата. Инаку, сега сум среќно оженет. Жена ми беше Мис на Албанија во 1984. Имаме и деца – вампирчиња. Секој ден гладуваме и играме лото. Водиме љубов и мислиме на Револуцијата. Ете така.

Јас сум кукурек

Луѓето викаат: Нирвана, Нирвана!
Добро, ќе биде Нирвана, само имајте малку трпение.

Хегел е петел

Пред седумнаесет години се роди едно чудовиште. Беше жена, но повеќе личеше на кобила. Очите и беа студени како крвта во моите вени. На главата носеше перјаница од вулкански влакна. Сто посто, утре ќе потоне некој брод. Одамна не се случило нешто страшно. Живееме во среќно време.

Robert Gligorov - The Seven Year Itch 2011
Robert Gligorov – The Seven Year Itch 2011

Смрт I, II, III, IV

I. Че Гевара е мртов.                                        II. Че Гевара е мртов.                           III. Че Гевара е мртов.
И дедо ми е мртов.                                             Фала му на Бога, јас сум жив.            Многу луѓе се мртви.
Но сепак, тоа не е исто.                                     И не сакам да умрам.                           Слава им.

IV. Потребна е уште една приказна и тоа ќе биде епопеја. Нешто слично на Војна и Мир. Не, јас не сум Толстој. Се викам Горан и сѐ уште сум дете.

Идиотски марш

Еден, два!
Еден, два!
Ние сме културно заостанати луѓе. Ете, јас не знам да читам, но тоа не ми пречи да бидам диктатор. Понекогаш зборувам во сонот и тоа ме задоволува. Свршувам во страниците на некое книжевно дело. Без срам, слободно.

Еден поглед надвор

Еден скитник, со еленски рогови на главата, мастурбира на сцената:
– Дами и господа, сите вие сте кретени!
Играчите се соблекуваат и почнуваат да играат.

Robert Gligorov - Rene'- il cacciatore di sogni 2012
Robert Gligorov – Rene’- il cacciatore di sogni 2012

Бог

Се дрогирам, пушам, дупам, понекогаш дркам и живеам како Бог. Едноставно, за сѐ ме боли куров.

Главата на Бах

Кога пристигнаа Турците, прв им се спротивстави Бах, но за две секунди, тој беше мртов.
Потоа, Турција ја окупираа Европа.

Стариот Бетовен

Глув сум или само се правам
дека не ја слушам музиката?

Идила

Еден куршум во челото,
многу крв и цвеќиња.
Тоа беше мојата младост.

Иднината е моја

Токму во овој момент, почнува одбројувањето.
Имам десет години да станам паметен.

Еротика плус

Денес е недела, супер ден. Куров ми е како катапулт. Се разбира, тоа не значи дека јас сум Цезар или, не дај Боже, Марко Антоние. Ах, да, заборавив да ви кажам: се викам Клеопатра.

Robert Gligorov - Dura Madre 2009
Robert Gligorov – Dura Madre 2009

Историја

Веќе две илјади години, луѓето секој ден се раѓаат и умираат, но сѐ уште тие не се ниту чекор поблиску до она што им беше ветено.

Претседател

Почитувани дами и господа, збор има Претседателот на Република Македонија. А Претседателот уморно трепка со очите и си мисли: Еј како би ве испратил сите у пичку материну! Ама, не личи, има деца во публиката.

Robert Gligorov -Performance 1997
Robert Gligorov -Performance 1997
http://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/06/robertgligorov-star-watcher-naslovna-1024x576.jpghttp://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/06/robertgligorov-star-watcher-naslovna-150x150.jpganonimenадмински пост - литературна манџакниги,литература,македонска сцена,постмодернизам,уметностГоран Петревски (1970) е автор на повеќе необјавени збирки поезија, три романи и една збирка раскази. Во 2004 година, со кусиот роман ПОРНОГРАФИЈА (ПРИРАЧНИК ЗА ПРАКТИЧЕН ЖИВОТ) Петревски победи на конкурсот за најдобра дебитантска книга. Прочитајте неколку негови куси-куси раскази објавени во збирката СОВРШЕНО КУСИ РАСКАЗИ (2010) од издавачката...Нова мисла на пресушената почва.