Време е да се запознаете со турскиот уметник Garip Ay. Своето средно образование го завршува во одделот за сликарство, дипломира во одделот за Традиционална Турска уметност на универзитетот „Mimar Sinan“ во  Истанбул. Во својата работа како ebry уметник, Garip Ay има одржано голем број изложби, работилници и семинари низ целиот свет. Зема учество и во различни филмски проекти, телевизиски документарни серии и слично.

Свесни сме дека делото „The Starry Night“ од Vincent Van Gogh е едно од најпрепознатливите дела гледано низ историјата на уметноста. Таа е една од најпопуларните слики со речиси најголем број на репринтови. Она што Garip Ay се обидува да го направи е всушност на маестрален начин да го рекреира делото на Van Gogh. Како? Користејќи се со познатата и најстара турска сликарска техника наречена „Ebru Art“, овој сликар ја создава постмодернистичката „The Starry Night“ во сад со вода!

Оваа сликарска практика е фасцинантна и изгледа речиси невозможна. Но, преку соодветна техника и години на пракса, не е невозможно да се совлада. Garip Ay во едно свое интервју за ABC News оваа техника ја објаснува како:

Практика на додавање боја на површината на водата и создавање модели и слики преку манипулирање со бојата за сликање.“

За водата да може да ги издржи неколкуте слоеви боја, а притоа бојата да не се раствори брзо во водата се става карагенанска прав. Како што ја фрла бојата од четката низ „црната“ вода, рекреирањето на познатото дело во сад со вода конечно се чини дека не само што е можно, но и прекрасно. Но, тоа сигурно не е толку лесно колку што артистот Ау го прави да изгледа. Тој вели дека создавањето на неговата „The Starry Night“ траело околу дваесетина минути.

Тешкотијата околу работењето со ваков тип уметност е очигледна, затоа што доколку се направи само една грешка, нема враќање назад. Процесот ќе мора повторно да се почне од почеток. Не постои такво нешто како „бришење“ на грешката кога станува збор за сликарство на вода.

Покрај „The Starry Night Garip Ay се обиде со рекреација и на познатиот „Self Portrait“ на Van Gogh.

Повеќе информации можете да најдете овде !

 

http://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/07/26d95011763aaa2c2f76fbd6febf5c78-1-1024x576.jpghttp://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/07/26d95011763aaa2c2f76fbd6febf5c78-1-150x150.jpgИрена ТрајковаВизуелноапстракт,постмодернизам,сликарство,уметностВреме е да се запознаете со турскиот уметник Garip Ay. Своето средно образование го завршува во одделот за сликарство, дипломира во одделот за Традиционална Турска уметност на универзитетот „Mimar Sinan“ во  Истанбул. Во својата работа како ebry уметник, Garip Ay има одржано голем број изложби, работилници и семинари низ...Нова мисла на пресушената почва.