Уметничкото дуо ЕФЕМЕРКИ [Јасна Димитровска и Драгана Заревска] ќе настапат на овогодинешниот CYNETART – фестивал за компјутерска и медиа уметност што секоја година се одржува во Дрезден во културната точка HELLERAU European Center for the Arts. Ефемерки учествуваат со нивниот последен перформанс “Контекстер против Дискурзор” до сега прикажан во Љубљана (SKUC), Скопје (ОГС), Белград (Oktobarski Salon) и Единбург (Summerhall). Перформансот ќе биде прикажан во недела, на 14 октомври во рамки на програмата Discourse.За време на фестивалот ќе бидат доделени неколку гран-при награди и резиденции на уметници за особен придонес во компјутерската и медиа уметностите, а наградите фестивалот ги доделува секоја втора година.

Најавуваме и интервју со ЕФЕМЕРКИ-те кое ќе го објавиме по нивниот настап.

22-то издание на CYNETART трае од 11 до 14 октомври и ќе се одржи во Festspielhaus Hellerau – театарот во Дрезден, кој има богата уметничка и политичка историја.

Овојпат, дизајнот на плакатот е фокусиран кон типографија и илустрација кои тематски го поентираат сајбер светот и технолошкото глорифицирање.

Концерти, предавања и перформанси, но и клабинг сесии ја исполнуваат овогодинешната програма на фестивалот кој тежнее да ги објасни технологијата, природата и човекот, додека прикажува дигитални, паралелни светови.

http://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2018/10/keyvisual_cynetart2018-1050x580-1024x566.jpghttp://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2018/10/keyvisual_cynetart2018-1050x580-150x150.jpgИвана СмилевскаВизуелножени,култура,македонска сцена,македонски автори,политика,постмодернизам,систем,слобода,театарУметничкото дуо ЕФЕМЕРКИ ќе настапат на овогодинешниот CYNETART - фестивал за компјутерска и медиа уметност што секоја година се одржува во Дрезден во културната точка HELLERAU European Center for the Arts. Ефемерки учествуваат со нивниот последен перформанс 'Контекстер против Дискурзор' до сега прикажан во Љубљана (SKUC), Скопје (ОГС), Белград...Нова мисла на пресушената почва.