Град се гради единствено преку слобода и тоа е примарниот предуслов. Грдот не се гради во еден ден, туку со илјадници денови и илјадници извојувани слободи. Нашите градови се вечно во изгрдаба. Така, жителите скришно се убедени во постоење на алтернативни светови и утопија.

На еден таков градежен материјал во Битола му е потребна помош:

[Другари ЗаДругари] Слобода преку локална иницијхатива или за артикултура
@zadruga.artikultura

[english below]

Луѓе, помош. 

Просторот во кој моментот престојува Артикултура од стартот до сега беше непрофитен проект, слободна зона полна љубов, отворна за сите, во кој група на многу различни луѓе фрлаја мноооогу време, идеи и пари за еден културен концепт кој сметавме дека му е потребен на градот, не очекувајќи ништо за возврат.

Сепак, и покрај досега постигнатото, моментално е многу неизвесно дали просторот ќе продолжи да функционира ради финансиски проблеми, особено поради фактот што СИЗ-от ни бара 2 и пол кирии плус за момент кога просторот беше нефункционален, без одвод и без можност да се отвори, па сега се заканва со извршители и шо не.

За да се извајме некако ќе треба неверојатен напор, ама ние верваме дека заеднички можиме да ја пребродиме кризава, па зато сакаме да замолиме, кој сака, да поможи на некој од следниве начини:

* Да стани член/ка (годишна чланарина е 60 евра)
* Да донира средства (јавно или анонимно) во Артикултура, или на сметка 210071188300171, НЛБ Тутунска Банка, со назнака „Донација“.
* Да иди и дроп да се прај секој ден за празниците, а и потаму 

Сепак, доколку не успејме, ова не значи дека ќе се откажиме од идејата, и обеќаваме дека ќе му го најдиме чарето поинаку.
Артикултура е поќе од просторот на ул. Браќа Мингови бр. 7 и нема да умри ако се клај клуч на просторот во пазарот. 

Со многу љубов, шо и да се деси,
Задруга Артикултура.

————————————-

People, we need help. 

The space where Artikultura currently resides is a non-profit, full-of-love open space, where a group of many people selflessly poured tons of time, ideas and money, believing in a cultural concept that the city of Bitola desperately needed, of course, expecting nothing in return.

Despite our best efforts, it is uncertain whether we will survive the next month, because of financial problems, and because the state-run institution that rents us the place insists on us paying two and a half rents + for the time when they didn’t have the space functionally ready, and now they are threatening to forcibly charge what we “owe”.

Getting out of this unfortunate situation, requires otherworldly efforts, but we’re a bunch of dreamers anyway, so if anyone else believes in it too, you can either donate, or just drink a lot if you happen to be around Bitola. 

If we don’t succeed, this doesn’t mean that we’ll stop doing what we believe in, and we will try and find another way, but for now we’re still hoping we won’t have to let go what we had worked for for the past 8 months.

Lots of love, no matter what happens,
Zadruga Artikultura


Во прилог*, се потсетуваме на некои од настаните организирани и изведени во АРТИКУЛТУРА (и зошто е бито сето ова за сите нас):

*Сите користени фотографии се авторска сопственост на Задруга Артикултура

http://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2018/01/prazvila-rezolucija-1024x576.pnghttp://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2018/01/prazvila-rezolucija-150x150.pngИвана ХаџиевскаАнтроПропоНекатегоризираноартикултура,Битола,град,другарство,задруга,колективГрад се гради единствено преку слобода и тоа е примарниот предуслов. Грдот не се гради во еден ден, туку со илјадници денови и илјадници извојувани слободи. Нашите градови се вечно во изгрдаба. Така, жителите скришно се убедени во постоење на алтернативни светови и утопија. На еден таков градежен материјал во...Нова мисла на пресушената почва.