// Она коа ќе си кажеш смешка, па сам си се смееш и не знаеш каде да се обратиш за помош. // И продолжуваш да се смееш ко говнар. Или плачеш. Сеедно. Светот е гомце, па создаваме нови. Претставуваме десет раскази на Драган Георгиевски, инаку автор на Метаморфузија, книгата  која победи на конкурсот НОВИТЕ, организиран од издавачката куќа Темплум.

***

“Дали уживаш тука во тревава“ едно дедо прашало некои цвеќе.

“Уживам, да“ одговориле цвеќе и дедо го скинал.

А сега? Уживаш ли сега кај мене во џебов? А?“ прашало дедо.

“Да, уживам“ рекло цвеќе.

“А сега? Уживаш ли сега под моја кондура?“ прашало дедо и згазнало цвеќе.

“Уживам, уживам, да!“ рекло цвеќе.

“А сега? Сега дедо, уживаш ли вака на делови скинато, ти цвеќе?“ рекло дедо и се накурчило.

“Уживам, да“ рекло цвеќе.

“А сега, скинато тоа на дедо, уживаш ли сега во моја уста, додека те џвакам?“ прашало дедо и џвакало цвеќе.

“Уживам, да, многу уживам дедо“ рекло цвеќе.

Дедо голтнал цвеќе и прашал:

“А сега? А цвеќе? Уживаш ли сега во мојов стомак? Уживаш ли цвеќе?“

Цвеќе не одговорило.

Дедо прашало уште еднаш.

Цвеќе не одговорило.

Дедо прашалo уште еднаш.

Цвеќе нема.

Дедо се испонакурчило и почнало да се мава по стомак.

Дедо силно се мавало по стомак па умрело и паднало.

Дедо останало да лежи на трева.

Следните ден цвеќе пак почнало да расте, низ очи на дедо никнело, се тегнело, уживало цвеќе.

  ***

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10207277786164849&set=pb.1290514641.-2207520000.1495815564.&type=3&theater

***

Вчера, додека се враќав пеш накај дома, сум згазнал на мастика и сабајлево седнав да си ја чистам патиката и под неа наоѓам залепени пикавци, лименки, нокти, крстозборки, фрагменти од Хераклит, психолошки тестови, две песни од Јејтс, пола песна од Рембо, прво издание на “Страдањата на младиот Вертер“, плави картони, патлиџан и еден ептен досаден другар од средно.

***

Грам,
дијазепам.
Жан Клод,
Ван Дам.
Поезијава?
Џам.
Клод Жан,
Бан Дам.
Песто мега рам?
Па како не ти е срам.
Жан Клод,
бам бам.

***

-Замисли си свет.
Помочај му се.
Замисли си нов.

***

Прееска ова.
“Кристина!“
“Кажи тато“
“Со парите што ти ги дадов земи леб, две паштети,
уплати го тоа ливчето што го пиша мајка ти и купи си смоки за тебе“
“Важи тато“
А Кристина има 35 години, не може да се осамостои и животот и е срање. Од тие пари што и ги дал татко и, ставила 20 денари у џеб и среќна е.
Ќе си купи нешто, она што сака.
Пошо на 100 места аплицирала за работа како магистер, али курац.
Абе Кристина. Те умревме.

 ***

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10208614702546923&set=pb.1290514641.-2207520000.1495815562.&type=3&theater

***

Кафка, Шекспир, Достоевски, Декарт, Ниче, Бекет, Сартр, Чехов, Фројд.
Девет интелектуалци кои никогаш во својот живот немаат направено салто.

***

Мачоров се качи на тастатура и ме замоли да ја споделам песнава.
“o9999999999999999999999999999999999999999999999999999999999999999999999игјјнбхсхѕѕрт99999999999999999999999999999999999999999999i]]]]]]]]]]]]]]9999999999џдфјјјјјјјјјјјј99999999999999999999999пиуо58776г999999999999999999“
“Ок сум така?“ прашува.
“Да бе пер“
“Да не ме сфатат погрешно?“
“Таман работа“

***

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10203086902475376&set=pb.1290514641.-2207520000.1495815678.&type=3&theater

***

Влагам кај баба ми во соба.
“Бабо, намали малце музиката, главава ќе ми пукне!“
“Ќе ти пукне, цел живот затворен у себе, не знаеш да сакаш, не знаеш како да реагираш кога си сакан, све нешто ти е комплицирано, не можеш сега па оставаш за утре, утре оставаш за у среда, животот “вака“ ти поминува а ти не си свесен за тоа, деца, јебем ви депресивна генерација, ај затвори врата да се спремам пошо треба да искачам“

***

Цел живот ја пишував песнава, за као демек на постари години да ти кажам дека сум бил заљубен у тебе, такви детски ствари, глупи.По цели денови пред компјутер дремам ко глуп некој.
Решив да ти ја пратам, ти ја праќам, а ти живееш во странство, веќе мажена, имаш три деца и немаш македонска поддршка на компјутерот па си викèâ äîìà.
Îñòàíàâ áåç ïàðè.аш:
“Што кур му е на ова будалава?“
Ïàðè
Èçëåãîâ íàäâîð äà ïîáàðàì ïàðè.
Áàðàâ ïàðè; áàðàâ ïîä êîëè,
ïî òðåâíèöè, ïî ãðàäèíêè, íà òðîòîàðè.
Íèêàäå íåìîæåâ äà íà¼äàì, ïàðè.
Ñå âðàò

***

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10208444427130144&set=a.1745582041276.2090375.1290514641&type=3&theater

http://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/05/dragan-naslovna-1024x576.pnghttp://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/05/dragan-naslovna-150x150.pnganonimenадмински пост - литературна манџакниги,книжевност,литература,македонска сцена,постмодернизам,уметност// Она коа ќе си кажеш смешка, па сам си се смееш и не знаеш каде да се обратиш за помош. // И продолжуваш да се смееш ко говнар. Или плачеш. Сеедно. Светот е гомце, па создаваме нови. Претставуваме десет раскази на Драган Георгиевски, инаку автор на Метаморфузија, книгата  која...Нова мисла на пресушената почва.