„Еден ден, стотици години од сега, којзнае дали луѓето ќе веруваат дека под старата раскошна смоква во задниот дел на Куршумли ан во Скопје секое лето се заседнувале едно чудо раскажувачи од разни страни низ светот, та се расприкажувале до зајдисонце. Па, ги претворале во зборови сликите што ги имале во глава, само за зборовите одново да се претворат во слики пред очите на слушателите… и така, секое лето, со години. Дојдете под сенката на смоквата, да уживаме во убавото додека трае.“

Муабетите под смоква се посвета кон авторите и нивниот труд, порта кон подлабоко вклучување во нивните приказни и интеракција без протокол и површности. Соголување на трудот при создавањето документарен филм, со сите сомнежи, надежи, проблеми по патот – како еден брак со документарната пасија.

Овогодинешните Муабети под Смоква започнаа во попладето на вториот МакеДокс-ден (20.08.2017) а беа посветени на филмовите кои го отворија фестивалот:

Özgür Demirci ги води слушателите низ археологијата на секојдневното, отсликана во неговиот краткометражен документарен филм From the silver screen to the soccer field/Од филмското платно до фудбалскиот терен (TR, 2016, 9′). Цензурата на јавниот простор, прикажана низ култна кино сала ставена на удар меѓу минатото и политиката. Во меѓувреме – комунален простор во вртлозите на мигрантските судбини. Како се алиенираме од нашите локални културни простори?

Во поширока прошетка низ приказната за Дионис (Avec L’amour), не носат режисерот Илија Цветковски и продуцентот Атанас Георгиев: органски пристап и емпатија – формула за визуелно раскажување на еден несекојдневен македонски наратив.

Користејќи ја културната антропологија и алатките на компаративната книжевност, Маријана Котевска-Георгиева бара друг јазик за пренесување на стварноста. Под смоква, таа ја претстави својата книга „Социјалниот архетип во документарниот филм“, во издание на Арс Ламина публикации. Што е релност, дали нашите реакции се научени или автентични? Битноста да го разбереме социјалниот синдром во документарниот филм – се само некои од прашањата кои се отвараат пред нас.

 

http://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/08/4.pnghttp://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/08/4-150x150.pngИвана ХаџиевскадокуЛокум - кратко. слатко. онтолошки.Останатодокументарен филм,македокс,македонија,филмски фестивал„Еден ден, стотици години од сега, којзнае дали луѓето ќе веруваат дека под старата раскошна смоква во задниот дел на Куршумли ан во Скопје секое лето се заседнувале едно чудо раскажувачи од разни страни низ светот, та се расприкажувале до зајдисонце. Па, ги претворале во зборови сликите што ги...Нова мисла на пресушената почва.