Обично сакам да кажувам како некои од најдобрите албуми кои ги имам слушано, ги имам најдено случајно. Така беше случајот и со овој, албумот SATURATION на BROCKHAMPTON .

BROCKHAMPTON е рап колектив (или како што тие се нарекуваат, бој-бенд) од Тексас. Од нивното формирање до сега бројот на членови неколкупати се менуваше, некогаш броеше од најмалку 9, а најмногу 15 членови. Единствената константна работа околу овој колектив е централното креативно јадро на сите проекти, Kevin Abstract.

Нивниот најнов проект, албумот SATURATION е уште едно позитивно изненадување од оваа група. Албум кој зборува на јазикот на Новата школа, но е доволно традиционален за да и се допадне на пошироката маса љубители на добрата музика. Силно се чувствува влијанието кое целата група, а посебно Kevin, го црпи од нивните влијанија како што се Pharell Williams, Kanye West, Childish Gambino и Justin Timberlake.

Првата песна, HEAT е добро интро за понатамошниот vibe на албумот. Тврдиот, агресивен инструментал е одлично надополнет со емотивен и маестрално – агресивниот стил на рецитирање на стиховите од страна на членовите на групата. И како што албумот тече BROCKHAMPTON  понатаму ги вадат сите асови од ракавот и ги покажуваат сите свои трикови. И им се восхитувам заради тоа. Од заразниот рефрен на GOLD, преку емотивноста на песната 2PAC, па сѐ до совршената продукција на FACE, овој албум е комплетен исповед на една група луѓе од улиците – што живеат online.

Можеби уште на прво слушање ќе ве потсети на музиката која ја креираат Odd Future или The Internet, но сепак стилот и производот на BROCKHAMPTON  е доволно уникатен за да остави голем впечаток подолго време откако ќе го преслушате.

Секако, не би сакал да го завршам овој текст без да ги спомнам спотовите на песните од овој албум. Сите од нив се режирани од Kevin Abstract и се естетски слични, како би се вклопиле во тонот на албумот. Колор-палетата која ги бои спотовите е посебно впечатлива, потсетувајќи на естетиката на раниот интернет и животот во предградието.

SATURATION е албум наменет за секого и нема предрасуди, па истиот може да го слушаат фановите на old school рапот, па се до фановите на новиот бран на рап. Со своите текстови членовите на групата ги поттикнуваат сите оние кои ги слушаат да ја искажат својата индивидуалност и да не се плашат додека го прават тоа.

Иако рап класичарите не би се сложиле со следнава изјава, сепак ќе ја оставам тука: рапот не станува помек, туку само не му е срам да зборува отворено за своите несигурности.

За крај, да го оценам албумот. По долго размислување каде точно припаѓа на скалата, мислам дека би му дал солидни 8,5/10. Преслушајте го и проценете сами дали сум во право.

Слушајте убава музика и ширете љубов.

http://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/06/brockhampton-rap-boyband-za-lugjeto-shto-ziveat-online-featured-1024x576.jpghttp://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/06/brockhampton-rap-boyband-za-lugjeto-shto-ziveat-online-featured-150x150.jpganonimenМузикаанализа,критика,рап,уметници,уметностОбично сакам да кажувам како некои од најдобрите албуми кои ги имам слушано, ги имам најдено случајно. Така беше случајот и со овој, албумот SATURATION на BROCKHAMPTON . BROCKHAMPTON е рап колектив (или како што тие се нарекуваат, бој-бенд) од Тексас. Од нивното формирање до сега бројот на членови неколкупати се...Нова мисла на пресушената почва.