Денес сите сркаме од манџата на идеологиите. Но БРАНКО ПРЉА во неговата – ВЕСТ ОД НЕСВЕСТ, таа манџа ја зачинува со игрив, скоро ненаметлив сарказам, гледа право во очите на чинителите на доцниот конзумеризам. Толку смел во својата книжевна и креативна досетка, тој дури успева да го предвиди Трамп!
Со овој свој рецепт толку ги неутрализира идеолошките честички и грозницата на медиокритетството, што многу ни олеснува да им се насмееме в лице. Токму заради тие книго-хранливи квалитети, пробајте ја Вест од несвест со нашата литературна манџа.

Бранко Прља е роден во Сараево во 1977. Од 1990 живее и работи во Скопје. Се занимава со графички дизајн и пишување; има учествување на повеќе групни изложби и перформанси. Основач е на единствениот електронски конкурс за литература во Македонија, Електролит и на независната организација за Креативен активизам преку пародија, критика и алегорија, Капка. Има објавувано во земјата и во странство. [1]

Заедно со мајсторството на графичкиот дизајн ги оживува симболиките на XX век и ставајќи ги го склоп на текстот ги прави тотално луцидни.

Оваа негова книга е составена од неколку публикации [2]:

Вести од земјата на чудата [2005];
Вести од светот на Парите [2006];
Вести од подземјето [2007];
Вести од Кина [2010].

 


НЕ СМЕ ДОВОЛНО ЛУДИ НО ЌЕ БИДЕМЕ! [3]

I Нови случки во гимназијата „Бил Дебил“

МЛАДИНАТА СЕ ПОБИСТРА

Завчера во гимназијата за американизација на вселената „Бил Дебил“, ученикот У.С. заради мешањето на еден од професорите во неговото изразување на слободни прдежи, го изрази својот револт со испуштање атомска бомба непросветените жители на Јужна Камбоџа, бивша покраина Заир, сегашна Нова Куба. Ова надарено момче беше запрашано од нашите новинари за изборот на локацијата, на што тој одговори: „Тие се терористи, човече, а нивниот лидер, диктатор. Тоа го заслужуваат!“ И што да се каже по ова, освен, ура, за нашата напредна младина.

 

II МФ и во нашата земја

УМЕН КРЕДИТ

Нашата држава доби кредит од 66,6 милиони долари од меѓународната организација МФ (Mind Fucking) која се грижи за одржувањето на „пожелното ниво на свесност кај неселението во неразвиените земји.“ Парите добиени од МФ ќе се искористат во: изградба на „прифатилишта за надарени умови“ и „домови за деца со напредни идеи“ и набавка на апаратура која треба да се инсталира во тие објекти. Се работи за најновата генерација на машини IQ-2006 (Idiot Quality) и АЛБЕРТ (Апликација на Лудоста врз Бунтовни Единки со Разорни Техники) со кои треба да им се помогне на овие млади умови во нивното поуспешно социјализирање. Понудени се и алтерантивни методи, пред сé, евтина варијанта на давање на електрошокови и уште поевтина експлоатација на нивните мозочни клетки ви развиените земји или замена на овие напредни индивидуи со нискобуџетни филмови и сапунски серии, месо од шизофренични домашни животни и безвредни артикли за масовна потрошувачка, за што треба да се расправа на престојниот самит за врзување на неврзаните земји, организиран од МФ.

III Во „Арена“ вистинска арена

СУДИР НА ЦИВИЛИЗАЦИИТЕ

Дали Терор ќе го уништи Глобал?
На стадионот „Арена“ утре во присуство на илјадници навивачи на Гол-купот ќе се одржи финбалето на речено „Крвав-куп: Ловечко око“. Во финалето се очекуваат нови возбудувањња. Ќе се сретнат „Терор“ од ИРАК (Ирелевантните Рудиментирани Анти-глобалистички Корпуси) и „Глобал“ од САД (Соединетите Антитерористички Држави). Целта на финалните игри е да се откорнат што е мпжно повеќе делови од телата за кои се добиваат одереден број поени, а најмногу за „Окото на ловецот“. Т.е. на капетанот на екипата. „каква борба очекувате“, го запрашавме г-динот Затру Ен Ум, организаторот на оваа спортска манифестација. „Се работи за судир на цивилизации. Од едната страна ги имаем Ирачаните, гадни момци, кои како деца играле фудбал на минските полиња ширум нивната татковина, одбрани крволочни гадови, а на друга вистински софистицирани убијци, воени ветерани кои присуствувале на воени конфликти во изминативе пеесетина години предизвикани од силите на светското демократско преиначување, а нив ги имаше малку, нели?“

IV Вести од длабочината на

ФИЛОЗОФСКАТА МИСЛА

Драги читатели, денешната сторија ни доаѓа од длабочините на филозофската мисла на нашиот сограѓанин проф. Мис Ла. Таа приказна не е вистинска, таа е потполно измислена, како и нејзиниот автор. Јас, всушност, не сум јас, туку некој кој пишува за мене, а тој, логично, не е јас. И репортажата не е вистинска, туку е фалсификат. Во вистинската приказна се работи за длабочините на човечката глупост прераскажани од устата на нашиот трач мајстор г-дин Врач. Тоа е трагичната приказна за човекот и неговата потрага по моралните вредности во модерното опшество. Тој за жал, не ги наоѓа, но наоѓа едно столче на кое седнува и ја смислува најголемата мисла на светот.

V Еволуција

КАКО НАСТАНАЛА ЖЕНАТА

Сите знаеме дека најдобра пријателка на човекот е жената. Но, човекот од секогаш ја немал жената покрај себе и иако ја имал капата, животот му бил тежок. „Така, еден ден човекот го замоли Господ да му направи жена, а Господ му кажа дека тоа е можно само ако од капата се откаже. И човекот тоа го стори и Господ жена му направи од капата. И беше човекот среќен, се додека не сфати колкава грешка стори. Жената лоша набрзо се покажа, човекот само го кара и му досадува. И се покаја човекот жената воопшто што ја побара, но не сфати дека без неа не може, зошто главата ќе му летне“. Ете тоа беше измислената приказна за човекот, капата и жената, а сега вистинската приказна за Декарт.

VI Најнова вест

ЗЕМЈАНИТЕ ЈА НАПАДНАА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА!

Пред неколку минути стигна најнова вест:
Вонземјаните ја нападнаа Земјата! Но, почекај еден момент пред да почнеш да врескаш и да трчаш наоколу како без глава. Не труди се да ги здогледаш на небо во блекскава бела чинија и не барај зелено суштество меќу луѓето, зашто таму нема да најдеш. (…)

Поплаки од вонземјаните за писменото објавување на веста за нивното појавување. „Каде е драматичноста тука?“ заклучува г-дин Икс Ипсилон од планетата Илон.

Доброволци се пријавуваат за одбрана на Земјата во ПФАА (People’s Front Against Aliens)

VII Наскоро!

ШОУТО НА ТРАМП

Добредојдовте во Шоуто на Трамп. Најреалното шоу на денешницата каде што 16 кандидати ќе се сретнат во досега невиден тест на издржливост, храброст, снаодливост и нехуманост! Тие ќе се натпреваруваат, караат и секави злоби меѓу себе ќе си прават, само за ваше задоволство и исполнување на вашето време кое инаку може да го минете со семејството, пријателите, со книга или на прошетка! Само за вас, 16 луѓе ќе се понижуваат, навредуваат и ќе го прават тоа што вие го правите или би сакале да го правите во вашата реланост, на ТВ, во ова реално шоу! И не заборавајте! Во текот на шоуто тие ќе носат, ќе користат, ќе гледаат, ќе вечераат, ќе посетуваат, ќе купуваат производи, брендови… кои и вие треба да ги гледате, купувате, посетите, користите… секако, ако сакате да станете дел од таа елита, а ние знаеме дека сакате! Сакате, нели!!? Сакате!

Забелешки:
[1] Прља, Бранко – Вест од несвест, Готен, Скопје 2010, Белешка за авторот
[2] Видија ја книгата во целост
[3] Капка – тука можете да преземете бесплатни книги од авторот Бранко Прља
*Слики – сите слики (освен насловната слика) се превземени од книгата Вест од несвест на Бранко Прља

http://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/07/Screenshot-2017-07-21-13.16.28-1.pnghttp://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/07/Screenshot-2017-07-21-13.16.28-1-150x150.pnganonimenадмински пост - литературна манџаграфички дизајн,книжевност,македонска сцена,македонски автори,постмодернизамДенес сите сркаме од манџата на идеологиите. Но БРАНКО ПРЉА во неговата – ВЕСТ ОД НЕСВЕСТ, таа манџа ја зачинува со игрив, скоро ненаметлив сарказам, гледа право во очите на чинителите на доцниот конзумеризам. Толку смел во својата книжевна и креативна досетка, тој дури успева да го предвиди Трамп! Со овој...Нова мисла на пресушената почва.