Благодарејќи на интернет културата, квир животот сѐ повеќе и повеќе се поврзува. Глобалната ЛГБТ+ заедница има поголема слобода да дознае за случувања, артисти и персони кои ја претставуваат заедницата на позитивен начин. Zack Ryan, повеќе познат како BibleGirl666, е едно од овие лица во нашиот квир свет. Благодарејќи на неговото позитивно и влијателно интернет присуство, сите ја имаат шансата да дознаат нешто ново преку неговиот интелигентен хумор и свесност за одвивањата во светот денес. Ја имав честа и можноста да му поставам неколку прашања од гледиштето на една млада квир личност која живее во не толку развиен дел од Европа каде што слободата и отвореноста кон диверзитетот сѐ уште не е толку прифатена. Прочитајте ги неговите размислувања подолу.

1. Што за тебе значи да се биде drag – артист?

За мене да се биде drag артист е креирање на слободен простор за оние кои сакаат да ја поминат границата и да доживеат состојба на ескапизам. Согледувајќи ја состојбата на светот денес, јас преку моите шоуа и изведби ја нагласувам потребата за таков простор каде што бегаме од реалноста и се чувствуваме безбедни.

2. Во која насока ќе се развиваше твојата drag персона доколку беше drag queen со потекло од Европа, настрана Велика Британија? Прашањево се однесува на слободата на говор и креативната слобода.

Мислам дека ако бев drag queen од Европа, мојот постар, поекстремен изглед како на пример “The old BibleGirl” ќе еволуираше во некоја позрела верзија на себеси. Гледајќи ја пошироката слика можам да заклучам дека Европската drag сцена прифаќа поголем екстрем и радикалност. Оттаму сметам дека мојата стара естетика и шминка добро ќе се вклопеше во таа специфична средина!

3. Ти си личност која говори без влакна на јазикот. Што те поттикна да ги споделуваш твоите ставови толку отворено со светот?

Мислам дека почнав да го користам мојот глас за време на изборите во САД. Сфатив дека можам да направам нешто повеќе од објавување memes или убава фотографија. Цела среќа што политичката активност и вокалноста не се меѓусебно поврзани.

4. Дали се чувствуваш поддржан од твојата локална drag-заедница?

Секако! Бруклинската drag-заедница ми е како семејство.

5. Кaжи ми нешто повеќе за твојот бизнис; ти си импресивен претприемач. Колку беше тешко започнување на сопствен бренд DragQueenMerch.com?

Ти благодарам!

На почетокот беше многу тешко да убедам други drag queens да се приклучат кон прoмовирање на брендот бидејќи немав барометер за да знам колку истиот ќе успее. Но еве нѐ, после две години од првиот замислен концепт!

6. Што мислиш за фактот дека САД е моментално најпреценатата држава во светот?

Се чувствувам благодарен за мојот живот во САД. Овде ја имате шансата да живеетe онака како што сте замислиле. Секако, јас имам одредени привилегии за кои морам да признаам дека постојат, па и поради тоа не сум ги почувствувал предрасудите, социоекономските / социополитичките проблеми со кои американците се соочувале во минатото и сѐ уште се соочуваат. Сѐ уште е голем бројот на конзервативни размислувања кои дејствуваат врз регресот кога станува збор за прифаќање на еднаквоста.

7. Која е твојата порака за младината која живее во мојот регион – Јужна Европа, која сака да се посвети на креирање своја drag-персона?

Секогаш имајте на ум дека сте способни за ова! Може да бидете сѐ што ќе посакате да бидете. Можеби постои веќе постaвена рамка, но вие не мора да сте дел од истата!

8. Раскажи ми нешто повеќе за твојата нова интерактивна смартфон игра – BibleGirl Big’s Apple. Каде е достапна; како дојде до идејата за вакво нешто?

Јас и моето момче заедно го смисливме концептот.

Ние сме многу големи обожаватели на семејството Кардашијан и империјата која тие ја изградија. Јас сум голема бубалица и љубител на видео игри, па оттаму дојдовме до идејата за квир верзија од веќе познатата игра на Ким Кардашијан. Тоа ни звучеше кaко нешто што е потребно на пазарот.

9. Дали некогаш доби одговор од Инстаграм поради тоа што го избришаа твојот профил? Или извинување што се замолчи твојот бренд само поради тоа што е дел од ЛГБТ+ заедницата?

Ниту добив одговор, ниту добив извинување. Гледам логика во тоа бидејќи хетеронормативните, хомофобичните програмери на Силиконската долина не сакаат да се инкриминираат себеси.

*eye roll*

10. Кога ќе го добиеме твоето долгоочекувано EP – #Triggered?

Моментално работиме на нешто со мојот пријател Thenda, кој е исто така познат и како Hamm Samwich, продуцентот на главниот сингл на #Thriggered, CHINATOWN.

11. Do you miss the old #BibleGirl?

Секој ден!

12. Кога последен пат даде отказ од твојата drag-персона?

Утрово, со моето утринско кафе.

Можете да ја прочитате англиската верзија тука.

http://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/06/bible_girl_666_featured-1024x576.jpghttp://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/06/bible_girl_666_featured-150x150.jpganonimenОстанатоdrag queen,живот,интервју,квир,култура,систем,слободаБлагодарејќи на интернет културата, квир животот сѐ повеќе и повеќе се поврзува. Глобалната ЛГБТ+ заедница има поголема слобода да дознае за случувања, артисти и персони кои ја претставуваат заедницата на позитивен начин. Zack Ryan, повеќе познат како BibleGirl666, е едно од овие лица во нашиот квир свет. Благодарејќи на...Нова мисла на пресушената почва.