[Exit Through the Gift Shop]

Излез низ продавницата за сувенири (Exit Through the Gift Shop) претставува експериментален по форма и содржина, филм во склоп на документарната кинематографија. Станува збор за креативен производ на познатиот уличен уметник Banksy и Тери Гета (Thierry Guetta) или псевдонимот кој го користи подоцна – Господин Brainwash. Филмот започнува како дело на Тери кој својата опсесија со камерата и документирањето ја претвора во документарен филм за уличната уметност и уметниците кои ја создаваат. Кон средината на филмот се чини дека целиот фокус ќе се сврти кон Banksy, неговата уметност и значењето на истата. Но, место тоа, Тери ја менува својата улога, од снимател, тој самиот станува уличен уметник, а Banksy ја зазема улогата на режисер. Филмот е склоп на аматерски, направени со рачна камера и со слаб квалитет снимки кои вклучуваат директни интервјуа со Banksy, ТериSpace InvaderShepard Fairey. Ваквиот естетски избор наоѓа своја оправданост во склоп на целосната филмска замисла и содржината.

Излез низ продавницата за сувенири на многу начини претставува мета- филм, тој е рефлексивен кон самата форма и процесот на создавање, свртувајќи ја камерата кон човекот со камера. Вака конструиран, гледачот на филмот се запрашува дали ова е навистина документарец или мокументари или некаква експериментална шега и колку од ова е вистина. Ваквите филмови најуспешно ги предизвикуваат претпоставките и очекувањата од самата документарна форма и се обидуваат да понудат коментари околу самите средства за репрезентација.

[Banksy]

 “All artists are willing to suffer for their work. But why are so few prepared to learn to draw?”

 

*цитати и слики

*for more on the artist Invader visit – Artsy 

*for more on the artist Shepard Fairey visit – Artsy 

http://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2018/02/banksy-featured-1024x576.jpghttp://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2018/02/banksy-featured-150x150.jpgМарија БошковскаВизуелнодокуЛокум - кратко. слатко. онтолошки.визуелна уметност,графити,документарен филм,слободаИзлез низ продавницата за сувенири (Exit Through the Gift Shop) претставува експериментален по форма и содржина, филм во склоп на документарната кинематографија. Станува збор за креативен производ на познатиот уличен уметник Banksy и Тери Гета (Thierry Guetta) или псевдонимот кој го користи подоцна – Господин Brainwash. Филмот започнува како дело на Тери кој...Нова мисла на пресушената почва.