Документарните филмови претставуваат креативен, уникатен и искрен начин на прикажување на светот. Камерата својот поглед го насочува кон реалните луѓе и ги разголува нивните животни приказни, навики и емоции.

Avec L’amour или Музејот на Дионис е документарен филм за професор по биологија со необичен животен сон.

Дионис е сопственик на голема колекција автомобили, олдтајмери, од кои поголемиот број од нив не се во возна состојба. Автомобилите се неговата страст и тој оваа своја колекција сака да ја претвори во музеј.

Avec-lAmour-01

Но, цената за оваа особена љубов кон старите автомобили најмногу ја плаќа неговата сопруга, Гоца, со својата осаменост. Таа секојдневно работи и прави роденденски и свадбени торти, додека тој сонува за волшебниот музеј. Опкружен со неговите автомобили кои се распаѓаат, во својот куп од метал Дионис ја пронаоѓа својата среќа на постоењето.

Avec L’amour или Музејот на Дионис е филм со едноставна приказна, која во себе ја содржи универзалноста на човековата живота сага претставена преку Дионис, неговата жена, неговата страст и неговата фантазија за отворање на музеј за олдтајмери во еден мал град.

Avec-lAmour-02

Техничката изведба, светлото, одличната композиција и извонредната музичка изведба од страна на групата Фолтин го прават овој филм уште попривлечен за гледачите.

Премиерата ќе биде прикажана на Hot Docs фестивалот за документарни филмови во Торонто на 2ри мај оваа година. Во Македонија филмот за прв пат се очекува да се појави во август и да биде прикажан на филмскиот фестивал Македокс.

Главни улоги:Дионис и Гоца Палашкови
Режија:Илија Цветковски
Продуцент:Атанас Георгиев
Кинематографија:Драган Паковски, Самир Љума, Илија Цветановски, Сотир Ивановски, Димо Попов, Јане Јанков
Музика:Фолтин
Звук:Атанас Георгиев, Александар Ѓорџевич, Зоран Проданов, Ивица Јанкиловски, Виктор Атанасов.
Времетраење:Фестивал 66 минути / ТВ 56 минути

Погледнете кратко видео од филмот подолу. Доколку сакате повеќе информации, посетете го официјалниот веб-сајт на Avec L’amour тука.

http://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/03/aveclamour-poster-1024x576.jpghttp://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/03/aveclamour-poster-150x150.jpgМарија БошковскадокуЛокум - кратко. слатко. онтолошки.Филмhot docs,документарен филм,живот,македокс,македонија,македонска сцена,македонски филм,филмски фестивалДокументарните филмови претставуваат креативен, уникатен и искрен начин на прикажување на светот. Камерата својот поглед го насочува кон реалните луѓе и ги разголува нивните животни приказни, навики и емоции. Avec L'amour или Музејот на Дионис е документарен филм за професор по биологија со необичен животен сон. Дионис е сопственик на голема колекција автомобили, олдтајмери, од...Нова мисла на пресушената почва.