Влијателен американски сликар, а воедно претставник и водечка сила на апстрактниот експресионизам во светот на уметноста. Големината на Џексон Полок може да се лоцира во развојот на еден од најрадикалните апстрактни стилови во историјата на модерната уметност. Студирал во Њујорк, во почетокот работел во Regionalist стил, и под влијание на мексиканскиот муралистички сликар Диего Ривера, како и одредени аспекти на надреализмот. Во ноември 1939 година, Музејот на Модерна уметност во Њујорк (MoMa) монтира важна изложба на Пикасо со наслов: „Picasso: 40 Years of His Art“. Изложба која содржела 344 дела на Пабло Пикасо и неговиот познат анти-воен муралGuernica“.

Токму со оваа изложба Полок всушност ја признава експресивната моќ на европскиот модернизам, што претходно ја отфрлал во корист на Американската уметност. Така почнува да гради еден нов стил на полу-апстрактни тотемски композиции, преку опсесивни преработки.

Новите уметнички авангардни појави, особено во Њујорк кои воведуваат нови радикални правци во уметноста го носат периодот познат како апстрактен експресионизам. Џексон Полок, меѓу другите апстрактни експресионисти, е анксиозно свесен за човечката ирационалност и ранливост, па ја изразува неговата загриженост во апстрактната уметност која де факто претставува хроника и егзистенција на модерниот живот. До средината на 1940 година, Полок ги воведува неговите познати „drip paintings“, што претставуваат едни од најоригиналните нешта на векот и засекогаш го променува текот на американската уметност. Понекогаш, новите уметнички форми укажуваат на животната сила во самата природа, или пак да го предизвикуваат заглавувањето на човекот во телото, во вознемирениот ум и во новиот застрашувачки модерен свет.

Полок почнува да експериментира со сликарството како средство за изразување на своите чувства и расположенија. Фокусот на неговата уметност се префрли од претставите на надворешниот свет кон ослободување на интуитивните творечки пориви. И покрај неговиот исклучителен уметнички талент, Полок всушност бил длабоко проблематичен и несигурен човек.

„…Моето сликарство е директно. Обично сликам на подот. Уживам работејќи на големо сликарско платно. Така повеќе се чувствувам како дома, чувствувам повеќе леснотија во големината. Кога имам платно на подот, се чувствувам поблиску и како дел од сликата. На овој начин, можам да одам околу неа, да работам од сите четири страни, и да бидам „во“ сликата, слично на Индиските песочни сликари. Понекогаш користам четка, но често преферирам директно од конзервата боја. Ми се допаѓа да користам течна боја. Јас исто така користам песок, скршено стакло, камчиња, нокти и слично. Начинот на сликање е природен раст на потребата. Сакам да ги изразам моите чувства наместо да ги илустрирам…“

Акционото сликарство на Џексон Полок е во тоа што повеќето од неговите платна се или поставени на подот или се поставени на ѕид наместо да се фиксирани на класичен триножник. Од таму, Полок го користи стилот во кој ќе овозможи на бојата да капне од конзервата боја. Наместо да користи традиционална четка за боја, тој додава своевидна длабочина на сликите со користење на ножеви или стапчиња. Оваа форма на сликање, може лесно да се поврзе со надреалистичкото движење, со тоа што се детектира директната врска со емоциите, експресијата и расположението на уметникот. Зад секое дело на некој начин се кријат чувствата на уметникот.

Овој метод на сликање е токму она за што се врзува Џексон Полок  тоа е видливо во многу од неговите уметнички дела. Оваа форма на уметност ги избегнува јасните и дистинктивните точки, или било кои препознатливи делови во рамките на платното кое се користи за да се создаде една слика. Дизајните и сликите кои се креирани преку овој стил на сликарството немаат однос со големината на платното. Радикалните методи и растечката репутација на Полок, брзо го привлеко вниманието на јавноста во Америка. Во 1950тите години веќе бил нарекуван „најголемиот жив сликар во Америка“. Списанието Vogue, објавува модни фотографии од Сесил Битон на модели кои позираат пред делата на Полок. Но, во текот на својата кариера Полок нагло го напушта овој стил на сликање, по 1951 година користи потемни бои. Овие слики се наречени „Black pourings“ и кога биле поставени во галерија речиси и не се продавале. Полок го враќа користењето на боја и фигуративни елементи.

Гледан како еден од најважните личности во светот на уметноста, и еден од иноваторите на авангардните стилови кои почнуваат да се појавуваат, до ден денес Џексон Полок е познат како лидер во најважните американски движења во уметноста на XX век. Ризиците и неговите креативни пристапи им овозможува на идните уметници да создаваат со страст отколку да се обидуваат да го следат стилот на ограничувања и упатства. Покрај радикалните слики и драматичната персона на Полок се привлече вниманието на пошироката група апстракни експресионисти вклучувајќи ги Вилем де Кунинг, Аркил Горки, Роберт Мадервел, Барнет Њуман и Марк Ротко.

Тоа што е Вилијам Шекспир за книжевноста, Сигмунд Фројд за психологијата, Џексон Полок е за американската уметност. Полок направи да биде возможно американското сликарство да се натпреварува со европскиот модернизам. Создава една нова скала, нова дефиниција за површина и допир, нова синтакса на односите меѓу просторот, пигментот, работ и цртањето, разместувајќи ги хиерархиите со неверојатно моќна и сложена структура. Тој за време на својот живот бил во сериозен дијалог со историјата на светската уметност, која се движи од палеолитот и индиската уметност па се до ренесансната уметност: Микеланџело, Леондардо да Винчи, Салвадор Дали, Џоан Миро и Макс Ернст.

http://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/06/jacksonpollockblindspots-1024x576.jpghttp://static1.pirej.mk/wp-content/uploads/2017/06/jacksonpollockblindspots-150x150.jpgИрена ТрајковаВизуелноапстракт,историја,сликарство,уметностВлијателен американски сликар, а воедно претставник и водечка сила на апстрактниот експресионизам во светот на уметноста. Големината на Џексон Полок може да се лоцира во развојот на еден од најрадикалните апстрактни стилови во историјата на модерната уметност. Студирал во Њујорк, во почетокот работел во Regionalist стил, и под влијание...Нова мисла на пресушената почва.